Споделете тајна - анонимно!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.586
Поени од реакции
35.792
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Сите имаме тајни.
Сите сакаме да ги откриеме тајните на останатите.

Идејата е можеби постара и функционира на повеќе сајтови, но би било навистина интересно да се воведе и на форумов. Бидејќи станува збор за уметнички проект прво се мислев дали да ја отворам во форумот за УМЕТНОСТ, но се одлучив за „општи муабети” затоа што сигурно ќе има поголем интерес.

Идејата е секој што сака анонимно да ја сподели неговата тајна со останатите, тоа да го стори со креирање на слика (во JPG формат). Сликите може да ги создавате со помош на некои од програмите наменети за тоа како Photoshop, MS Paint и слично - не е тоа толку битно.

Пораката на сликата може да биде секаква: изразување на љубов, неверство, скриени фантазии, чувства, некое интересно искуство...

Значи, ова е натпревар на креативност во кој се бара голема отвореност. Сликите ќе бидат пратени анонимно на мојот мејл, а потоа јас ќе ги „закачам” тука.

Сликите може да ги праќате на marjan@kajgana.com на 2 начина:

1) Преку ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА. Во полето „Recepient Email Address” пишете marjan@kajgana.com . Подолу имате поле за прикачување на сликата и едно поле кај што ќе треба внесете некој код за верификација.
2) преку вашиот постоечки мејл.

Ова е се направено за споделувањето на тајните да биде анонимно (иако, доколку некој сака може и да се потпише...). Иако, и да ги пратите од вашиот личен мејл, гарантирам дека нема да ви го откријам идентитетот.

Ем ќе ви олесни, ем ќе биде интересно. :wink:

Значи фаќајте се за работа и визуелизирајте ги вашите тајни!
 
пеер.. не дека серам.. ама ова е плагијат.. тајни.блог.ком.мк.. океј, они го имаат исплагирано од постсикрет.. ама па денес у весник беа..

башка пеер лошо е на форум.. милион посто ќе има сеирење, ама онакво, до срж.. шо ќе вроди негативно.. остај ги на блог, таму нема однос заедница-членови, туку поединец-свет.. ти текиња?

едино ако нема онакво „лично”.. може.. и то..
 
Кажав дека идејава е стара и ја има на други сајтови. Интересна идеја. Не профитирам јас со неа, едноставно интересно е.
И сеирење нема да дозволам да има, исто како и тупење за тоа чија била идејата. :wink:

Затоа, без дискусии за идејата, туку праќајте тајни. :-)
 
Acid напиша:
Кажав дека идејава е стара и ја има на други сајтови. Интересна идеја. Не профитирам јас со неа, едноставно интересно е.
И сеирење нема да дозволам да има, исто како и тупење за тоа чија била идејата. :wink:
океј :) онда праќам тајни..

---------------------------
Едит - Аcid
- Ама у Пејнт да бидат! :-)
 
Експресно пристигна првата!

tangi.jpg
 
И ги заклав на комшиката гумите од стокецот.
 
И што стана со оваа толку интересна тема? Нема повеќе тајни:uvo:
 
Јас ќе споделев тајна, да беше дозволено во пишана форма. :(
 
Јас ќе споделев тајна, да беше дозволено во пишана форма. :(
Ако е во пишана форма нема да биде анонимна... Мора да измислиш некаква слика за тајната :)
 
После толку време, пак се активираше темава...
Штотуку ми стигна ова:

samsungu600ay9.jpg
 
Јас прашав што стана со темата и одма нови пристигнаа:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom