Немој да ни објаснуваш ти дали ни треба back-up или не.
Тие што ќе протестираат се полнолетни. Ако ни требаше твоја грижа, ќе беше уредно запрашан.
Мислењето за СДС е познато, затоа и на избори не одат.
Затоа и организаторите им кажаа како што им кажаа - види
http://www.facebook.com/NieSmeMakedonci
Е така се кажува - директно и во очи. А не лигаво „знаеш, јас сум активист, ама со љубов доаѓам, не дека зависам директно од партија“ итн. Па кај бевте вие активисти во 2002 кога СДС го направија ова први?
Јасно им е на СИТЕ зошто се обидуваат да го превземат протестот - затоа што им одговара власта да губи поени, а не дека ги интересираат проблемите што подоцна Македонците ќе ги имаат. Памтиме и за референдумот за територијална поделба - каде што СДС директно ја продаде територијата на Албанци. Знаејќи го сето тоа и најстрашниот факт - НЕМА ПРОМЕНА ВО ТАА ПАРТИЈА - не можеме да очекуваме поинакво делување овој пат. Затоа и секој се дистанцира од нив. Дури и Генералот Ангелов почнува.. и за тоа му честитам, ако успее целосно да се дистанцира.
Никој никаде не забрани (напротив, се охрабруваат) граѓанин да дејствува како граѓанин. Но, мислам дека има јасно
предупредување до партиските лингури од сите партии - да не го тестираат трпението на тие што дошле да протестираат како непартиски и како обични граѓани. Нема да дозволиме секој можен протест да се уништува најмалку од една од двете партии. Во оваа држава сепак има највеќе независни, а не лингури во партиите. Сега јасно ти е?