Прашања за Исламот III

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Интересно прашање,не се обидува да не збуни,од исламски аспект Аллах знае што е најдобро за нас,и ако е нешто пропишано тоа е за доброто на човекот,Аллах не забранил ништо а да не ни носи штета.
Јас не сум истражувал по ова прашање,но е интересно и ако има некој од браќата муслимани кој го знае одговорот нека го постави :)
Јас го имам одговорот по тоа прашање.

Ама нема да ви се допадне:P

Прво била саботата кај Евреите во Тората.

Дошле Христијаните, копирале и смениле во недела, да се разликуваат.

Дошле муслиманите копирале и смениле во петок, да не биде како претходните две опции.

Дали е ова најлогичното нешто?
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Аллах во Куранот на едно место вели: Ние куранот го објавивме на Арапски сите да разберат т.е. да сватат.

Куранските цитати се објавени поради некои случувајна во тогашното време. Кои ние тие Курански цитати ги земаме и ги изучуваме доколку се сретнеме со такво случување да знаеме што да правиме. Куранот е објавен за сите, независно дали се Арапи или не, Црнци или белци, богати или сиромашни, мажи или жени.

Земај читај ако сакаш за да разбереш, и оди понатака со прашањата.
еее дојдовме до моето прво прашање кое уште не е одговорено, зашто на планетата нема еден јазик туку повеке, сите луге така не можат да се разберат а куранот е на арапски, зарем не мислиш дека треба мислиманите сите без разлика на кој дел од светот живеат да имаат еден јазик арапски , на тој начин многу ке им олесни, според библијата порано имало само еден јазик но поради некои случувања не е тоа така веке, а според куранот?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Абе по мое доаѓа.:P

Светите книги нудат философија и празна реторика, затоа се и такви прашањата.

Најубаво прашања од реалниот живот на муслиманите да има.

Еве од стално ме интересирало дали Турците и Албанците практикуваат ист вид на Ислам? Дали по одредени круцијални прашања имаат исти видувања?
Можеш ли накратко споредба да даеш.

И кој по тебе е поблиску до вистинскиот Ислам?

И уште едно прашање тука. Дали крвната одмазда ја има кја ТУрците или тоа е надвор од Куранот иповторно е поврзано со национална традиција?
Темава е сепак прашања за Исламот а не прашања за муслиманите,тука има голема разлика но нејсе.
Исламот е во глобала ист,верувањата се истите,има разлики во практикувањето.
Но во круцијалните прашања мислам дека нема големи разединувања,но секако дека има спорни моменти.
Ако мислиш на албанците и турците во македонија(збориме за оние кои ја практикуваат верата) мое видување е дека албанците се поблиску до вистинскиот Ислам.

И да куранот пропишува крвна одмазда,со нагласок на тоа дека е многу поубаво да се прости крвта,кој може да го направи тоа развил голем степен на верување(зборам за простувањето).
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Јас го имам одговорот по тоа прашање.

Ама нема да ви се допадне:P

Прво била саботата кај Евреите во Тората.

Дошле Христијаните, копирале и смениле во недела, да се разликуваат.

Дошле муслиманите копирале и смениле во петок, да не биде како претходните две опции.

Дали е ова најлогичното нешто?
Неможеме во врска со ова прашање да земеме логично размислување, треба да се анализира да се приберат сите Аргументи. Сепак станува збор за СВЕТИ ДЕН.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Темава е сепак прашања за Исламот а не прашања за муслиманите,тука има голема разлика но нејсе.
Исламот е во глобала ист,верувањата се истите,има разлики во практикувањето.
Но во круцијалните прашања мислам дека нема големи разединувања,но секако дека има спорни моменти.
Ако мислиш на албанците и турците во македонија(збориме за оние кои ја практикуваат верата) мое видување е дека албанците се поблиску до вистинскиот Ислам.

И да куранот пропишува крвна одмазда,со нагласок на тоа дека е многу поубаво да се прости крвта,кој може да го направи тоа развил голем степен на верување(зборам за простувањето).
Интересно, јас мислев дека е обратното и дека Албанците се далеку од верата.

Ама Ок.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Неможеме во врска со ова прашање да земеме логично размислување, треба да се анализира да се приберат сите Аргументи. Сепак станува збор за СВЕТИ ДЕН.
Како мислиш СВЕТИ ДЕН?


Какви аргументи да земем.

Еве пробај ти сам да си даеш објаснување.

Што ти мислиш за тоа?
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Јас го имам одговорот по тоа прашање.

Ама нема да ви се допадне:P

Прво била саботата кај Евреите во Тората.

Дошле Христијаните, копирале и смениле во недела, да се разликуваат.

Дошле муслиманите копирале и смениле во петок, да не биде како претходните две опции.

Дали е ова најлогичното нешто?
Извинете поради Големината на текстот, за да разберете треба целосно да го прочитате инаку нема да раберете сепак ќе оди дебатирањето на друга страна. А за појаснување нормално некој знае во Арапскиот јазик ЏУМА се однесува за ПЕТОК.

Благодарноста му припаѓа на Возвишениот Аллах, мир и спас нека бидат врз најодбраниот Аллахов пратеник Мухаммед, на неговото семејство и сите асхаби!
Почитуван брате во Ислам!
Возвишениот Аллах го одликувал умметот на Аллаховиот пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, со бројни и величествени одлики и вредности.. меѓу нив, несомнено, спаѓа и вредноста на денот џума (петок).
Од Ебу Хурејре, Аллах да е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Рече Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.: ’Аллах ги одвратил од џума оние кои биле пред нас, и евреите ја имаат сабота, христијаните недела, а Аллах нас нè упатил на ден џума (петок). Затоа, го направил денот на џума да биде прв, па следи сабота, па недела. Истотака, Аллах ни дал предност над нив на Судниот ден! Ние сме последните жители на дуњалукот, а први на Судниот ден позади кои останатите створенија ќе се поведат.“ (Муслим)
Хафизот ибн Кесир, рекол: „Денот џума е наречен џума затоа што тоа е изведба од зборот ел-џем’у (собирање), заради тоа што во него муслиманите се собираат еднаш во неделата..
Аллах не верниците им наредил во овој ден да се соберат поради ибадет (молитва), и вели: „О верници, кога во петок на молитва ќе бидете повикани, трговијата оставете ја и побрзајте молитвата да ја извршите!“ (Сура Ел-Џуму’а)
Ибн Кајјим, рекол: „Денот на џума е ден на ибадет! Во однос на другите денови, тој е како рамазан наспроти останатите месеци, а часот во кој се прима довата во него – е како Лејлетул-кадр во рамазан.“ (Задул-Ме’ад, 1/398)

Причини на одликуваност на петокот над другите денови
1.Тоа е највреден ден, бидејќи се пренесува во хадис од Ебу Хурејре дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Највреден ден во кој излегло сонцето е денот џума. Во тој ден е создаден Адем, тој ден е воведен во Џеннет, тој ден е изведен од него, и Судниот ден ќе се случи тој ден.“ (Муслим)
2.Во овој ден се клања џума-намаз кој спаѓа меѓу највпечатливите фарзови во исламот и меѓу највеличествените собирања на муслиманите. Оној кој остави џума заради немар, Аллах ќе му го запечати срцето, како што се наведува во хадис од збирката на имамот Муслим.
3.Во овој ден се наоѓа час во кој Аллах ги прима довите. Од Ебу Хурејре се пренесува дека рекол: Рече Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.: „Навистина, во денот џума постои еден час во кој робот муслиман, ако го замоли нешто Аллах, стоејќи во намазот, Тој тоа и ќе му го даде..(Бухарија и Муслим)
4.Садаката е повредна во петок. Ибн Кајјим, рекол: „Садаката поделена во овој ден, во однос на другите денови од неделата е како садаката поделена во месецот рамазан во однос на другите месеци.“
5.Тоа е ден во кој Возвишениот Аллах ќе им се покаже на верниците во Џеннетот. Од Енес ибн Малик, се пренесува дека по повод зборовите на Возвишениот Аллах: „ ..Во него ќе имаат се што ќе посакаат, а од Нас и уште повеќе“ (сура Каф, 35), рекол: „Тој, нив ќе им се покажува секој петок!“
6.Петок е неделен празник и ден на радост. Од ибн Абас се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Навистина, Аллах овој ден го направил празник, и кој го дочека петок нека се избања...“ (Ибн Маџе, а се наоѓа и во Сахихот Ет-Тергиб, 1/298)
7.Тоа е ден кога се бришат гревовите. Се пренесува од Селман, дека рекол: „Рече Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ’Секој човек кој се избања во петок, се очисти колку што може, и се намириса во својата куќа, потоа тргне во џамија без да вознемирува некого и го клања она што Аллах му го пропишал и молчејќи го сослуша имамот додека зборува, ќе му биде простено она што се наоѓа помеѓу тој ден и следниот петок.“ (Бухарија)
8.Награда за секој чекор. Од Евс ибн Евс се пренесува дека рекол: „Рече Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., : Кој во петок се избања, и порани (за џума) се приближи до имамот и ако молчи (за време на хутбето), за секој чекор ќе има вредност како година дена на пост и намаз, а тоа на Аллах му е лесно.“ (Ахмед и автори на Суненот, а ибн Хузејме го оценил како сахих)

Почитуван брате во Ислам!
Посвети му на петокот посебно внимание во однос на другите денови од неделата умилкувајќи му се на својот Господар со разни видови ибадет! Еве неколку препораки во тој смисол:
1.Убаво е на сабах намазот во петок да се учат сурите Ес-Сеџде и Ел-Инсан, бидејќи и Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., имал обичај тогаш да ги учи. (Бухарија и Муслим)
2.Убаво е човек да донесува што повеќе салавати на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. Од Евс ибн Евс се пренесува дека Веровесникот, с.а.в.с., рекол: „Навистина највреден ден е денот на џума! Тој ден е создаден Адем, во тој ден се преселил, тој ден ќе се случи дувањето, во тој ден сè ќе поумре .. затоа на тој ден донесувајте салавати на мене, бидејќи вашите салавати, навистина допираат до мене.“ (Ахмед и други. Невеви овој хадис го смета за сахих)
3.Во суннет на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., спаѓа и бањањето во овој ден, бидејќи рекол: „Кој од вас ја дочека џума, нека се избања.“
4.Истотака убаво е во петок човек да се облече во најубава облека, да се намириса и да ги очисти своите заби. Од Ебу сеид ел-Худри се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Секој полнолетен човек треба да се избања во петок, да употреби мисвак (да ги измие забите) и да се намириса доколку има можност за тоа.“ (Муслим)
5.Убаво е да се порани на џума-намаз. Овој суннет скоро да замрел, Аллах да му се смилува на оној кој во своето место го оживее! Од Ебу Хурејре се пренесува дека Веровесникот, с.а.в.с., рекол: „Кога ќе дојде петок, мелеците застануваат на вратата од џамијата и секој го запишуваат еден по еден. Пример на оној кој порани на џума е како оној кој заклал камила за курбан, потоа оној кој жртвува крава, ако дојде подоцна како оној кој жртвува овца, па кокошка, па јајце. Па, потоа кога дојде имамот и седне на минберот, тие ги затвораат своите страници и седнуваат да слушаат зикр.“ (Бухарија)
6.Убаво е во петок да се проучи сура Кехф. Од Ебу Сеид ел-Худри се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: “Кој во петок ја проучи сурата Кехф, ќе му биде дадено светло помеѓу двата петоци (џума)“ (Хаким и Бејхеки, а Албани смета дека е сахих)
7.Не е дозволено на оној кому му е обврска да клања џума да патува во петок, откако настапило нејзиното време, додека не ја клања. (Задул-Меад 1/382)
8.Не е убаво да се пости само во петок или да се одреди ноќта во очи на петок за ноќен намаз, бидејќи во хадис од Ебу Хурејре се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Не ја одредувајте за намаз ноќта во очи петок, ниту денот петок за пост покрај останатите денови, освен ако некој од вас веќе постел..“ (Муслим). Ако некој сака да пости петок, обврска му е да го пости денот пред тоа или следниот ден, заради зборовите на Пратеникот, с.а.в.с.: „Нека никој од вас не пости во петок освен ако постел претходниот или следниот ден!“ (Бухарија и Муслим)
9.Оној кој влезе во џамијата за време на хутбата, треба да клања два рекати пред да седне, бидејќи Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Ако некој од вас дојде на џума за време на хутбата нека клања два рекати, а потоа нека седне. (Муслим)
10.Во текот на хутбата, муслиманите се должни да молчат и внимателно да го следат излагањето на имамот. Од Ебу Хурејре се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Ако за време на џума, додека имамот ја држи хутбата, кажеш макар и на најблискиот до тебе: ’Молчи!’ си направил бесмислица (која ја расипува наградата на џума)!“ (Муслим)
Драг брате, петок е симбол на нашето единство и симбол на нашата љубов и солидарност! Заради тоа треба да настојуваме да на овој вреден и корисен ден во нашите срца му го подариме место кое му припаѓа. Нашиот Господар во тој ден на верниците им дарува посебна почест, затоа го молиме Аллах и нас да нè израдува со наградите кои ги нуди во петок! Амин!
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Како мислиш СВЕТИ ДЕН?


Какви аргументи да земем.

Еве пробај ти сам да си даеш објаснување.

Што ти мислиш за тоа?
За Свети ден, мислам дека те прочутав некаде на коментарите освен ако не направив некоја грешка. ;) Па читајго внимателно последниот коментар кој го дадов во врска со ова прашање, само ветими дека ќе го прочиташ целосно. Благодарам на разбирањето.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Глуп си или на сила напињаш?
Рамноправноста никогаш не значела ИСТИ ПРАВА,тоа и ти го знаеш и сите го знаат тоа ама само кога е исламот во прашање тогаш напињате.
Има работи кои се народски кажано машки работи,и има работи кои се женски работи.
Не е природно жените да рмбаат на бауштела,а мажите да работат како секретарки у фирма.
Да се жалиме ли сеа ние мажите што не сме рамноправни,и што кога се цепат дрва само мажи го прават тоа?
Една од тие работи која е машка работа во исламот е и тоа што до сега пробувам да ти го објаснам.
И дај молим те или биди малку реален или едноставно не ме цитирај повеќе,дете од 5 години би сфатело до сега.
Епа незнам кој е глуп, ама рамноправност значи токму тоа - ИСТИ ПРАВА!
Плус, ако вие муслиманите ги делите работите на машки и женски, не е ли поадекватно титулата "Оџа" или свештеник да има и машки и женски претставници?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Јас го имам одговорот по тоа прашање.

Ама нема да ви се допадне:P

Прво била саботата кај Евреите во Тората.

Дошле Христијаните, копирале и смениле во недела, да се разликуваат.

Дошле муслиманите копирале и смениле во петок, да не биде како претходните две опции.

Дали е ова најлогичното нешто?
Те молам друже,твоите логички одговори овде не се потребни.
Се поставува прашање за Исламот,и се очекува Исламски одговор,а твоите логички заклучоци остави ги за друга тема,ако сакаш и понатаму да ти се одговара на прашања.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 01:17 ---
Епа незнам кој е глуп, ама рамноправност значи токму тоа - ИСТИ ПРАВА!
Плус, ако вие муслиманите ги делите работите на машки и женски, не е ли поадекватно титулата "Оџа" или свештеник да има и машки и женски претставници?
:place:
Добра ноќ.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Те молам друже,твоите логички одговори овде не се потребни.
Се поставува прашање за Исламот,и се очекува Исламски одговор,а твоите логички заклучоци остави ги за друга тема,ако сакаш и понатаму да ти се одговара на прашања.
.
Не е битна темата. Се развива дискусијата. Нејсе ти си кажа дека немаш соодветен одговор, јас дадов логичен и тоа е тоа.

Дали си се нашол досега во ситуација како муслиман да подлегнеш на алкохолот и да испиеш две три чашки?

Како се справувате со ова кога излегувате некаде на ручек или вечера, или навечер во град?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Не е битна темата. Се развива дискусијата. Нејсе ти си кажа дека немаш соодветен одговор, јас дадов логичен и тоа е тоа.

Дали си се нашол досега во ситуација како муслиман да подлегнеш на алкохолот и да испиеш две три чашки?

Како се справувате со ова кога излегувате некаде на ручек или вечера, или навечер во град?
Тоа никој генерално не може да ти го одговори,бидејќи не се сите луѓе исти.
Јас,фала му на Аллах до сега се справувам со тоа повеќе од одлично.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тоа никој генерално не може да ти го одговори,бидејќи не се сите луѓе исти.
Јас,фала му на Аллах до сега се справувам со тоа повеќе од одлично.
Не, повеќе ме интересира од психолошки аспект.

Дали ти треба многу труд и психички напор да го спречиш тој порив во дадена ситуација, или е нешто налик цигарите.

Што вели Исламот за цигарите?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Не, повеќе ме интересира од психолошки аспект.

Дали ти треба многу труд и психички напор да го спречиш тој порив во дадена ситуација, или е нешто налик цигарите.

Што вели Исламот за цигарите?
Од било каков аспект,мене не ми треба многу труд за алкохолот.
Значи ова пак лично ти го зборам,можеби некои други муслимани имале или имаат проблеми психолошки со тоа,јас немам.

Цигарите се исто така харам(забранети) не толку изречито како алкохолот и други забрани за конзумирање,но сепак се забранети на помал степен на забрана.
Се е до карактерот,а не до поривот,ако нешто ми штети нема да го правам. :)
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Не, повеќе ме интересира од психолошки аспект.

Дали ти треба многу труд и психички напор да го спречиш тој порив во дадена ситуација, или е нешто налик цигарите.

Што вели Исламот за цигарите?
Нека се отври нова тема ПСИХОЛОШКО МИСЛЕЊЕ ЗА ОДРЕДЕНИ ПРАШАЊА ВИ РЕЛИГИИТЕ, таму може да се даде одговорот. ;)
Незнам колку ќе сватиш, но со подетално објаснување неможам да одам, затоа јас ќе го кажам моето мислење. Има исламски учењации кои го забрануваат пушењето на цигари, а има некои викаат тоа е НЕПОЖЕЛНО да се пуше. Благодарам на разбирањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom