Собири и протести против СК 2014

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"


  • Вкупно гласачи
    185
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Битушанец многу добро ги разбира архитектонските стилови. Очигледно некои работи не ти се познати тебе.

Во Македонија, од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога македонскиот еснаф зајакнал, побогатите фамилии граделе куќи и други објекти во неокласичен стил, кој бил во тренд тој период. Кај нас неокласичните архитектонски елементи се применуваа и до 1941 г. како некој вид на староградска архитектура. Строгиот центар на старо Скопје, стариот дел на Дебар Маало и Еврејско Маало биле во неокласичен стил. Истото е и со центарот на Битола.

И најновите градби од Скопје2014 се воглавном неокласика, не гледам никаде барокни архитектонски елементи на ниши, вдлабнатини, конкавни и конвексни пластики на зградите и таа карактеристична заобленост на барокот.

За жал Скопје2014 го исполитизира опозицијата и сега некои нивни гласни приврзаници станаа „експерти“ кои дискутираат за “баркониот кич“ (ова не го мислам за тебе и не се однесува на тебе).

Навистина човек нема соговорник со кого би дискутирал на соодветно ниво и во недостаток на аргументи да ми реплицираат, почнаа да ме навредуваат за да го прикријат своето незнаење и исполитизираност. Ако повеќе ми се допаѓа новото Скопје 2014, отколку Скопјето до 2006 г. кога на местото на новите градби беше едно големо валкано јавно отворено ВЦ со изникнати треви и плевел (кој никој не го косеше), некои руинирани гнасни бараки, не значи дека сум ВМРОвец.
Едно прашање само... Дали во 18ти до 1941 како што ти викаш, имало стилоси/столбови како ониеш то денес ги гледаме од другата страна на вардар? Дали постоела триумфална капија слична на онаа што денес ја гледаме кај Плоштад Пела?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Реков јас, Скопје 2014 не е проект за разубавување на градот и привлекување на туристи колку што е обид за лечење на личен комплекс, исфрустрираност и обид за менување на колективната свест. Срамот од минатото под Југославија кој го чувствуваат поединци нема да го уништи ниту барокно фасадирање на приватни куќи по локални скопски населби. Белег на тоа време пак ќе остане народот кој го осиромашија до коска.
Користиш некои празни смешни пропагандни фрази од Бихачка.

Народот осиромаше кога се изврши криминалната приватизација во РМ 1993-1998 г., најкриминална приватизација во светот, со која државниот капитал се искраде и испра во офф-шор банки, а 300.000 вработени останаа на улица, без леб и јадење.Поради таа криминална приватизација Македонија е на ова дереџе оти целиот државен капитал (некои велат 5 милијарди УСД, некои велат дури 12 милијарди УСД) се распрчка и Македонија од сиромашна стана бедна.

Не ми е јасно која колективна свест сака да се промени? Ај те молам пообјасни ми.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Едно прашање само... Дали во 18ти до 1941 како што ти викаш, имало стилоси/столбови како ониеш то денес ги гледаме од другата страна на вардар? Дали постоела триумфална капија слична на онаа што денес ја гледаме кај Плоштад Пела?

И секако, дали само овој беше начинот да се реновира и да се гради нешто во Скопје? Дали само со барокот/рококо/неокласицизмот се начините да се направи тоа? Дали тоа е подобро отколку модерна архитектура, која замисли, го карактеризира денешното време?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.878
Поени од реакции
36.925
Ова не е протест против Скопје 2014...

Каде во проектот во тоа фамозно клипче на јутјуб имаше вклучено барокен ГТЦ или баркона влада или ебате вртелешка?

Ова е нечиј фетиш и испробување колку длабоко скопјанчето може да го голтне.

Делава кои го красат Скопје скоро никогаш не ги дискутирам вака јавно туку со поблиски и пријатели. Едноставно немам нерви да се расправам со секого ( а богами ги има секакви на белиов ни свет)

Незнам зашто али со ГТЦ ми дојде веќе преку глава... што е будала работа е... барокен трговски со барокни згради е улава работа а богами и навреда...

ГТЦ отсекогаш ми бил како модерна чаршија, буквално од секоја страна можеш да влезеш.. да си се прошеташ ко низ улица, затоа и ми бил толку специфичен. Сеа ќе го праеле полузатворен па 30 јонски-дорски столбови па фигури и уште со перика да се шеташ внатре...

Колку што сум и запознаен ГТЦ е проектиран од архитект легенда во мак. архитектура... па тука и малце почит треба. Еве земи напрај нов од корен... нека личи и на Партенонот од Атина... али вака да земеш да менуваш нешто праено е во најмала рака безобразлук и дрскост.

Земи искречи го среди го плочки смени му... не да го праиш ко мавзолејот на Хабзбурзите во Виена...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Користиш некои празни смешни пропагандни фрази од Бихачка.
А што можам, школа мора да се поштува (y)
И не е Бихачка, Павел Шатев е!

Може да се каже дека е исто..историјата се повторува.Тоа што се правело пред 50 год. се повторува и денес.
Значи тука можеме да се согласиме дека во иднина и на ова ќе се суди. Се надевам само дека нема да се чекаат повторно 50 години.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Битушанец многу добро ги разбира архитектонските стилови. Очигледно некои работи не ти се познати тебе.

Во Македонија, од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога македонскиот еснаф зајакнал, побогатите фамилии граделе куќи и други објекти во неокласичен стил, кој бил во тренд тој период. Кај нас неокласичните архитектонски елементи се применуваа и до 1941 г. како некој вид на староградска архитектура. Строгиот центар на старо Скопје, стариот дел на Дебар Маало и Еврејско Маало биле во неокласичен стил. Истото е и со центарот на Битола.

И најновите градби од Скопје2014 се воглавном неокласика, не гледам никаде барокни архитектонски елементи на ниши, вдлабнатини, конкавни и конвексни пластики на зградите и таа карактеристична заобленост на барокот.

За жал Скопје2014 го исполитизира опозицијата и сега некои нивни гласни приврзаници станаа „експерти“ кои дискутираат за “баркониот кич“ (ова не го мислам за тебе и не се однесува на тебе).

Навистина човек нема соговорник со кого би дискутирал на соодветно ниво и во недостаток на аргументи да ми реплицираат, почнаа да ме навредуваат за да го прикријат своето незнаење и исполитизираност. Ако повеќе ми се допаѓа новото Скопје 2014, отколку Скопјето до 2006 г. кога на местото на новите градби беше едно големо валкано јавно отворено ВЦ со изникнати треви и плевел (кој никој не го косеше), некои руинирани гнасни бараки, не значи дека сум ВМРОвец.
Ете, ти напишаа веќе, едноставно ова со бароков ги надмина сите граници.И да биле градени некои куќи во неокласичен стил во ред, нека се реновираат, дури и самиот си напиша дека такви куќи имале само побогатите фамилии и таквите фамилии биле ептен ретки во Македонија која отсекогаш била сиромашна и се потпирала во генерала само на земјоделието во тие периоди па и Балканските војни, ама Владата на Република Македонија, Триумфалната порта, и ред други работи тоа не.Па и Собранието, Жена-парк мислам дај.Филип Втори кај Камени Мост? Александар Македонски во центарот на градот.Ма да ајде, Александар Македонски во центарот на градот некако ќе се прифати, ајде. подобро тоа, отколку трева тука да има.
До Камени Мост (на самиот плоштад) стоеле два споменика ама тие не биле на наши револуционери. ;-) Да не треба сега да го вратиме таму Караѓорѓевиќ и другарчето негово??? Зошто ако планираме да го реконструираме Скопје според моделот на минатото тогаш треба таму да стои овој.Лавовите што се на мостовите знаеш дека биле поставени таму за првпат за време на бугарската окупација, откако бил пратен Караѓорѓевиќ и другар му да се стопат?Тоа е македонска работа?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Едно прашање само... Дали во 18ти до 1941 како што ти викаш, имало стилоси/столбови како ониеш то денес ги гледаме од другата страна на вардар? Дали постоела триумфална капија слична на онаа што денес ја гледаме кај Плоштад Пела?
Не знам оние класични стилоси во парк, остатоци од женската гимназија и учителската школа кај општината Центар што се! Ене ти го обновен стариот театар. Ене ти ги Пионерскиот дом Карпош кој е изграден пред 100 години. Да не зборам за Сарајот во Ресен. После ќе збориме дека власта измислува топла вода. Не, само се враќа она што беше срушено во Скопје 1963 г. и намерно необновено, туку Скопје се понижуваше со изградба на дрвени привремени бараки кои да не беше оваа власт и сега ќе го красеа Скопје. Јас искрено не мислам да протестирам за враќање на бараките од “модерната“ како карактеристика на Скопје. Јас имам разум и знам да разликувам што е подобро од она што било многу лошо до 2006 г., иако многу работи и сега не се добри.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Реков јас, Скопје 2014 не е проект за разубавување на градот и привлекување на туристи колку што е обид за лечење на личен комплекс, исфрустрираност и обид за менување на колективната свест.
Ти текнува на оние патикине што светкаа коа газиш и беа хит порано?
Напнувањето со барокни градби во 2013 година мене ме потсетува на триесетгодишен човек, кој исфрустриран од фактот што неговите не му купиле патики што светкаат кога бил дете и кога тие биле во тренд, си ги купил и си ги носи сега, на негови 30 години. Воопшто не му стојат, ниту му личат на годините, ниту му одговараат со гардеробата, изгледа смешно и сите му се потсмеваат, али битно е дека човекот си ја пополнува празнината од детството. Исто како што овие си ја пополнуваат празнината од минатото со сите тие смешни барокни градби.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.418
Поени од реакции
8.542
Абе нели политика беше забрането на форумот :confused: инаку очи нека вадат и едните партиски пиуни и другите ама овие шо ја претераа ја претераа нема смила ова поќе вистина дека требаше да се среди центарот на Скопје ама е претеризам поќе на ништо не личи се пренатрупано и во најмала рака е невкусно дволоно ќе беше само споменикот на аце и крај на приказната ете и таа портата нека беше ќе беше убо ама ова со спомениците и мостовите на сто метра па фасади и врв ќе биди со сплавовите-бродовите ...
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Навистина човек нема соговорник со кого би дискутирал на соодветно ниво и во недостаток на аргументи да ми реплицираат, почнаа да ме навредуваат за да го прикријат своето незнаење и исполитизираност. Ако повеќе ми се допаѓа новото Скопје 2014, отколку Скопјето до 2006 г. кога на местото на новите градби беше едно големо валкано јавно отворено ВЦ со изникнати треви и плевел (кој никој не го косеше), некои руинирани гнасни бараки, не значи дека сум ВМРОвец.
Немало соговорник..........кај живееш ти бе дечко?
Кој кого прашал како треба да се гради? Имало ли конкурс нормален? Имало ли конкурс во кој се потенцира тоа анахроно обликување на фасади (не е тоа барок, не тресете сите!) на планетава Земја, освен овде? Па ни мање ни више- ништо друго не е битно, туку објектот да има облик на торта........Има ли земја на светот каде преку тендер се избира решение за обликување на еден објект од јавен карактер? Каков соговорник бараш ти? Добива политичка шлаканица у сред центар на сред Скопје и срља и понатаму против вољата на луѓето што одбрале да ги отфрлат говната што им се сервирани и претходно без нивни избор......за какви „соговорници“ кукаш сега? Каде е мојата исполитизираност? Како архитект, проектант ти пишувам, чија кариера и град се посрани во последниве 6-7 години.....
Иди со мали деца вакви муабети да тераш....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Не знам оние класични стилоси во парк, остатоци од женската гимназија и учителската школа кај општината Центар што се! Ене ти го обновен стариот театар. Ене ти ги Пионерскиот дом Карпош кој е изграден пред 100 години. Да не зборам за Сарајот во Ресен. После ќе збориме дека власта измислува топла вода. Не, само се враќа она што беше срушено во Скопје 1963 г. и намерно необновено, туку Скопје се понижуваше со изградба на дрвени привремени бараки кои да не беше оваа власт и сега ќе го красеа Скопје. Јас искрено не мислам да протестирам за враќање на бараките од “модерната“ како карактеристика на Скопје. Јас имам разум и знам да разликувам што е подобро од она што било многу лошо до 2006 г., иако многу работи и сега не се добри.
Озбилно ги споредуваш тие столбчиња со оние столбишта со сета своја гломазност од другата страна на Вардар? Ама најозбилно???

А за триумфалната капија?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Нешо кај мене во WC плочките како да се стари. Ќе го правам сеа античка бања!
На Милениумскиот крст се расипала сијалица. Нова барокна фасада!
Ова саатов на Старава железничка расипан а? Време е за нова фасада!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom