Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.846
- Поени од реакции
- 23.247
Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, оти кај нас е проблем дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во обраќањето на панел дискусијата посветена на начините како да се намали младинската невработеност во Европа, што ја организираат Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Австрискиот економски центар од Виена, во рамки на проектот „2013 Free Market Road Show“.
- Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места. Јас не велам дека секој треба да прифати да биде работно ангажиран на несоодветни работни места, но очекувам многу поголема активација, пред сè, кај младите, во борбата за добивање на што подобро и поквалитетно работно место - рече Ристовски.
Од друга страна, пак, според него, државата и натаму мора да вложува напори да создаде услови да се креираат многу повеќе работни места и тоа го прави.
- Треба да има заеднички пристап во решавањето на проблемот. Државата и приватниот сектор треба да нудат соодветни работни места, а младите да пројавуваат поголема активност - рече Ристовски.
И директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, се согласува дека на голем дел од невработените, меѓу кои и на младите, им недостига амбиција и самоиницијативност.
- Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавачите - рече Поповски.
Тој им препорачана младите кои имаат високо образование, а се невработени, да прифаќаат да работат што и да е.
- Препорачуваме секогаш да не гледаат она што го завршиле, туку да почнеме од таму како има слободни работни места, а потоа да бараат работа согласно своето образование - рече Поповски.
Од вкупниот број невработени, околу 22 отсто се со средно образование, од кои 30 проценти се млади луѓе.

Браво министре, така ами како. Работа има, ама младите не сакаат да работат!
