Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Во последно време хронично сум уморна, нон стоп ми се спие и колку и да спијам пак се чуствувам уморна. Од секогаш сум имала низок притисок 100/60, 90/60 и тоа ми е нормално, сега измерив ми покажа 83 со 40. Колку низок притисок е веќе причина за загриженост?
 
Би ти препорачала да одиш да извадиш една крвна слика, да го провериш хемоглобинот, по ова што го пиша можеби имаш анемија.
 
Иам едно прашање. Имав мал дел на акни кои што ми се појавуваа после бричење. :confused:
Користев лосион и гел од Doctors, и пред некој ден покрај устата и чеканчето почна да ми се лупи кожата по малку и чувствувам како да ми е иритирана.
Што да правам, да се намачкам со некоја (обична) крема или?
 
Другари и другарки. Братучетка ми, има покачено lh хормон , кој влијае врз некоеси левелирање на машките и женските хормони во крвта. Значи дека има хормонално покачување на тестостерон, што не би требало да го има кај девојче. Муабетот е .. не дека глеа фудбал и се тепа и сака да има секс на секои 5 минути, туку дека лицето и се нафрла т.е. и се исфлека. Се мачкаше пустеше, ништо не бидна. Беше на некои терапии, опет не бидна ништо, сега става некои алоевери тревишта, но нема некои резултати ? Чаре , некој да не имал сличен проблем ?

Остај симптомот - флеките (козметичарки, Eucerin ), битно е да се среди LH хормонот. Еве можни причини:
http://www.ehow.com/facts_5503322_reasons-hormone-levels-other-menopause.html

Нека направи ехо на јајници, да се види дали има цистични промени. Може ќе треба да зема контрацептиви...
 
Во последно време хронично сум уморна, нон стоп ми се спие и колку и да спијам пак се чуствувам уморна. Од секогаш сум имала низок притисок 100/60, 90/60 и тоа ми е нормално, сега измерив ми покажа 83 со 40. Колку низок притисок е веќе причина за загриженост?
леле човече, да си појдеш до болница не е лошо.
од низок притисок колку што знам се лоши и сигурно ти се врти, а висок притисок те тера на спиење.
сеа не ме фаќај за збор ама мислам дека со таков притисок не се игра играчки. види таму јади солено нешто, сол така лижи, јогурт пиј, кока кола.....
 
Фала на одговорот, имено била денеска на дерматолог, и рекле дека и е од стрес... колку легитимен одговор, нели ? -_-
--- надополнето: 13 април 2013 во 03:20 ---

*Се вика: " Ти треба солен ручек со кока кола, кога си слободна ?" ... Другпут, кардинални грешки, не ...
 
Ауу најмногу злоупотребуван одговор, што не пишат тогаш дијагноза стрес.
 
Фала на одговорот, имено била денеска на дерматолог, и рекле дека и е од стрес... колку легитимен одговор, нели ? -_-
--- надополнето: 13 април 2013 во 03:20 ---

Идете на гинеколог, дерматолог може само ќе го реши симптомот, и тоа може полошо од некоја маалска козметичарка (искуство од сестра ми).

Стресот, омилен одговор кога нема дијагноза. Него, сигурно си слушнал и женски коа се тешат дека не добиле (редовно) ради стрес, мењање стил живота или средина. Али тука веќе штом LH се покачил (хормон кој се лачи од хипофиза и треба да поттикне овулација - ослободување на јајце клетката од оваријалните фоликули) и има флеки долго време, не е само едномесечен проблем.
 
Фала на одговорот, имено била денеска на дерматолог, и рекле дека и е од стрес... колку легитимен одговор, нели ? -_-
--- надополнето: 13 април 2013 во 03:20 ---

*Се вика: " Ти треба солен ручек со кока кола, кога си слободна ?" ... Другпут, кардинални грешки, не ...

Многу веројатно цурата нема други проблеми освен кожните.Многу нормално треба да се помисли на се и сешто(пред се на полицистични јајници кој се така,почеста појава).Инаку,ЛХ покачувањето е често пати лажно поради употреба на одредени таблети(пр:Контрацепцијата(често пати знаат да ги дадат при лечење на самите акни),антиконвулзиви..) или пак дебелост, хипертироидизам и болести на црниот дроб.Тоа што и рекле стрес не е баш “грешка“ со оглед на фактот дека цурата веројатно нема никакви други проблеми освен лицето(за кое предпоставувам дека се работи за акни).

Мој совет:Нека си оди кај матичен,нека направи комплетна крвна слика(пред се пажња на липидите(лдл,хдл,холестерол...),комплетна црвена крвна слика,бела крвна слика,хепатограм(т.е црнодробни ензими) и ниво на ТСХ хормонот.Консултација со гинеколог(дали има воопшто менструални промени и многу други работи).
Ако сето тоа се исклучи тогаш проблемот со лицето го контролира и третира Дерматолог(ако се работи за акни:се даваат топикални ретиониди,хормонски таблети.....).
 
Била направила пак преглед на крвта, испаднало дека во ред и е тој хормон, правела ехо, и сваштарии и нема ништо нит во крв нити некој проблем на другите органи. Муабетот е што неможе никако да ги излечи флеките на лицето. Уствари нема ништо, а од нигде никаде и се појавуваат...
 
Лечењето на акните ти е тежок проблем.
Лечењето е долготрајно,напорно и тешко.
1)Едукација:Значи пред се да знае што и се случува и зошто и се случува.Стресот,анксиозноста и депресивноста(кои често пати коегизтираат и намалуваат самодоверба а и често знаат да креираат страшна депресија...) водат до покачено појавување на акните(нормално психопроблемите и тоа како имаат ефект на хормоналниот баланс или дисбаланс).Затоа,се препорачува по некогаш дури и психолог кај овие персони.
-Прехраната:Овде не постојат конкретни докази дека храната посебно влијае на појавата на акни но,од мое искуство,прехраната има и тоа каков удел(од она што јас имам забележено).Здравата прехрана,здравиот начин на живот(малку масти,повеќе витамини,течности ...) има добар ефект и при заздравувањето(пред се витаминот Ц) и при намалувањето на самите акни.Значи,промената на животниот стил има и тоа добра улога.
-Да се намали чешкањето(т.е ако постои таков хабитус се советува да не се чешка упорно бидејќи така додатно ја иритира веќе воспалената кожа).
2)Употреба на препарати:Различна...
Добар ефект имаат топикалните ретиониди(tretioin-Retin A) во комбинација со топилални антибиотик(често пати клиндамицинот како на пример:clindagel) и пероксид.Сета оваа комбинација со добрата едукација има до сега позитивни ефекти.
-И да,не би ти препорачал тревари(алтернативната медицина често пати знае да ја влоши ситуацијата).Иако ќе ти обеќаат сигурно излекување и слични срања....не им верувај.Акните се тврдокорна ствар....се лечат долго време и лечењето е зезнато но изведливо со квалитетен дерматолог.
 
Во последно време хронично сум уморна, нон стоп ми се спие и колку и да спијам пак се чуствувам уморна. Од секогаш сум имала низок притисок 100/60, 90/60 и тоа ми е нормално, сега измерив ми покажа 83 со 40. Колку низок притисок е веќе причина за загриженост?

ако немаш проблеми со срце,бубрези,изгубен апетит,мое мислење дека ова се знаци на депресија........ако си преоптоварена психички и под стрес подолго време - тоа е со сигурност

повеќе движење,вода,дружење со позитивни луѓе и помалку грижи,ако не посета на стручно лице(психијатар,психолог)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom