Acid
1. Промоција на фотографиите од членовите:
- Организирање на натпревар со одреден мотив пр. храна, сонце, стара куќа, споменик и сл. каде што членовите ќе постираат свои фотографии и да се гласа.
- Победникот на таа тема одбира свои 5 слики кои мисли дека се најдобри и на кајгана да се објават да му дојде како еден вид на промоција на портфолиото на тој член.
- Со самото ова членовите ќе имаат поголем мотив за пишување на овој подфорум.
2. Фотографски собиранки меѓу членовите:
- Еднаш во неделата да се прават собиранки по договор кога ќе им одговара на членовите за споделувања на искуства, размена на трикови на информации и сл.
- Евентуално по договор да се организираме да идеме во акција т.е. на фотографирање на одреден мотив да речеме во парк и (10,20,30) зависи колку луѓе ќе сме сите заедно да идеме и потоа да има натпревар за тие фотки.
3. Дискусии за можностите на Canon и Nikon како најзастапени:
- Да се отворорат две посебни теми па и повеќе за останатите марки како Olympus, Pentax и др. каде што секоја недела ќе се менува моделот за дискусија.
- Една недела се дискутира да речеме за Canon 5D Mark, потоа за Canon 20D и сл, додека во другата тема за Nikon D80, Nikon 3100 итн.
4. Да се отвори нов подфорум Рецензии:
- Членовите да можат да даваат рецензија и сопствено искуство со одреден модел на апарат/објектив и сл.
- Или тоа да им се одстапи на членовите со поголемо искуство.