Donald Sikert - Пишував еден голем пост, го поделив и во два дела од што беше преголем, ама со таблетв се случуваат компликации, ми отидоа во неповрат и двата дела се изнервирав и земав само да читам

. Ке пишам нешто наскоро, и жити се не му кревај акции на Лет3 за неговото аргументирање, бидејки е за никаде. Јамајка колку толку се држи барем.
Ебате таблетот што го имаш
Шкорпи токму Лет3 во своите постови ја има клучната поента на темава (иако начинот на искажување е таков каков што е

), која многу пати и директно е спомената од многумина други, а тоа е - со анонимно препукување на форум кој служи пред се за забава и сеир фаќање (баре 90% од луѓето така го користат) не можете да добиете нешто што е од витално значење за вашата реалност.
Излезете покажете се пред јавноста, нема да ве изеде. Напротив. Ќе знаете до кај сте и на што сте.
ТИ си барем одличен пример како еден припадник на ЛГБТ заедницата треба да се однесува во јавноста, и како е прифатен од истата.
Треба и другите полека да го сторат тоа. Тоа е барем мое мислење.
Вистината е секогаш најдобра опција.
Гледам дека ви значи оваа тема и дека би сте сакале да ви се дозволи склучување на брак, но кој од вас поднел иницијатива за такво нешто?
Да не мислиш квазилиберланите персони по форумов ќе повлечат некаква си иницијатива во ваша корист? Попрво ќе избегаат од вас, отколку да го сторат тоа.
ФОрум е едно, реалниот живот е друго.
Кога сите заедно ќе излезете заедно на мирен собир, и ќе се покажете кои сте и колку сте, тогаш ќе има пресвртница какава и да е.
Вас, засега, не ви треба брак и "тепање" за него,
вас ви треба Шкорпи да бидете прифатени од хетеросексуалците пред се како луѓе и да ве перцепираат како карактери и персони вредни и достојни да бидете во нивно друштво. Мислам дека ти го имаш тоа веќе добиено, ама очигледно многу други не.
Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе бидете на рамноправно скалило во било каква дискусија со хетеросексуалната околина. Вака однапред стартувате хендикепирани, бидејќи вие барате нешто од некои, што не ве ни есапат како личности, не па да ви дадат нешто за кое сметаат дека е нивно екслузивно право.
Тоа е суровата реалност јеби га, а таа се менува на терен, се разбира со поддршка на дел од нас, хетеросексуалците, кои не гледаат некаква голема закана од вас
Ова е фактичката ситуација според моето скромно мислење, а тука можеме нели да се зезаме до 101 и назад
