Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Како маж не смееш да си дозволиш тие 10 000 да ти се целиот приход. Со тие пари неможеш никако да опстанеш. Нама математика со тие пари физички да опстанеш. Тука нема многу да ти помогнат и уште 10 000 од сопругата. Мораш да работиш и нешто друго и да бараш друга работа, несмееш да бираш, ако треба и полжави ке збираш ама дома мора да имаш се што треба.
Ти изгледа си имаш добро платена работа шом вака мудро делиш совети!:cautious:
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Мене поважно ми е децата кои ќе ги имам еден ден, да ми бидат воспитани, културни, скромни и да знаат дека секогаш ама баш секогаш, ќе има некој за нив тука во секое време. За тоа бирам да седам дома, отколку да имам кариера, а деца идиоти. Поготово оти знам колку денес има распиздени деца, кои имаат „кариерни“ мајки. Ми се иде таквите родители да ги зашлапам, да не знаат кај да се свртат.
А посебно па у Македонијава една кариера што можеш да имаш, драпај си го меот. Ако немаш партиска книшка друже или тато не е некој бизнисмен со брдо пари, кариера само во сон.

Не реков дека одењето на работа не е стресно. Стресно е и тоа многу. Знак како е и сум работела доста стресна работа, па може и за тоа бирам полесно да ми биде. Нели секогаш го бираме полесниот начин.

Да, работата по дома не е така тешка како у времето на баба ми, ама е еднолична и некреативна. За тоа и реков предходно, со времето кое ќе го имам на располагање ќе правам работи кои сакам да ги правам, кои ќе ме исполнуват, оти сигурно перење и пеглање нема да ме исполнува на духовен план.
И по дома секогаш има работа друже, тоа е неоспорен факт. Бар за нас жените, на кои ни сметаат еден куп мали ситници, ако не се наместо. За вас мажите е полесно. И два дена да не се измиени садовите, немате гајле. Ова мора да си го признаеш дека е така. Има исклучоци и кај вас, мада многу, многу ретки се, со боринка треба да ги бараш.

А бе и леб ќе месам ако треба, се само фамилијата да ми биде здрава.
А барам рамноправност, оти обврските околу домот и генерално околу децата ќе си ги превземам јас. Не знам баш дали е полесно да одиш и да работиш, од колку да ги изведеш сопствените деца на прав пат во нивниот живот. Заработката/незаработката на финансии не ме праве помалку вредна од мажот ми, само поради тоа што тој носи пари дома. Товарот за заработката ќе биде на негов грб, ама водењето на домаќинството, грижата за фамилијата и воспитувањето на децата генерално ќе биде на мој грб. А тоа и не е така лесна работа како што изгледа дека е.
„Tоварот за заработката ќе биде на негов грб, ама водењето на домаќинството, грижата за фамилијата ивоспитувањето на децата генерално ќе биде на мој грб.“
Хаха... Значи, во право испадна Rocknrolla во првиот пост, стварно сакате да се вратите назад во времето кога мажите оделе и заработувале, а жените седеле дома со децата и се грижеле за семејството. Епа, од мене и од секој модерен маж имаш едно гласно и јасно НЕ за таа идеја.

Како прво, сите сакаме добро воспитани деца. Зар мислиш дека едниствениот начин е ти да останеш дома додека твојот партнер ќе оди на работа? Секако дека тоа не е единствениот начин. Ако е потребно еден да остане дома, што всушност не е, еве јас би останал дома, нема проблем. Јас не патам од синдромот „што ќе речат комшиите“. Ич не ми е гајле. Јас си го ставам моето семејство пред се, исто како тебе. Ќе одиш ти на работа? Некој ќе треба пари да ни донесе.
Како викаш ти, „Нели секогаш го бираме полесниот начин“. Еве и јас ќе го бирам полесниот начин.

Очигледно не можеме, не можеме да си го дозволиме тој луксуз да го одбереме полесниот начин.

Заработката/незаработката на финансии не ме праве помалку вредна од мажот ми, само поради тоа што тој носи пари дома.
Не те прави помалку вредна, но твојот труд често вреди помалку и е полесен. Зар ќе ја спориш оваа очигледна вистина?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Што е тоа кариера објасни ми го?
И покрај таа борба за “еднаквост“ и труло наметнување на нешто неприродно како “еднаквост“ на полови скоро сите жени сакаат и бараат високи, крупни, маженствени мажи со авторитет врз неа коишто ќе бидат нејзин чувар, заштитник во животот.

Јас сум против секаков вид на шовинизам на чесна, мирна, спокојна, вредна, традиционална и лојална жена којашто утре треба да е столб и пример на нашите деца, али страшно ми е одвратно тоа наметнува на “домаќинка“ како нешто понизно, робовски и одземањето на улогата мајка, воспитувач на нашите деца. Мајчинството и децата е најголем благодет на овој свет, затоа што од мајките зависи иднината на овој свет. Тие го репродуцираат, тие ги ставаат темелите на овој свет. Тоа е исто така подеднакво важна улога на природата којашто и е природна и нормална.Јас на овие денешни “еманципирани“ и “ модерни“ жени не би им дал ни џукела да чуваат дома, а не деца. Затоа и имаме таква девијантна и перверзна младина којашто од генерација во генерација е се полоша и полоша.
Кариера, бар јас како што го разбирам, е да бидеш успешен на полето на кое што работиш.
Еве ти и дефиниција
An occupation undertaken for a significant period of a person's life and with opportunities for progress.

Борбата за еднаквост мора да постое, бидејќи ние сме биле гледани како пол од понизок ранк, многу долго време. За да не се вратиме назад во минатото, мора да постое еднаквоста меѓу половите. Нормално, еднаквоста се однесува на права, обврски и можности, не на еднакви способности. Секој пол си има свои различни способности, па и секој човек како индивидуа си има различни способности.
Нема ништо не природно во таквата еднаквост. Јас сум човек, ти си човек, и двајцата сме создадени од природа. Разликата е што јас сум жена и имам различни способности од тебе како маж.

Да, се согласувам дека мајчинството и децата се најголем благодет кој постое. И да, жената е столбот на едно семејство.
Јас лично не гледам дека ако седам дома и се грижам за мојата фамилија, дека тоа е понизно, робовско. Тоа така се разбира поради минатото, во кое жените сите биле домаќинки и требало како такви да бидат понизни спрема мажот. Затоа и денес кога некоја ќе каже дека седи дома, ја гледаат на подолно скалило „кариеристките“.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Не те прави помалку вредна, но твојот труд често вреди помалку и е полесен. Зар ќе ја спориш оваа очигледна вистина?
Еден предлог, чисто колку да се види и другата страна на вистината околу вредноста и леснотијата. Претпоставувам дека немаш деца, па затоа би ти предложила да земеш две дечиња на "заем" и да ги чуваш еден месец. Притоа, да готвиш за сите вас тројца, да ги переш, пеглаш, да ги играш, да ги воспитуваш, да пишуваш домашни со нив, да ги смируваш кога збеснуваат, да ги шеташ, а како плус и да подзачистуваш низ куќи. И сето ова да го правиш без помош од жена, мајка, татко, комшии, пријатели и слично. За финансии не се грижи, што треба, ќе добиеш (освен куќна помошничка;)). Сериозно, ме интересира после тој еден месец како ќе гледаш на леснотијата и вредноста на домашниот труд.

Околу темата, би напишала мое мислење, ама искрено немам желба и не сакам. Некако во последно време просто сум згрозена од некои машки ставови (не се однесува на цитираниот член), што се прашувам дали форумов се наполнил со малолетници по матичен број или со малолетници по ментален склоп. :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.675
Ти изгледа си имаш добро платена работа шом вака мудро делиш совети!:cautious:
Имам, не се жалам. Ама не од секогаш. Сум работел јас многу и многу. Никогаш не сум легачел и не сум кукал на државата. И сеуште многу работам.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
„Tоварот за заработката ќе биде на негов грб, ама водењето на домаќинството, грижата за фамилијата ивоспитувањето на децата генерално ќе биде на мој грб.“
Хаха... Значи, во право испадна Rocknrolla во првиот пост, стварно сакате да се вратите назад во времето кога мажите оделе и заработувале, а жените седеле дома со децата и се грижеле за семејството. Епа, од мене и од секој модерен маж имаш едно гласно и јасно НЕ за таа идеја.

Како прво, сите сакаме добро воспитани деца. Зар мислиш дека едниствениот начин е ти да останеш дома додека твојот партнер ќе оди на работа? Секако дека тоа не е единствениот начин. Ако е потребно еден да остане дома, што всушност не е, еве јас би останал дома, нема проблем. Јас не патам од синдромот „што ќе речат комшиите“. Ич не ми е гајле. Јас си го ставам моето семејство пред се, исто како тебе. Ќе одиш ти на работа? Некој ќе треба пари да ни донесе.
Како викаш ти, „Нели секогаш го бираме полесниот начин“. Еве и јас ќе го бирам полесниот начин.

Очигледно не можеме, не можеме да си го дозволиме тој луксуз да го одбереме полесниот начин.


Не те прави помалку вредна, но твојот труд често вреди помалку и е полесен. Зар ќе ја спориш оваа очигледна вистина?
Не сакам да се вратам назад, во никој случај. Сакам да имам здрава и нормална фамилија.
А не знам баш дали секој „модерен“ маж би се согласил со тебе.

Па и јас тоа го викам. Ако он се согласе да седе дома и да ги извршува обврските како што јас би ги извршувала, нема проблем, ќе одам и ќе работам. И ќе носам пари. Не е проблем. Проблем е што знам дека истите работи, кои јас можам да ги правам подобро од него, нема да бидат направени на истиот начин и од него. И на крај пак товарот на мој грб, а мажот ми као демек дома седе и гледа фамилија. А бе ајде.

Знам дека во проклетово државиче не можеме да си дозволиме такви луксузи. Затоа и најверојатно кога еден ден ќе имам фамилија, ќе работиме и двајцата. Оти мораме да преживееме. Муабетов е што би било, кога би било... Кога не би била приморана да работам за да преживеам, туку сама да одлучам што да ми биде приоритет во животот. И тоа секако во некој таков идеален свет би ми била фамилијата и децата пред се друго...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Кариера, бар јас како што го разбирам, е да бидеш успешен на полето на кое што работиш.
Еве ти и дефиниција
An occupation undertaken for a significant period of a person's life and with opportunities for progress.

Борбата за еднаквост мора да постое, бидејќи ние сме биле гледани како пол од понизок ранк, многу долго време. За да не се вратиме назад во минатото, мора да постое еднаквоста меѓу половите. Нормално, еднаквоста се однесува на права, обврски и можности, не на еднакви способности. Секој пол си има свои различни способности, па и секој човек како индивидуа си има различни способности.
Нема ништо не природно во таквата еднаквост. Јас сум човек, ти си човек, и двајцата сме создадени од природа. Разликата е што јас сум жена и имам различни способности од тебе како маж.

Да, се согласувам дека мајчинството и децата се најголем благодет кој постое. И да, жената е столбот на едно семејство.
Јас лично не гледам дека ако седам дома и се грижам за мојата фамилија, дека тоа е понизно, робовско. Тоа така се разбира поради минатото, во кое жените сите биле домаќинки и требало како такви да бидат понизни спрема мажот. Затоа и денес кога некоја ќе каже дека седи дома, ја гледаат на подолно скалило „кариеристките“.
Дали таа што работи во конфекција, во книжара, сендвирача, во бутик има кариера? Многу ми се одвратни тие хипстерски термини “кариера“.

Јас воопшто не ја гледам и не ја доживувам жената како понизок пол, ама воопшто и не ја доживувам како еднаква. Со самото тоа што ние сме физички, а и во голема мерка психички различни од жените ние не сме ни воопшто еднакви. За каква еднаквост тогаш зборуваме? Мажите имаат една улога во природата, а жените имаат друга улога во природата. Тие улоги се подеднакво важни.Штом тој ланец на природата се прекине следува деструкција и уништување на цивилизацијата.Неможеш ти од жени да правиш мажи, а од мажи да правиш жени.


Како мислиш порано жените биле понизни? Можеби населението било послабо образовано, но не и понизни. Јас знам многу брачни парови постари Македонци од времето на баба ми и дедо ми коишто имале совршен брак полн со љубов, деца, разбирање и почитување. Знам и еден дедо што се отру, бидејќи неможе да издржи без жена му којашто починала неколку месеци порано. Ние сме и сеуште нормални како Македонци благодарение на нашите баби и дедови и нивните вредности. Постарите генерации имаа почитување кон авторитет и родители, а денес овие генерации ги тепаат и плукаат родителите, се дрогираат, алкохолизираат и се останато.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Имам, не се жалам. Ама не од секогаш. Сум работел јас многу и многу. Никогаш не сум легачел и не сум кукал на државата. И сеуште многу работам.
Јас не кукам на државата туку ја критикувам апатијата во која е западнат работникот и неможноста да се избори за своите права.Државата на никого не му забранува да излези на мирен протест и да си ги бара своите права.Значи проблемот е во нашиот менталитет.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Еден предлог, чисто колку да се види и другата страна на вистината околу вредноста и леснотијата. Претпоставувам дека немаш деца, па затоа би ти предложила да земеш две дечиња на "заем" и да ги чуваш еден месец. Притоа, да готвиш за сите вас тројца, да ги переш, пеглаш, да ги играш, да ги воспитуваш, да пишуваш домашни со нив, да ги смируваш кога збеснуваат, да ги шеташ, а како плус и да подзачистуваш низ куќи. И сето ова да го правиш без помош од жена, мајка, татко, комшии, пријатели и слично. За финансии не се грижи, што треба, ќе добиеш (освен куќна помошничка;)). Сериозно, ме интересира после тој еден месец како ќе гледаш на леснотијата и вредноста на домашниот труд.

Околу темата, би напишала мое мислење, ама искрено немам желба и не сакам. Некако во последно време просто ми се згрозува од некои машки ставови на форумов (не се однесува на цитираниот член), што се прашувам дали форумов се наполнил со малолетници по матичен број или со малолетници по ментален склоп. :)
Ќе ти биде полесно зошто на крајот на краиштата тоа се твоите деца и тоа е твојата куќа. Во одредена мера се што правиш го правиш со мерак и со љубов. За разлика од работата за пари што се работи за пари.
Но, тоа воопшто не е подобрата опција во случајот. Подобро е и жената да работи, по можност да има завршено добар факултет и да заработува добри пари, баш кариеристка да биде. Зашто ќе речеш. Целата работа што се работи низ дома може да се плати со пари. Целата!
Стварта е што жените, баш како што кажа членката што ја отвори темата сакаат да останат дома зошто така им е подобро. Дали е тоа зошто да се работи за некој друг е стресно, дали зашто осеќаат дека имаат предиспозиција да бидат домаќинки и негувателки... не знам. Не им е битно што е подобро, битно им е тие да бидат на местото каде што ним им е згодно.

И дај баш кажи што те згрози, кој те згрози...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сам маж во нашава земја да издржува семејство е многу тешко и ако само едниот работи тогаш семејството ќе има мизерен живот.
Плус женатата што ќе се научи да легачи и само да бара пари за шминки,третмани и такви работи па после иди најди и го крајот.

Исто така жената што ќе се одлучи да живее од парите на мажот и да не работи е глупа жена затоа што по 15тина години од бракот кога таа ќе има близу 40 и стаж = 0 и мажот ќе реши да ја шутне за помлада студентка тогаш таа ќе нема ништо, ќе нема ни за леб. Истово важи и обратно ама поретки се таквите случки.
На ова би додал и дека денеска машкото многу потешко доаѓа до работно место од жената.Живееме во такво општество каде при скоро секое интервју за работа се гледа прво дали особата која бара работа е жена и веднаш се поставува прашањето (во случај ако дознае дека е жена особата која конкурира за работното место) колку години има.
А и со примања од двеста евра не можеш самиот себе да се издржуваш а не пак цела фамилија.Ова се карактеристиките на претходниот систем: мора машкото да работи, а жената да седи дома и да готви, и она машко кое не работи тогаш не е способно и не вреди за ништо.Но ова веќе треба да се заборави, доколку му преостанало на некој нешто од ова во неговата глава, тогаш ова е најдобриот совет за него.
Работата е тоа што денеска повеќе се бара на пазарот кај нас за работа жената отколку мажот, зашто според нивното верување, верувањето на работодавците, жената може „повеќе од тоа“ да даде..........
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ќе ти биде полесно зошто на крајот на краиштата тоа се твоите деца и тоа е твојата куќа. Во одредена мера се што правиш го правиш со мерак и со љубов. За разлика од работата за пари што се работи за пари.
Но, тоа воопшто не е подобрата опција во случајот. Подобро е и жената да работи, по можност да има завршено добар факултет и да заработува добри пари, баш кариеристка да биде. Зашто ќе речеш. Целата работа што се работи низ дома може да се плати со пари. Целата!
Стварта е што жените, баш како што кажа членката што ја отвори темата сакаат да останат дома зошто така им е подобро. Дали е тоа зошто да биде работи за некој друг е стресно, дали зашто осеќаат дека имаат предиспозиција да бидат домаќинки и негувателки... не знам. Не им е битно што е подобро, битно им е тие да бидат на местото каде што ним им е згодно.

И дај баш кажи што те згрози, кој те згрози...
Јасно, затоа што бришам прозорци и перам гајшти од мерак и љубоФФ. :)
И се карам и расправам од љубов, да не ме разбереш погрешно.
Како во онаа песната од Тодор Скаловски ....
... само се караме, само се тепаме, и тоа љубов, љубов ееее ... :)

Пробај го експериментот, па после ќе седнеме, ќе си попрајме муабет што и колку е полесно и помалку вредно, бива? :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Дали таа што работи во конфекција, во книжара, сендвирача, во бутик има кариера? Многу ми се одвратни тие хипстерски термини “кариера“.

Јас воопшто не ја гледам и не ја доживувам жената како понизок пол, ама воопшто и не ја доживувам како еднаква. Со самото тоа што ние сме физички, а и во голема мерка психички различни од жените ние не сме ни воопшто еднакви. За каква еднаквост тогаш зборуваме? Мажите имаат една улога во природата, а жените имаат друга улога во природата. Тие улоги се подеднакво важни.Штом тој ланец на природата се прекине следува деструкција и уништување на цивилизацијата.Неможеш ти од жени да правиш мажи, а од мажи да правиш жени.


Како мислиш порано жените биле понизни? Можеби населението било послабо образовано, но не и понизни. Јас знам многу брачни парови постари Македонци од времето на баба ми и дедо ми коишто имале совршен брак полн со љубов, деца, разбирање и почитување. Знам и еден дедо што се отру, бидејќи неможе да издржи без жена му којашто починала неколку месеци порано. Ние сме и сеуште нормални како Македонци благодарение на нашите баби и дедови и нивните вредности. Постарите генерации имаа почитување кон авторитет и родители, а денес овие генерации ги тепаат и плукаат родителите, се дрогираат, алкохолизираат и се останато.
Тоа не е кариера, тоа е борба за живот и за опстанок.

Не знам ни колку години имаш, ни што си по професија, ама пак ќе ти кажам.
Еднаквоста се однесува на права, обврски и можности.
Нормално дека сме различни, и физички и психички.
Ама имаме исти права, обврски и можности.
И секако улогите се различни. Не можат да бидат исти. Не сме фабричка производња.

Па биле понизни спрема мажот или јас и ти сме учеле и познаваме некоја различна историја, по се изгледа.
А бе и јас познавам такви, ама светот не почнал со нив. Пред нив имаш години и години наназад понизност на жената без право на глас.





И ич не е битно дали сме Македонци, Албанци, Американци или не знам што друго, за да имаме почит кон постари. Битно е воспитувањето од дома кое го имаш. А до некаде влијае и општеството, мада со јаки воспитни корени кога ќе излезеш од дома, не те менува општеството така лесно.




И јас оти сакам моите деца да знаат што е фино и лепо однесување и да бидат воспитани како што треба, би им се посветила на нив целосно. И на мојот сопруг нормално, оти кога ќе се врате изморен од работа, ќе треба да го релаксирам, за да не ми трча по други жени. :)

Ај доста ви е од мене.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали таа што работи во конфекција, во книжара, сендвирача, во бутик има кариера? Многу ми се одвратни тие хипстерски термини “кариера“.

Јас воопшто не ја гледам и не ја доживувам жената како понизок пол, ама воопшто и не ја доживувам како еднаква. Со самото тоа што ние сме физички, а и во голема мерка психички различни од жените ние не сме ни воопшто еднакви. За каква еднаквост тогаш зборуваме? Мажите имаат една улога во природата, а жените имаат друга улога во природата. Тие улоги се подеднакво важни.Штом тој ланец на природата се прекине следува деструкција и уништување на цивилизацијата.Неможеш ти од жени да правиш мажи, а од мажи да правиш жени.


Како мислиш порано жените биле понизни? Можеби населението било послабо образовано, но не и понизни. Јас знам многу брачни парови постари Македонци од времето на баба ми и дедо ми коишто имале совршен брак полн со љубов, деца, разбирање и почитување. Знам и еден дедо што се отру, бидејќи неможе да издржи без жена му којашто починала неколку месеци порано. Ние сме и сеуште нормални како Македонци благодарение на нашите баби и дедови и нивните вредности. Постарите генерации имаа почитување кон авторитет и родители, а денес овие генерации ги тепаат и плукаат родителите, се дрогираат, алкохолизираат и се останато.
Еднаш јасно и прецизно изјасни се, како ја гледаш жената ако не ја гледаш како понизок и еднаков пол, како повисок? Ми звучиш како онаа од сдсм за 8 Март. 8 март не е празник на жената, не е празник на мајката туку е празник на сите жени.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Проблем е што знам дека истите работи, кои јас можам да ги правам подобро од него, нема да бидат направени на истиот начин и од него.
Фактички кажуваш дека имаш предрасуди за способностите на мажите и мислиш дека некои работи тие не ги прават толку добро како тебе.
Да го кажев ова за жените, да кажев дека за некои работи не ве бива и ако сакаш таа работа да биде завршена како што треба ќе треба да пратиш машко, ќе ми сконеа сите дека сум невиден шовинист, сексисти и женомразец.

Јас тврдам дека нема работа што жена може да ја заврши што маж не може, и обратно. Тоа вклучува перење, пеглање, миење садови, готвење... СЕ!
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:20 ---
Јасно, затоа што бришам прозорци и перам гајшти од мерак и љубоФФ. :)
И се карам и расправам од љубов, да не ме разбереш погрешно.
Како во онаа песната од Тодор Скалоски ....
... само се караме, само се тепаме, и тоа љубов, љубов ееее ... :)

Пробај го експериментот, па после ќе седнеме, ќе си попрајме муабет што и колку е полесно и помалку вредно, бива? :)
Не биваТ. Експериментот е неизводлив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom