Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Рускиот олигарх Березовски кој е познат како најлутиот противник на Путин, како и еден од луѓето кои најдебело заработија од руската приватизација, како и еден од најголемите ривали на Абрамович со кого се тужеа и изгуби, е пронајден мртов во својата када во својот дом.
Англија и Русија едно време имаа затегнати односи со оглед на тоа дека Англија не сакаше да го екстрадира и да го предаде на руските власти, а за Березовски се шпекулираше дека плаќал огромни суми за организирање на протести против Путин.
Овде може да ја прочитате веста.
Интересно е на темава да се прокоментира ликот и делата на Березовски, неговите игри и сплетки, човек за кој се претпоставува дека и беше близок и со Литвиненко, кој беше отруен со радиактивен полониум, како и за неговата борба против Путин, иако на самиот почеток тој го поддржуваше Путин.
Интересен е периодот што следува, а за сите кои сакаат да знаат повеќе за оваа тема, им ја препорачувам книгата Лондонград: Од Русија со кеш. Прекрасна книга каде има преинтересни информации за сите сплетки и за сите односи и контакти, како и за најголемите руски олигарси како го стекнале богатството, како се здружиле, раскарале и нивните сплетки воопшто.
Ваши мислења?