Сексот и градот освен за по некој убав фустан и добра фризура, не гледам со што би ме инспирирал. Тоа се случува во Америка, ова е Македонија, не функционираат исто општествата. Јас сум воспитувана да ги ценам луѓето по нивниот карактер, да ги сакам луѓето и пред се да барам човек што е ДОБАР, се останато во животот доаѓа и си оди, посебно материјалното. Денес го имаш, утре го немаш. Јас тоа што сакам деца и брак, не значи дека не сакам и да работам и да се надоградувам себе како човек. Едното со другото не се исклучува. Излага дека сакаш да ме убедиш дека не сакам деца и брак, барем по муабетиве, ваљда јас знам што сакам у животов и за што сум се одлучила.
Одма би го потпишала, веруј ми. Ако тој потпис него ќе му гарантира некаква сигурност, ќе го потпишам, ич око нема да ми трепне. Сеа фала Богу ќе го прочитам договорот пред да го потпишам, да не излезе после он со барања од типот да жонглира со пиво иначе ќе се разведам.
Јас како прво, ќе работам и ќе бидам мајка и ќе се грижам за домот. Не е лесно, но се постигнува, нема да бидам ни прва, ни последна. Со една плата во денешно време не се гледаат деца и не се преживува. Значи и јас ќе придонесувам за домот во материјална смисла. Тоа како прво. Како второ, што не е фер? Јас не сум се откажала од ништо за да ги гледам децата, за мене детето не е опортунитетен трошок заради кој губиш нешто, туку нешто кое ја комплетира смислата на животот. Барем за себе зборам, за другите не знам. За што да ми дава мене некој компензација? Затоа што сум родила дете? Не бе дечко, јас тие деца сум ги родила затоа што сум сакала да ги родам, не ми требаат никакви компензации. Јас ќе си имам работа, ќе си заработувам за живот и пред бракот и за време на бракот и после разводот, не ми треба милостина, ниту пак да земам нешто што не ми припаѓа и што не е мое. На крај краева, секогаш ќе имам каде да се вратам во случај бракот да не е ко шо треба... Он со тоа што било негово, јас со тоа што било мое пред бракот и здравје. Реков, единствено нешто кое ми е битно е децата да бидат осигурани. Бујрум, заедничка сметка во која увид ќе имаме и двајцата, секој колку може ќе одвојува за да може да се школуваат, облакаат децата и слично и тоа е тоа. Друго не ми треба ништо, ниту барам. Ете толку е едноставно. На крајот од денот и покрај разводот, тој човек ќе остане татко на моите деца и сакам да имам цивилизиран однос и покрај тоа што не успеал бракот како таков. Не знам што има тука комплицирано.