Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Ако пушиш цигари(да речеме кутија цела дневно подолг временски период) воопшто да не те зачудува зачестеното лачење на шлајм ......... кај(нас)пушачите постојано се лачи шлајм дури и кога воопшто не се/сме настинати ! :icon_mrgr:
 
Кога пушев по кутија дневно, нон стоп си поткашлував, после ги откажав, изедов 3 тегли мед + таан, од тогаш ни виење у груди, ни шлајмови ни ништо. Па пробај и ти, природен лек.

Тегла мед + тегла сусамов таан, кркај, ко алва е :)
 
Не би рекол дека е настинка од лето е така :)
 
Не секогаш цигарите се причина за шлајм, јас немам на пример, али можеби Хербион сируп од тегавец и некој ринолитик ќе помогне.
 
Иначе цигари не пушам, не сум ни пробал, 16 год сум :)
 
Види понекогаш е нормално-тоа се мртвите бактерии,габи и сл.

Но ако е премногу често најдобро е да провериш и уво нос и грло, белидробови и целосна крвна слика, барем колку толку мирно да спиеш, а риносан би ти помогнал за шлајмот 140 денари е мислам.
 
Хитно ми треба информација, каде може да најдам во државава Медицинска газија или пак ако е од соседниве држави начин како да ја донесам тука.
 
Луѓе, дали е обавезно да се пијат антибиотици после вадење заб? и кои? Фала за одговорот....
земи химорал (chymoral). Андол, аспирин никако
 
Првин на ногата кај скочниот зглоб ми се појави како сува кожа.Значи кожата таму сува,рапава,онака како мртва ми беше,не ме чеша,ни ништо.Е сега проблемот е што сеа местото стана како црвенко,и онака ја си го чепкам по навика.Што би можело да биде?
Го имам веќе може 2 недели
 
За железо сум читала,било добро семе од коприва.Едно лажиче се меша во чаша јогурт....
Најдобро е коприва сомелена и измешана со мед, мислам дека не треба да се обарува и слично туку свежа (секако измиена) сомелена и со мед сабајле на гладно срце супена лажица една до две.
 
Иначе цигари не пушам, не сум ни пробал, 16 год сум :)
Епа си бил на матичен ти нашле бактерија во нос, ваљда стрептококус ауреус, она е честа, можеби од тоа ти било, брисот од грло ти е негативен значи се е во ред, црвено грло - тоа не е ништо страшно, си се напил ладен сок, можеби си настинал и то. Топол чај од мајчина душичка и решена работа или овие модерниве спрејови, септолете, ангал или што ти ја знам, мада ја преферирам природно за такви ситници.

Единствено ако си алергичен на нешто па ти прави вака, или ринитис, ама матичниот ќе се сетел на ова.

Според моиве скромни познавања, нормално е да се создава одредена количина на шлајм, мртви клетки, честички, храна мора некако да се избацат. Има тука доктори па нека ти објаснат убаво :)
 
Совет за добар реуматолог специјалист?
Некоја добра приватна ординација за реуматски заболувања?
Дали го препорачувате одделот за реуматологија на државна клиника и дали има добри специјалисти таму?Ако некој има било каква корисна информација нека пише.
 
Првин на ногата кај скочниот зглоб ми се појави како сува кожа.Значи кожата таму сува,рапава,онака како мртва ми беше,не ме чеша,ни ништо.Е сега проблемот е што сеа местото стана како црвенко,и онака ја си го чепкам по навика.Што би можело да биде?
Го имам веќе може 2 недели
Mozno e da e pojava na giht.
http://sr.wikipedia.org/wiki/Гихт
 
Првин на ногата кај скочниот зглоб ми се појави како сува кожа.Значи кожата таму сува,рапава,онака како мртва ми беше,не ме чеша,ни ништо.Е сега проблемот е што сеа местото стана како црвенко,и онака ја си го чепкам по навика.Што би можело да биде?
Го имам веќе може 2 недели

Лишај може да е, мачкај го со помада да омекне. Имав и ја порано на зглобот такво ама искрено не ми текнува како го излечив :) Некој што се разбира повеќе може да каже. Не го чепкај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom