Е ај сега, со теорииве на заговор стварно го претерувате.
Како прво има и странски надгледувачки мисии, не може да кажеш дека 60 посто е нереален процент. Не се работи за 60 посто од цела Македонија, туку 60 посто од избирачки список, што и не е толку огромна бројка.
А зошто па мора сите да имаат некоја цел. Може бе не сака да гласа, може студира во странство и уопште не му е предизвик да се враќа у Македонија да гласа. Можеби е од Битола и живее во Скопје и го мрзи да се врати назад. Избор бе човек. Не мора да е цел. Битно тебе правото ти е дадено, па сега дали ти ќе го искористиш или не, тоа е веќе твоја одлука.
Како што реков во претходен пост, јас сум најголем противник на апатија и неизлагање на избори, но тоа е мое мислење. Ако јас сметам дека треба да излезам, не значи дека сите сакаат да излезат.
Треба да има подигнување на свеста и кампањи за тоа колку е битно гласањето, но не и тоа да биде задолжително или за мене да одлучува државата дали треба да гласам или не.
Добро бе луѓе, толку ли не си го познавате сопствениот систем?
Втор круг во Македонија има во локални и претседателски избори и тоа ако и само ако НЕМА кандидат кој ОСВОИЛ 51 посто од гласовите на гласачите кои излегле. Значи ако на пример Петко освои 49 посто од гласовите, а Ристе освои 41 постои, а 10 посто се неважечки, втор круг ќе има затоа што никој не освоил 51 посто од гласовите. А ако уште у прв круг некој тепа со 51 посто, нема да има втор круг. Во Русија, Путин тепаше во прв круг затоа што имаше 60 посто од гласовите, а ако имаше 49 посто ќе имаше втор круг.
И да има задолжително гласање, пак е можно да има по два круга.
А дали тој што нема голем IQ, што има една нива и не знае да чита нема право да одлучи кој ќе раководи со државата во која живее? Зарем нема и тој право да има мислење и да се одлучи за кого да го даде својот глас, за кој ќе мисли дека ќе му го подобри животот? Или тие не заслужуваат да имаат подобар живот?
Аха, пази дека со задолжително гласање не може да ти биде злоупотребен гласот.
Еве одма ќе ти кажам ситуација.
Ќе им платат на луѓето да седат дома, тие ќе си останат дома, овие другите ќе гласаат место нив.
Секако може да се злоупотреби гласот.
А на крај краева, повторно се сведува на правото дали ТИ како индивидуа сакаш или не сакаш да гласаш. Има аполитични луѓе кои едноставно не сакаат воопшто да гласаат и за кои тоа се коси со нивните принципи.
Јас секогаш сум излегувала на гласање, ама доколку се имплементира вакво нешто - од принцип нема да излезам. Ќе платам и казни и све, ама не сакам никој да ме приморува да излагам на гласање.