Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
Озбилно и странци убиваат за алкохол и живеење?
Не сум сигурен за алкохол дека е смртна казна, се шушкаше на работа дека некои шофери од Турција шверцуваат водка и ја продаваат по баснословна сума, ама не знам некој што купил.
Исто така се шушкаше и за една јавна куќа каде што се врткаат Филипинки, ама никогаш не ја видов.
Бев само два месеци во Кувајт, работев надвор од градот и потоа се преместив на друго место, па не знам премногу.
Проблем е таму што не можеш воопшто да купиш алкохол и да најдеш дрога.
За дрога сум сигурен дека кинат сигурно и странци, во Индонезија сега брзо направија егзикуција на Австралјанци за џоинт. Не се сомневам дека истото го прават и во Кувајт.
Во Дубаи е поинаква приказна, во одредени локали и хотели се точи алкохол и се пие слободно. Пример во Ајриш Вилиџ мојот омилен паб можеш да го правиш тоа и надвор во случај ако не е месец на Рамазан.
Исто така имаш и полулегални јавни куќи каде што врија девојки од Кина и Источна Европа. Внатре исто така се точи алкохол. Не разбрав никој да го фатат и осудат за секс со проститутка, а верувам дека илјадници луѓе го прават тоа секоја вечер таму во клубовите.
Сите тоа го знаат ама го премолчуваат за да има туристи во градот.
Од друга страна може ако се запни некој идиот да те казни со казна затвор ако џвакаж ск'с, поткаснуваш или пијаш вода на јавно место за време на постот.