Прашањето е зошто Бог го напоменал Иса синот на Мерием во Коранот?
Како што разбрав во текстот Иса е преставен како и сите други луѓе.
Одговорот е едноставен,затоа што го пратил како Негов пратеник.
Иса а.с(Исус) е представен како еден од одабраните пратеници на Аллах.
Аллах во куранот вели дека пратениците Негови ги одликувал едни над други.
4 пратеници се одликувани над другите со тоа што им е објавена Книга.
на Давуд му е објавен - Зебур
на Муса(Мојсеј) - Теврат
на Иса - Инџил(Евангелие)
и последната Божја објава на човештвото му е доставена на последниот Божји пратеник,Мухаммед.
Но секако,сите овие пратеници се луѓе,не се ниту Божји синови ниту било што повеќе од тоа.
Представата за Бог во исламот е дека е Створител на се,независен од своите створенија
жив и вечен,ниту родил ниту е роден,семоќен,се гледа,се слуша.
Онака како му доликува на Бог.
Сакам да знам кој го напишал Коранот. Како се одвивале настаните во тоа време.(На кратко)
Куранот е Аллахов говор,кој му бил објавуван на Мухаммед преку мелекот Џибрил.
Кој понатаму бил запишуван и учен на памет од неговите асхаби(другари).
Како им докажал дека е пратеник од Бог
Најголема муџиза(чудо) на Мухаммед а.с. е токму Куранот,совршеноста на Куранот.
Аллах во куранот вели дека ако мислите дека е напишан од човек досега ќе му најдеа контрадикција или грешка.
1400 години,никој нити нашол контрадикција нити грешка,толку се обидувале и се обидуваат но никако не им иде од рака.
1400 ние го имаме Куранот непроменет,има толку луѓе кои го знаат напамет,4-5 годишни деца го учат на памет.
Па да беше објавен од некого друг освен Аллах,до сега ќе немаше ништо од тоа.
неговите дела и постапки и зборови(хадиси) исламски кажано Суннет,е друг муабет.
Денес постојат околу 9 хадиски збирки,2 од нив се веродостојни за делувањето,постапките на Мухаммед.
Има убава книга за Муџизите(чудата) на Мухаммед,освен куранот.
Интересно е Ноќното патување,каде за една ноќ
со Аллахова воља Мухаммед е однесен од медина во кудс(ерусалим денешен)
па од тука воздигнат во небесата,ги видел џеннетот(рајот) и џехенемот(пеколот)
Но за тоа треба да се чита,има посебна книга за тоа,од една реченица не може да се долови тоа.
Зошто Свинското месо е забрането.
Исламот забранил се што му штети на човекот,консултирај се со доктор прво за ова
Инаку за нас муслиманите,Аллах во куранот вели:
Ви се забранува крв,мрша и свинско месо и се она што е заклано во нечие друго име освен Аллаховото и тоа е тоа.
Интересно е што и во библијата е забрането свинското месо
Се обидувам да разберам некој работи зошто Муслиманите и Христијаните се многу поврзани барем во некој
работи како на пр ние велиме Отец,Бог,кој вие велите Алах.
Напишав и претходно на форумот,Муслиманите и Христијаните одат се до оној момент
кога за христијаните Исус представува Бог или Божји син.
За муслиманите е тоа апсолутно неприфатливо,богохулие и неверување во Еден Бог.
А и доказите за тоа од христијанска страна се многу штури,и не се базираат на факти од библијата.
и ден денеска светото тројство нема кој да го објасни,ама тоа е друга тема,да не ја отвараме сега и овде.
Зар не веруваме во еден ист Господ.Само прашањето е зошто Бог решил да ги подели. и дали е точно ова.
Јас само претпоставувам и истражувам,дали има уште нешто што е напишано во врска со ова?
Имам уште работи што сакам да ги знам но понатаму.
Да,јас верувам во оној Бог во кој верувал Иса а.с.(Исус)
Не решил Бог да ги подели,туку тоа е искушение.
Човек додека е жив ќе греши,а Аллах ги сака оние кои нему му се покајуваат,и заради Него
ги оставаат лошите работи,и прават работи со кои ќе го постигнат Неговото задоволство.
За муслиманите,Овој свет не е цел,туку средство до целта(Оној свет)
И на тоа се базира цело исламско верување,во верувањето за постоење на џеннет и џехеннем.
Аллах во куранот вели:
1. Се колнам во времето,
2. човекот навистина губи,
3. освен тие коишто веруваат и коишто прават
добри дела, и коишто едни со други си ја пре-
порачуваат вистината, и коишто едни со други
си ја препорачуваат трпеливоста.(сура Ел-Аср)
и за крај.
Никој не ја победил смртта,и на Аллах сите ќе му се вратиме,сакале или не сакале
И никој во гроб не понел ништо од неговото богатство,коли,пари,жени... само верувањето и добрите дела.
Памет во глава,Аллах не одликувал над останатите негови створенија со тоа што имаме разум.
Па да го искористиме разумот и реално да гледаме на работите.
Отворете Куран,прочитајте,нема таму ниту бомби ниту терористички напади.
Разбијте си ја таа исламофобија наметната од сител и остали медиуми.
Прочитајте,па ако не ви се свиѓа,дојдете да кажувате замерки и слично,да не му кроиме капа на нероден петко