Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам да купам точак од Вучко, точакот беше добар на изглед, само незнам што марка беше, знам не беше Scott, а на S беше марката. Иначе точакот беше 19 илјади и нешто, а беше со тенки гуми, дупли бандажи, автоматски мењач на брзини, Shimano брзини или кочници, ама немаше диск. Продавачот викаше, брзо точаче, иначе 21 брзина. Се исплати ли за тие пари?
Sprint бил, така да според мене боље да собереш уште некоја пара и да купиш друг бренд.
 
Има некаде во МК full face кациги?
 
Денес шетав во дуќаниве, дефинитивно мислата ми е на CUBE од Пробајк, дечкото се вика Лазе супер обајсни, а и самиот тој си е бајкер па баш со љубов збори за точаци и објаснуива. Супер ценичка направи за еден модел, со 29ки тркала deore апаратче, со хидраулични дискови, али од све мислам дека германец е германец. CUBE е ствано добар рам.
 
Го најдов точакот, конечно. Многу би ми помогнале вашите мислења, фала од напред. :) Ова е точакот : http://maxcombike.com/en/bikes/road/173-SINTERO-MAN-28_
Кажав дека е Спринт, не вреди за парите, мое мислење. Собери уште некој денар и купи друг бренд, ова не чини.
http://bikestop.com.mk/images/stories/TREK_2012/7.2 fx (Medium).jpg Овој на пример го имаш во бајкстоп за 25 000денари на попуст, а бајкстоп се меѓу поскапите во градов така да ако побараш можеш да најдеш многу боље точак за 100 евра плус. Мој совет ти е да собереш уште некој денар
 
Фала на помошта. Иначе квалитетот ли е во прашање или опремата? Што нечини кај Спринтот ?
 
Фала на помошта. Иначе квалитетот ли е во прашање или опремата? Што нечини кај Спринтот ?
За 21.000 ден. имаш Merida точак во Бајкмаркет со истата геометрија како Sprint-от, далеку поквалитетен т.е. подобар рам и опрема. На мој другар му го нудеа, темно сива боја. Провери. :)
 
За 21.000 ден. имаш Merida точак во Бајкмаркет со истата геометрија како Sprint-от, далеку поквалитетен т.е. подобар рам и опрема. На мој другар му го нудеа, темно сива боја. Провери. :)

Можеш ли да ми дадеш поделтални информации за точакот? Неможам да им најдам сајт на бајкмаркет, за да го најдам точакот. Фала од напред.
--- надополнето: 7 мај 2013 во 22:06 ---
Само што го најдов, ке разлгедам и ке видам. Фала иначе :D
 
Луѓе планирам да земам еден кинески таблет со андроид?дали ќе може на него да ставам Sporty Pal,или некоја слична апликација или не?
 
Таму некаде во распоредот за недела на 12 мај пишете "Под обавезно" и придружете ни се на Велосифест 2013, интересни работилници и супер филмчиња....Се за и околу велосипедот. Се гледаме...
https://www.facebook.com/events/122505291282848/
 
Attachments

  • 321323_10151630893590960_1553706123_n.jpg
    321323_10151630893590960_1553706123_n.jpg
    147,5 KB · Прегледи: 11
Луѓе планирам да земам еден кинески таблет со андроид?дали ќе може на него да ставам Sporty Pal,или некоја слична апликација или не?

Таблетот треба да е со гпс. Поевтините таблети (како мојов) обично немаат гпс. Дај ми линк да видам за кој таблет си заинтересиран.
 
Луѓе планирам да земам еден кинески таблет со андроид?дали ќе може на него да ставам Sporty Pal,или некоја слична апликација или не?
Да, плус offroad гуми, ѕвонче и диск кочници. Само не знам батеријата колку ќе ти држи со таа опрема и дека е кинески. :D
 
Луѓе планирам да земам еден кинески таблет со андроид?дали ќе може на него да ставам Sporty Pal,или некоја слична апликација или не?
Можеш секако, ако истиот има GMTS. Немаш телефон за таа работа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom