Битушанец многу добро ги разбира архитектонските стилови. Очигледно некои работи не ти се познати тебе.
Во Македонија, од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога македонскиот еснаф зајакнал, побогатите фамилии граделе куќи и други објекти во неокласичен стил, кој бил во тренд тој период. Кај нас неокласичните архитектонски елементи се применуваа и до 1941 г. како некој вид на староградска архитектура. Строгиот центар на старо Скопје, стариот дел на Дебар Маало и Еврејско Маало биле во неокласичен стил. Истото е и со центарот на Битола.
И најновите градби од Скопје2014 се воглавном неокласика, не гледам никаде барокни архитектонски елементи на ниши, вдлабнатини, конкавни и конвексни пластики на зградите и таа карактеристична заобленост на барокот.
За жал Скопје2014 го исполитизира опозицијата и сега некои нивни гласни приврзаници станаа „експерти“ кои дискутираат за “баркониот кич“ (ова не го мислам за тебе и не се однесува на тебе).
Навистина човек нема соговорник со кого би дискутирал на соодветно ниво и во недостаток на аргументи да ми реплицираат, почнаа да ме навредуваат за да го прикријат своето незнаење и исполитизираност. Ако повеќе ми се допаѓа новото Скопје 2014, отколку Скопјето до 2006 г. кога на местото на новите градби беше едно големо валкано јавно отворено ВЦ со изникнати треви и плевел (кој никој не го косеше), некои руинирани гнасни бараки, не значи дека сум ВМРОвец.