Диети за зголемување килажа

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Локација
Meridian (Earth 99-2525)
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.
 
jadi celo vreme..i jadi meso....i ke kacis kilaza mnogu lesno...pod celo vreme mislam na...sabajle dva pati ko hobit...porucek dva pati navecer dva pati
 
Ја со душа го чекам моментот да се видам во огледало 10 кила ослабен , тој ми вели сакал да накачи килажа. Хамбургери брате , мајонез , јади повеќе мрсно пред спиење.Ова го кажувам од искуство. Јас имам навика обавезно пред спиење нешто да каснам , инаку неможам да заспијам , шуќур последниве 2 години малце подослабев , инаку во 4та година средно имав 102 кила , сега 94 :) Што се тиЌе теретаната , не дебелееш од тоа , само ги згрчуваш мускулите. Теретана е пример сега за мене , јас имам килажа но немам мускулатура ( добро чат пат има по некој бицепс се наоѓа ). Тоа е :)
 
Ја со душа го чекам моментот да се видам во огледало 10 кила ослабен , тој ми вели сакал да накачи килажа. Хамбургери брате , мајонез , јади повеќе мрсно пред спиење :) Ова го кажувам од искуство :)

Ne saka da umre pomlad, kilaza saka da stekne
 
Ја со душа го чекам моментот да се видам во огледало 10 кила ослабен , тој ми вели сакал да накачи килажа. Хамбургери брате , мајонез , јади повеќе мрсно пред спиење.Ова го кажувам од искуство. Јас имам навика обавезно пред спиење нешто да каснам , инаку неможам да заспијам , шуќур последниве 2 години малце подослабев , инаку во 4та година средно имав 102 кила , сега 94 :) Што се тиЌе теретаната , не дебелееш од тоа , само ги згрчуваш мускулите. Теретана е пример сега за мене , јас имам килажа но немам мускулатура ( добро чат пат има по некој бицепс се наоѓа ). Тоа е :)

Работата е што ми кажаа дека со идење таму, нели се трошиш и се, и дека самиот организам ќе ти бара повеќе храна. Јас идев неколку месеци, но не вежбав интензивно зошто бев почетник, и имаше некоја промена, ама не доволно значителна, во однос и на калемење мускулна маса. Почнав заедно со еден другар, и он почна да му се наѕираат мускули, а кај мене не, а смешното е што кревавме иста килажа на скоро сите справи, ама само он растеше, и се мислев дали е нешто генетски, бидејќи нити килажа качив многу, нити се издефинираа мускуливе.

Прашав зошто освен килажа сакам и другово да го постигнам, а едно без друго не иде, па сакав да видам дали има некој начин да качам килажа пред да почнам пак, зошто решив пак да се вратам на вежбање.

Инаку фала на советот, и верувај, колку што те мачи тебе твојот проблем толку ме мачи и мене мојов :D. Радо би сменил места со тебе, зошто тебе ќе ти е полесно да развиеш мускули кога веќе имаш килажа/масти итн.
 
Толку килограми јас имав на 13-14 години и тоа без еден од помалите тоа време :D инаку зголемувањето на тежина е слатка мака за разлика од слабеењето, зголеми количински само тоа сега што го конзумираш (пред се млеко и месо) игнорирај ова мајонез/брза храна итн зошто не е здраво иако ќе накачиш и со тоа. И земи си бадеми во 100 грама има дури 500~ калории а без проблем можеш на ден да јадеш по 200-300 грама на ден од што е вкусни.. е сега малце поскапи се ама ако имаш можност.

Ова погоре само за накачување килажа, а ако ти е за накачување и во меѓувреме одиш теретана тогаш логично е да внесуваш калории повеќе од потребното но да јадеш протеинска храна за мускул правење.
 
Протеини и јаглехидрати. Глеј повеќе пати во денот да јадеш, поткаснувај нешто цело време. Биди побрз од метаболизмот. :D
 
Брзата храна не можам да ја исклучам скроз, бидејќи друштвото често ја конзумира, а и јас си ја сакам, можам само да ја намалам повеќе, доколку пречи во целите што сакам да ги постигнам, а свесен сум дека не е здрава, особено ако некој често го конзумира тоа.

Инаку ќе гледам да искомбинирам нешто од советиве до сега. Млеко многу не пијам, повеќе сум ориентиран кон јогурт, сирење, кашкавали (игра улога тоа што не пијам многу млеко?), протеинска храна конзумирам, само можеби треба во поголема мера да биде, не знам? Само во однос на количина, скоро колку татко ми јадам, а он има 115 кила. Ќе треба повеќе и од него да јадам? :confused:
 
И јас бев тежок ектоморф али ги зголемив дневните оброци од 3 на 5-6 и ете од 18 години до 20 качив 20 килограми.....ако тоа не ти успее со оброците тогаш ќе мораш да земеш weight gain supplement .

Просто е треба да јадеш повеќе калории однего што трошиш и тежината доаѓа загарантирано.
 
Шкорп, за здраво качување килажа наjвеќе помагаат здравите шеќери т.е од овошjето. Добра работа ти е милкшеjк со банана, суво грозjе и полномасно млеко. Jади повеќе бадеми, ореви, лешници (имаат поголем процент на здрави масти) и нормално jади повеќе jаjца. Се на се ти требаат повеќе протеини и по-калорична храна, можеш да пробаш и со геjнер.
 
Брзата храна не можам да ја исклучам скроз, бидејќи друштвото често ја конзумира, а и јас си ја сакам, можам само да ја намалам повеќе, доколку пречи во целите што сакам да ги постигнам, а свесен сум дека не е здрава, особено ако некој често го конзумира тоа.

Инаку ќе гледам да искомбинирам нешто од советиве до сега. Млеко многу не пијам, повеќе сум ориентиран кон јогурт, сирење, кашкавали (игра улога тоа што не пијам многу млеко?), протеинска храна конзумирам, само можеби треба во поголема мера да биде, не знам? Само во однос на количина, скоро колку татко ми јадам, а он има 115 кила. Ќе треба повеќе и од него да јадам? :confused:

Нема разлика за млеково, протеинската храна треба да ти биде пола од растително пола од животинско потекло. Растително: соја, грав, леќа грашок, печурки. Животинско, си знаеш месо и млечни.
Припази на она што ти пишав во другата тема, важни се б витамините, чести оброци како и здравите масни киселини.
 
Еве ти храна што треба повеќе да ја консумираш :ориз , макарони , грав , туна , пилешки гради , бифтек , свинско , белки од јајце , лешници , маслиново масло , риба , секаков вид на овошје , млеко .
 
BMR calories + calories burned from workout + 500 calories

2гр протеин по кило - 1гр протеин = 4 калории
1гр масти по кило - 1гр масти = 9 калории
Xгр ЈХ (рестото од калориите) - 1гр ЈХ = 4 калории

3 пати неделно теретана
3 пати неделно пешачење по 1 саат - 6км

гарантирано качуваш тежина
 
И јас на твоја возраст бев со иста висина и килажа а гнетев се и сешто и не се дебелеев. Во тоа време активно се занимавав со аматерски фолклор, три пати неделно по два саати скокав и “го везев ситното“ и од мускули имав само на нозете на долниот дел. Ама сега после десет години кога метаболизмот се успорува и вода да се напијам се лепи. Затоа уживај дури можеш и не се нервирај како да качиш килажа зашто за десетина години ќе се нервираш како да симнеш килажа и ќе се нервираш од јо-јо ефектот после сите диети.
Гледај само храни се поздраво ако можеш. (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom