Каде може да најдам - Здравје edition

  • Креатор на темата Креатор на темата MajMyH
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира како можам да го најдам Др.Методи Чепреганов.Го имаше во неделниот број на Вест па би сакал да поминам до кај него...Знае ли некој дали има некаде ординација или пак телефонски број.Доколку има некој информација ќе го замолам да ми пише тука или на пп....
Проф.др. Методи Чепреганов моментално работи во Неуромедика. За него треба да се напомене дека е еден од 22 најврвни епилептолози во светот што ја имаат напишано енциклопедијата за епилепсија, инаку интересно е за него да се каже дека има 78 години и сеуште е витален и е со полна сила и енергичност, меѓутоа внимавај соработува со некои грци па за мала работа може таму да те праќа на лекување и ќе те кошта доста скапо.
 
Ќе појдеш во Здравствен Дом или БОлницата кај вас и ќе разговараш со директорот дали може да ти дадат на користење една. Инаку побарај во болничките аптеки таму може да ти набават 24 000 една е - поефтино ти е да изнајмиш од Јавна здравствена установа или болница.
--- надополнето: 9 април 2013 во 23:27 ---
Каде можам да најдам парафин?
парафин во аптека или кај Орл специјалист - таму прашај може ќе ти наполни во шише :)
Претпоставувам ти треба за уво или за уринарен катетер :)
 
Ќе појдеш во Здравствен Дом или БОлницата кај вас и ќе разговараш со директорот дали може да ти дадат на користење една. Инаку побарај во болничките аптеки таму може да ти набават 24 000 една е - поефтино ти е да изнајмиш од Јавна здравствена установа или болница.
--- надополнето: 9 април 2013 во 23:27 ---
:)
Касно веќе не е потребно :(
 
Некоја ординација, поликлиника или што и да е каде што ласерски отстрануваат шилци во стапалото? Освен РеМедика. Ми кажаа нешто за некоја кај слаткарницата Палма али не можам ништо друго да најдам за неа. За татко ми е, не можам веќе да го гледам од болка..
 
Каде можам да најдам blue cap крема и шампон во Македонија? Барав во Космо нема, по аптекиве прашував нема. Само оваа колекција ми помага, а воедно нема кортикостероиди...

images
 
Очаен сум. :(
 
Сеа видов дека и JinJira има иста активна супстанца цинк пиритион.
 
Супер, изгледа пиритионот делува кератолитички и регенеративно оти на црвенилото и чешањето му нема крај. :(додека ја користев кремава делумно се смируваше ситуацијата. А каде може да ја најдам кремата?

Од blue cap би го земал само шампонот, кремава е многу мрсна, вањда оваа jinjira нема да е толку мрсна.
 
Цинк пиритион има антимикробно дејство, затоа се препорачува за триста кожни состојби, но сигурно и тоа не треба да се употребува предолго. Кератолитичко дејство би имало во препарати на база на салицилна киселина, иначе Алое вера гел исто можеш да испробаш, и тоа го препорачуваат за се`, сигурно знаеш. Него, во Зегин влези и речи : Дајте Џинџира! :) Бар јас го најдов во зегин списанија, инаку може го има и во други места.
 
Гуглав но не се снајдов баш добро, доколку некој може конкретно да ми каже дали овие лекови ги има во Македонија Warfarin (Варфарин) и Marcumar (Маркумар), и каде, или пак во која држава најблиску ги има..како би можел да стигнам до нив? Инаку во Зегин и Замп ги нема, првпат слушаат за нив.
Благодарам однапред
 
Ако си од Скопје побарај во аптеките во трговскиот Бисер, едната е Виола, другата не ми текнува како се вика, веднаш спроти Виола е, и двете аптеки се одлично снабдени. Варфаринот би требало да го имаат, не знам што се прават на три и пол, тоа е лек кој релативно често се користи. На Маркумарот генеричкото име му е фенопрокумон, можеби го имаат од друг производител под друго брендирано име. Ќе се распрашам и јас по аптекиве што земав лекови, па ако има во некоја ќе ти пишам.
Во случај да го нема кај нас најдобри и најблиски опции ти се Солун и Софија, зависи до каде повеќе ти одговара да одиш.
 
Фала многу, баш ќе проверам.

Инаку доволно е само едното од тие две да го најдам. Како и да е би ценел доколку провериш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom