Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
315606_10200912420122428_821436732_n.jpg

Имате поздрав од Кико Д. со сликата, кој е на еднонеделен одмор од форумот :D
 
Слаба утакмица, реално беше нерешено, според бројот на шансите можеби имавме поќе од нив, ама тие можеа на два пати преку контра напад многу лесно да не казнат !
Кекец слабо денес, го пушти да игра прва постава, според мене непотребен потег на Горде, па зато на полувреме одма го извади, 2-3 пати ќе нафрлуваше во шеснаесетник а топката одеше зад гол, ептен слабо денес...
Незнам зошто не играше Маглата ? Шо е проблемот појма немам, барем за во средина е добар, со Турново таму го кладе дури во последните минути (наводно настинат бил) тука со Турново го извади на полувреме, со Вардар исто велезе во последните минути, а сега воопшто не влезе, како да губи место од стартниот тим...
Второто полувреме, повеќе имавме шанси, добра топка Рутето му пушти на Лазаревски, овај од косо шутираше покрај голот. После тоа Врапчето имаше еден добар продор помина 3-4 фудбалери на Брегалница но на крај само ја остави на голманот. Уште една шанса за Врепчето имаше кога доби неочекувана топка во шеснаесетник па шутираше покрај голот.

Морам да кажам дека имаше одлично навивање, за чиста 10ка ! Одлична бројка за наши услови , песна во текот на 90 мин ! (y)
 
Јас сам си зедов одмор недела дена :) оти пукнав од нерви !!! Значи после катастрофалниот прв гостински дел од сезоната сега со малце припреми и мала поорганизираност се стабилизиравме со играта,ама имавме шанси да се бориме и за горниот дел на табелата...Сега е џабе кр др заебаваме со Брегалница па до крајот ќе се тркаме со нив...Само колку бодови ни избегаа со Металург на гости,со Дрита дрвата,со Турново на гости со Турново дома и капак на се беше сега со Брегалница.Па да имавме барем 5-6 бода плус сега со Работнички ќе беше да се биди или не...Вака ништо....Многу бодови дома даваме 6 нерешени и од оние фатените Металург пораз....Катастрофа....И како секогаш ај од другата година и после пак од другата и пак другата :tapp:....А онај Двојче да му ебам се по список уствари ќе му пуштам некој црнец да ги еби оти се ептен дебили за мојот...:vozbud:
--- надополнето: 22 април 2013 во 21:10 ---
ulici-mkiminijn.jpg

--- надополнето: 22 април 2013 во 21:12 ---
Како бе не ми е јасно ние сељаци,немаме аеродром ни мекдоналдс а имаме улици во Торонто:D
 
Еве после не се нервирај со "политичките" и "спортските елити" во нашиот град.Ми иди незнам негде уџум да фатам од градот...За к.. не ги бива.Она нашата сала се распаѓа за стадионот да не прам муабет..Подобри услови ќе имат студентите од профисионални спортисти.Незнаеш дали да плачиш или да се смејш

ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ "СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ"
2,5 милиони евра за спортска сала
Салата ќе биде со капацитет за 1.100 гледачи, а предвидено е просторот под трибините да се користи за вежбалница и за фитнес
A4BFD47DAA1AC94CA4114BC748BEAFFB.jpg
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ќе добие спортска сала од 2,5 милиони евра, односно ќе се потрошат 154 милиони денари од буџетот на Република Македонија за изградба на сала со капацитет за 1.100 гледачи и поттрибински простор, кој ќе се користи за вежбалница и за фитнес. Градежните работи почнаа завчера, а салата се гради во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт.
Премиерот Никола Груевски рече дека салата ќе се користи за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг, гимнастика, боречки спортови и сите други дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот на студентите. Тој додаде дека мултифункционалната сала ќе биде готова најдоцна за две години.
Во рамки на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", со средства од Владата, изградена е спортската сала на Факултетот за физичка култура, каде што е предвидена изградба на уште една.
 
Ај доста беше со брегалница иако тој натпревар ќе решеше многу работи ако ги победевме тие ќе требаа нас да не бркаат вака до крај ќе мора да се мачиме и наместо ние да си ја решаме судбината ќе гледаме штипјани да згрешат а ние да победиме во гости.Подобро да загубуивме од вардар а да ја тепавме брегалница ама тоа е ...
Недела во скопје најверојатно ќе има превоз за навивачите па кој сака и кој може нека оди да му помогне на нашиот клуб и да му се реваншираме на работнички за несреќниот пораз есента инаку нашиот тим ќе игра без повредениот А.Вељановски како и казнетите Х.Драгарски и Б.Марковски сигурно се враќа Томе кој се виде дека многу ни значи со брегалница исто така најверојатно и Главевски се враќа така да би требало да биде добар отворен натпревар и се надевам на наша победа

http://www.rezultati.com/tablica/x8fAz4vR/MXVyW4g3/#table;overall
http://www.rezultati.com/nogomet/makedonija/first-league/
--- надополнето: 24 април 2013 во 13:57 ---
ps.се надевам дека нема да има парична казна за фрлената димна на терен
 
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/04/blog-post_3008.html

Нерешениот резултат со брегалница изгледа ќе биде пресуден после тоа следуваше пораз и од работнички од тоа што сите искоментираа нашите играле многу слабо посебно второто полувреме и сега не дај боже ако загубиме Сабота нема што повеќе да бараме и може со време да се спремаме за баражот иако има уште време ама ќе биде многу тешко за тоа играчите мора сабота да дадат 100% и да си ги оправдаат платите и премиите што му ги подмирија за да не се тресиме до последното коло
Друга работа пишав и порано мора нешто да се преземи дали да се казнат некој играчи од управата или од навивачите не знам ама очигледно е дека некој играчи воопшто не се залагаат и не ги бранат клубските бои како што треба а да не велам дека треба да играат со срце и симптоматично е како толку осцилираме во играта мора нешто да се преземи околу тоаи да тепаме некој натпревар и во гости неколку кола ако сакме да се спасиме не ме интересира дали ќе си се договорат три за три во следната сезона дали ќе платат во што не вервам дали за кладилници иако тоа најмалку го сакам сепак сега е најважно да победуваме на било кој начин !
Трета работа секоај чест на тренерот за некој натпревари баш го погоде составот и пред се измените ама се ми се чини дека пак играме плашливо и затворено мора малку да ризикваме и да се направат некој измени во тимот да бидеме по офанзивни уствари ни треба гол некој да даде во гости

ps.скапо не кошташе победата над вардар и загубивме бодови со брегалница како и со работнички па сега мора да се извадиме со дрита само победа и ништо друго не не остава во игра но реков треба некој да даде гол кај нас за да победиме !
 
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/05/blog-post.html

Каде исчезна вистинскиот Пелистер?



ПОСЛЕДНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НЕ ЛИЧЕА НА РАЗИГРАНИОТ ПЕЛИСТЕР ОВАА ПРОЛЕТ. КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ЗА ПАДОТ НА ЗЕЛЕНИТЕ?
Во стилот топло-ладно битолските зелени играа цела есен. Пролетта започна ветувачки со долга позитивна серија и со игрите и со резултатите. Но загрижува дисконтинуитетот, драстично полошите партии на домашен терен, а и последните две партии со Брегалница и Работнички. Уште почудно е што Пелистер од првото и второто полувреме на националната арена „Филип втори„ беше сосема друга екипа. Управата и стручниот штаб имаат неколку дена до велигденскиот дуел во Боговиње да ги утврдат симптомите за овие фудбалски турболенции и одново да одпочнат. Сеуште ништо не е загубено и битолчани имаат реални шанси за опстанок на голема врата и избегнување на баражот. Но за такви повисоки дострели потребен е Пелистер од мечот со Вардар, од првиот дел во Турново, од второто полувреме со Силекс во Битола. Како позитивните периоди од 30-40 минути, пелистерци да ги растегнат во еден добар, тактички перфектен натпревар? Впечаток е дека во последниот месец од натпреварувањето се влегува со девизата: Важен е резултатот, играта брзо се заборава, но на последните две средби и резултатите му го свртеа грбот на зелените. В сабота против Дрита, со која два пати играа 1:1 оваа сезона, екипата на Здравков ќе биде без пожолтениот Лескароски, но во тимот се враќаат Драгарски и Благојче Марковски, кои од истата причина не патуваа во Скопје и Александар Вељановски кој ја санираше повредата. Талисманот на средбите во Боговиње минатата сезона беше Драган Димитровски, кој два пати му носеше победа за три бода на битолскиот прволигаш. Ветеранот пак чека шанса од клупата да ја подигне годинашната гол-квота на 4 гола, а севкупно во кариерата да ги прескокне сегашните 107 погодоци.
 
ФК.Пелистер Битола сподели линк.


http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/05/blog-post_2.html

Во Боговиње по бодови


ПЕЛИСТЕР ПОДОБРО СЕ НОСИ СО УЛОГАТА НА АУТСАЈДЕР, НО ВО БОГОВИЊЕ НЕ СЕ КРИЕ ВО ПОТРАГАТА ПО БОДОВИ
Мирна фудбалска недела минуваат пелистерци во подготовката за велигденското коло и директниот дуел за опстанок со Дрита во Боговиње. Како да сакаат да ја префрлат улогата на фаворит на другата страна, бидејќи во таква ситуација зелените подобро се снаоѓаат. А мечевите на големиот православен празник Велигден им лежат на битолчани. Најрадосниот Велигден им се случи пред пет години, кога Миранда со хет-трик и три бода ја врати зелената делегација од „вечното дерби„ Сега последниот меч со Вардар е лајтмотив кој пелистерци не можеа да го најдат и да го спроведат против Брегалница и Работнички. Во таборот на Здравков најголеми грижи создава повредата на Тони Вељановски, кој не настапи со дебар маалци, но веќе тренира и постои умерен оптимизам дека ќе го почне мечот во Боговиње. Посебно е важен неговиот настап заради акумулацијата на картони на Лескароски. Така на централната дефанзивна позиција во опција остануваат Драгарски, Тони Магловски и евентуално Тони Вељановски. Во потрага по вистинската есенска форма е и Благојче Главевски, кој е сеуште без гол оваа пролет, а повредата очигледно оставила траги врз него и физички и психолошки. Без неговите голови нема да биде едноставно да се обезбеди директниот опстанок и да се избегне баражот. Од гостувањата кај Дрита, Шкендија и Тетекс, многу работи ќе бидат појасни дали Пелистер има основа да се надева на пласман под деветтото место или не.

пс.то е муабетот ни треба гол во гости ако сакаме победа во секој случај не смееме да загубиме кај директниот конкурент ако сакаме да го избегнуваме баражот и сега цело време ќе треба да трчаме по брегалница
 
К.Пелистер Битола сподели линк.

пред неколку секунди

ДРИТА И ПЕЛИСТЕР НЕ СМЕАТ ДА "ЗАГУБАТ" ВО МЕЃУСЕБНИОТ МЕЧ ОД 28 КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
Ниту денес по последниот тренинг одржан во утринските часови, не се познати единаесетмината со кои Пелистер ќе истрча во Боговиње во обид да им се врати на победите. Дилеми има во одбранбениот и средниот ред, а обидите да се оспособи Тони Вељановски најверојатно ќе бидат неуспешни. Нема да се ризикува со дефанзивецот, кој многу веројатно заедно со пожолтениот Лескароски нема да патува за Боговиње. Тони Магловски, Александар Вељановски, Филип Миленковски и Адријан Кекец кандидираат за стартно место во споредба со последните два-три меча. Во нападот работите се нешто појасни, но од шпиц играчите оваа пролет дојдоа само два гола, на Димитровски со Силекс и на Христов со Хоризонт Турново.
„Јас сум подготвен по незгодната повреда заради која не настапував еден месец. За нас секој меч до крајот на првенството е финале и како такво го сваќаме и ова гостување на теренот на Дрита. Ниту противникот не е во оптимална позиција и затоа притисокот го префрламе кај нив. Тие се во ситуација повеќе да стравуваат за опстанокот во лигата„ ни рече Александар Вељановскикој по подолго време кандидира за место во средниот ред. Пелистер никогаш во својата историја не загубил официјален меч од Дрита и со таа ведрина помогната од статистиката патува во Боговиње.

Z.M.100%

ps.Не ми е јасно оти низ град збораат дека утре ќе заврши нерешено ај за од 0 до 2 гола е нормално скоро цела лига игра цела сезона игра од 0-2 гола ама нас не ни требаат муабети за бод да земиме, мора утре да победиме ако сакаме да се бориме да го избегнеме баражот
 
ps.Не ми е јасно оти низ град збораат дека утре ќе заврши нерешено ај за од 0 до 2 гола е нормално скоро цела лига игра цела сезона игра од 0-2 гола ама нас не ни требаат муабети за бод да земиме, мора утре да победиме ако сакаме да се бориме да го избегнеме баражот
Дека претходните 2 завршија нерешено.
Инаку и јас мислам дека пак 1:1 ќе заврши иако сакам да тепаме
 
дрита - ПЕЛИСТЕР 1-2 :vozbud:
Денес победваме 100% , какво нерешено . :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom