Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
:D
Така се прави и статистиката, произволно избран примерок одгавара на прашања во одреден процент и носат заклучок. На прашањето утре за кого би гласале, одбираат случаен примерок од 100 телефонски броеви се јавуваат и добиваат резултат. Тие 100 души се сликата која подоцна ти ја претставуваат.
Исто и овде, ќе прашаш десет жени и десет мажи и ќе добиеш заклучок. Она што е интересно жените кои трчаат по пари и кои не би работеле ништо ги нема. Или се производ на фантазијата на мажите поради неможноста да се справат со реалната финансиска ситуација или постојат со траг во проценти од 0,1% :)

Исто како што на форумов нема партиски определени, нема наркомани, нема невработени, ... нема што трчаат по пари и нема што не гледаат прво карактер, па тек после.

Ако вадиме репрезентативен примерок од Форуми, ја ебавме работата.
Знам како функционира и како се прави статистички приказ и наод, ама не од форуми со пресликано его.
 
1. Да, за мене ова е и една од најбитните работи во бракот. Сакам мајката да се грижи за децата а не бебистерки или трети личности. Сакам да се посвети на здрава исхрана, едукација и нега на цела фамилија. За мене тоа е побитно него нејзината плата.

2. Не. Нема потреба. Ако сака нешто од дома да работи или неколку саати колку да биде уз луге е ок. Нема да има потреба да заработува, ќе има пристап на фамилјарната сметка и кредитни картици и слично.

4. Да.
 
Затоа и стои зборот само „Не дека се они само криви, таква ни е економијата и државата.“ Многу добро знам колку работиме ние и колку сработуваме. Не сме за џабе у гомна. И многу добро гледам како денешниве мажи можат да издржуваат самостојно фамилија и кој е столб и бандера.
Имам чувство во земјава дека се е само на уста, ова ќе правиме, она ќе правиме, вака ќе заработиме, онака. Ни една идеја ја немаат уточено и реализирано. Исто и за излагање од државата. Абе јас ако решам да се иселам и да најдам работа, абе ако треба нема да заспијам ама ќе најдам и ќе заминам. Не чекам од никој да ми помогне, сама можам апсолутно се.
Цело време се кука нема работа, ја викаш да дојде цел ден игра игри на фб. Е оти бе дете нема резултати? Ми вика не сум јас крива, таква ни е економијата :) И како да не ја шутнеш и вечно да остане без работа. Овде сите „работат“ ама пусто никако да сработат како шо треба. Затоа и се слагам со лазар на темава, абе ако ми плаче дете за леб, не оти сум жена, абе од 5 сабајле до 8 вечер ќе ринтам како коњ, за тоа дете да има се што ќе посака. А не легнале како волови (жени крави) и кукаат по цел ден. Или не и давал да работи оти ја гледале муштериите, а он нема сол во очи да си фрли, важно она дома да седела да не му ја изеде некој. Толку сме заостанати во мозокот на овој пеколен Балкан, што некогаш се прашувам што ксмет имав бе овде да се родам, меѓу ваква народија пародија.
Во што сме заостанати на Балканот ако можеш да ми објасниш: Цело време го слушам тоа сме “заостанати“, а никој да каже во што сме заостанати?
 
Во што сме заостанати на Балканот ако можеш да ми објасниш: Цело време го слушам тоа сме “заостанати“, а никој да каже во што сме заостанати?

Буквално се... Кога на запад градеа облакодери ние дизајниравме црешово топче. Enough said
 
Исто како што на форумов нема партиски определени, нема наркомани, нема невработени, ... нема што трчаат по пари и нема што не гледаат прво карактер, па тек после.

Ако вадиме репрезентативен примерок од Форуми, ја ебавме работата.
Знам како функционира и како се прави статистички приказ и наод, ама не од форуми со пресликано его.
Браво друже, тука сите на форумот никогаш не погрешиле, никогаш не озборуваат, одвратни им биле луѓе што озборуваат, не се интересирале за туѓите животи, секогаш гледаат прво карактер, а после изглед, секогаш тие се жртви во друшството, не љубоморат, секогаш се позитивни, големи другари, секој втор муабет им е “немаме леб да јадеме“, девојките тука на форумот не трчаат по пари и нив само карактер ги интересира, машките пола девојки во Бугарија и Грција ги сексале. Сите се движат и пишуваат под одредена иста матрица.
 
Колку што жената може да потроши мажот во македонија не може да заработи, најчесто... :sneaky:
 
Фактички кажуваш дека имаш предрасуди за способностите на мажите и мислиш дека некои работи тие не ги прават толку добро како тебе.
Да го кажев ова за жените, да кажев дека за некои работи не ве бива и ако сакаш таа работа да биде завршена како што треба ќе треба да пратиш машко, ќе ми сконеа сите дека сум невиден шовинист, сексисти и женомразец.

Јас тврдам дека нема работа што жена може да ја заврши што маж не може, и обратно. Тоа вклучува перење, пеглање, миење садови, готвење... СЕ!
А бе ке ги направите, ама не така добро како нас. Ние жените многу ситничариме и загледуваме на ситници. Еве ти неколку примери:
Алиштата нема да бидат испеглани како што треба, нема да бидат здиплени до совршенство, за да не се изгужваат и оп после за џабе пеглање.
Шпоретот после готвење ќе биде само пребришан, а не исчистен.
Прашината кога се бриши, се помрднуваат сите предмети, не само врз нив и околу нив да поминете.
И уште еден куп вакви работи кои на жените им сметаат, а на вие мажите воопшто не ги ни приметувате...

Јас немам предрасуди кон способностите на мажите, воопшто. Не ми го вади од контекст муабетот. Јас реков дека можам да правам исто така работи толку добро колку секој маж, а некои работи и подобро. И никаде не реков дека не ве бива.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 16:01 ---
Ова со еднаквоста на половите, колку почесто го слушам, толку почудно ми станува :cautious:, во што се мажите и жените еднакви? Зошто неприродно се форсира еднаквост кога ја нема? Секој може да види дека не сме еднакви, различни сме!
Зошто не би можел мажот да биде столб на семејството и да го издржува?
Еднаквоста се однесува на права, обврски и можности.
Не знам дали си чул за тоа, Различни ама еднакви...
Не знам дали може или не може, ама носењето пари дома, за мене не е столб. Столб за мене е заедничкото носење на одлуки меѓу двајцата сопружници. Од тоа поцврст столб нема.
 
Кај нас за 90% од народов не е изводливо само еден да работи
А во случај кога би било изводливо маж ми да работи јас, јас би ја оставила работата за подоцна. Сакам да ги претворам ќеркиве во способни ѕверки што ќе го испревртат светов наопаку.

И не одам на работа. Од дома работам, во слободно време им зборвам на англиски, ги учам се и сешто... Гуглам на сите теми. Вадам од сите искуства. Ги подбоцнувам да видат што е некој спорт или книга да видам што ќе ги влече. Пропратно знам што им се јаде на сите, која им е омилена облека, која ситница каде се крие по дома. Големата вика мамо од каде ти знаеш се? А не знае дека врска си немам само сакам да ја направам да не биде како мене... Утка.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 16:16 ---
Кога почнав да пишам не сакав да ви кажам за мене, сакав да ви кажам традиционално семејство во модерни услови: Братот/ мажот работат за дома да има се, сестрата/жената се грижат дома да е се во ред. Машките се грижат покрај основните услови девојките да имаат шопинг козметичар или барем нешто ново од време на време. Женските разбираат колкава мака поминува тој за тоа и затоа го почитуваат.
Ако таа сака да работи или да студира, тој не и забранува --- ама често гледа на нејзината плата како на смешка од типот „сестра ми сакала да работи - глупост, ај нека си купи сама шминки“, и не ја калкулира нејзината плата за сметки

Вакво семејство имам видено - им се восхитував :)
 
Во што сме заостанати на Балканот ако можеш да ми објасниш: Цело време го слушам тоа сме “заостанати“, а никој да каже во што сме заостанати?
Во мозокот на пример, закочен ни е, лежи лебу да те јадам. А ти што рече како ја гледаш жената, не еднакво, не пониско туку?
--- надополнето: 18 мај 2013 во 17:33 ---
Исто како што на форумов нема партиски определени, нема наркомани, нема невработени, ... нема што трчаат по пари и нема што не гледаат прво карактер, па тек после.

Ако вадиме репрезентативен примерок од Форуми, ја ебавме работата.
Знам како функционира и како се прави статистички приказ и наод, ама не од форуми со пресликано его.
Интересно, туку од? :)
 
1.Никако, мене работата ме исполнува, ме прави да се чуствувам своја и независна, а не можам ни да замислам да барам пари од маж ми. Ако имаме доволно средства ок тогаш ќе можам од мои пари на луксуз да си удрам :LOL:, јас да си ги печалам, јас да си ги трошам o_O, а ако не со задовлство ќе придонесувам во заедницата, се додека оваа глава знае и овие раце можат ;).

3. Домот и децата не се обврска само на жената. На децата им требаат и татко и мајка за воспитување и здраво ментално растење. Секако дека жената ги завршува поголемиот дел од домаќинските обврски, ама не мора да се откаже од својата кариера ( што ја прави среќна и задоволна ) заради гледање на домот. Па што ќе му фали на мажот да помогне околу ручекот, или перењето алишта? Зар неможе да научи?
Серазбира доколку мора, би работела со пола работно време или би паузирала со работа на некоја година, но во никој случај нема да се одкажам од кариерата за да бидам само домаќинка.
 
Свака част, повеќе како тебе треба да има.

p.c. Што се случи со втората точка? :icon_lol:
 
3. На децата им требаат и татко и мајка за воспитување и здраво ментално растење.

И така сите самохрани родители може да се откажат, зошто имаат ментално нездрави деца. Шо убаво размислување за млад човек. :)
 
А бе ке ги направите, ама не така добро како нас. Ние жените многу ситничариме и загледуваме на ситници. Еве ти неколку примери:
Алиштата нема да бидат испеглани како што треба, нема да бидат здиплени до совршенство, за да не се изгужваат и оп после за џабе пеглање.
Шпоретот после готвење ќе биде само пребришан, а не исчистен.
Прашината кога се бриши, се помрднуваат сите предмети, не само врз нив и околу нив да поминете.
И уште еден куп вакви работи кои на жените им сметаат, а на вие мажите воопшто не ги ни приметувате...

Јас немам предрасуди кон способностите на мажите, воопшто. Не ми го вади од контекст муабетот. Јас реков дека можам да правам исто така работи толку добро колку секој маж, а некои работи и подобро. И никаде не реков дека не ве бива.
Во суштина кажуваш дека си сексист, дека не веруваш дека мажите и жените се еднакво способни, односно мислиш дека жените се поспособни. Веруваш во gender roles и слични срања....
 
Во суштина кажуваш дека си сексист, дека не веруваш дека мажите и жените се еднакво способни, односно мислиш дека жените се поспособни. Веруваш во gender roles и слични срања....

Убаво ти вика. За некој работи жените се подобри од нас, за некој ние сме од нив. Колку сакаш ти глуми подобар родител од жената да ти јасно секое дете си бара МАМА. Нема ништо лошо во тоа. Исто ко што нема ништо лошо со тоа да се подеталат работите на машки и женски зависно кој подобро ги извршува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom