Сепак фала ти, но чекам одговор од тие што студираат на факултетов.
Како некој шо студира на факултетов:
Прва година имаш математика само [лесна е, искрено, треба само малку напор да вложиш, а и се препишува доста, ама ќе си го презапишеш ако си бот како мене па да не знаеш да препишуваш (или ако се скараш со демонстраторката хаха :Р)];
Статика прв семестар (треба да знаеш да примениш цели три формули од кои две се само со собирање, а една има дури и множење :О);
Втор семестар јакост на материјалите [далеку позаебано од статика, ама имаш шанси за собирање поени, пошо не ти е се на колоквиуми, имаш 4 тематски вежби кои треба да ги научиш на памет како се решаваат (исто иде и со статика)];
Понатаму имаш дрвени конструкции, бетонски, челични и не знам какви, и за ништо од тоа не ти треба напредно познавање на математика, иако не се лесни предметите.
Понатаму, се студира 10 семестри, односно 5 години, од кои последниот семестар ти е магистратура и си заминуваш од факултетот со титула Магистер инженер архитект, но, колку што знам, не е на исто ниво како на другите факултети (како Master's диплома нешо мислам дека е тоа, демек магистер си, ама не баш). Од друга страна, може така и ни викаат само професорите затоа што во нивно време ти требало многу повеќе за да магистрираш.
За ова кого и да прашаш ќе добиеш различен одговор, тоа можам да ти го потврдам, зашто и јас сум прашувал и другите исто, а сите различни одоговри добиваат од различни луѓе. Дека се студира 5 години сите знаат, некои викаат 4+1, некои 3+2, сите знаат дека без петта година можеш да се вработиш во трафика и да шиткаш весници, иако има легенди за некои што се вработиле во архитектонско биро и им носеле кафе на архитектите:Р
Само една работа, за сите ова: ако не сакате архитектура, ве молам не се запишувајте. Трошите простор и пари само, како многу луѓе што само гледаат да ги завршат обврските без никакво уживање. Трагично е што ќе излезат многу луѓе од овој факултет со иста диплома како некои кои се вистински талентирани, какви што ги има неколку во секоја генерација.
П.С.
Прва година сум само, некој постар може да ти каже за другите години како е.