Дали ви е страв кога сами менувате хардвер?

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.735
Поени од реакции
14.858
Мене лично порано ме фаќаше некоја трема кога менував разни делови, сега мака немам, а и мислам дека искуството си го прави своето.
Едино ми е "страв" сега за џејлбрејкот, али тоа е за софтвер тема :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Ако знам што сакам да сменам и имам потребни делови го имам чувството The world is mine :D
 
Сам си мењам, сам си поправам, сам си раставувам, сам си составувам и пак се си работи. Ја бев вадел матичната од компјутер и ја уградував во гајба и после сите компоненти, си работеше без гајле:pos: .. Имаше само еден прблем, беше грдо ко Боки 13 па го сменив. Малце љубопитност да се има и тата мата си. Не е квантна физика јеботе.
 
Кога го менам не ми е страв... ама кога го пуштам компјутерот да видам дали сум успеал е тогаш доаѓа тремата :D
:cuc: не треба да има повеќе реплики на темава, богами ова чувство на страв е тука негде со она кога си бил мал и си имал страв од Баба Рога.
 
Од Баба Рога никогаш не сум се плашел, ама од Boot богами да :icon_lol:
 
ко ќе гибам нешто си викам - ако му е пишано да рикни нека рикни сега :D до сеа не ми се десило да заебам нешто, освен еден предавател во втора на сколиа ко праеф, врзаф кондензатор однопаку и почна да чади :D
 
Треба само малку внимание и неиспотени раце. :D
 
Освен првата, сите конфигурации сам си ги имам склопено со претходно купени делови. Исто и HTPC-то сам си го склопив и надградбите сам ги правам.
И не ми е страв, туку ми иде нервоза пред да го вклучам оти ако не работи нешто ќе треба да барам кај е грешката, али за среќа таков момент сеуште не сум имал. :)
 
Само треба да се биде внимателен, да знаеш како да ракуваш особено да се внимава на статички електрицитет :cool:, да се знае како работат деловите И покрај сето тоа понекогаш ќе знае да заебе работа некоја ситница која ќе однесе саат во нејзино отклонување.
 
Сум менувал доста пати, се правам како да сум експерт иако никој не ми покажувал ниту сум се учел. Сум стекнал некакво искуство до сега. Моментот е незнаеш, а се правиш експерт :DНајбитно е што успеваш ;)
 
Воопшто не е проблем да смениш нешто ама колку ќе работи тоа што ќе го смениш?
Едино со CPU сум немал работа до сега а и тоа ми изгледа малце сјебано.
 
Воопшто не е проблем да смениш нешто ама колку ќе работи тоа што ќе го смениш?
Едино со CPU сум немал работа до сега а и тоа ми изгледа малце сјебано.
Колку ќе работи... Ќе работи исто толку колку што би работело и кога некој во сервис би ти го сменил, да не мислиш дека во сервис му баат за повеќе да работи. Хаха

Sent from my Nexus
 
Колку ќе работи... Ќе работи исто толку колку што би работело и кога некој во сервис би ти го сменил, да не мислиш дека во сервис му баат за повеќе да работи. Хаха

со солца му баат во сервис :D башка то можи да ти зменат некој дел од компјутерот со некој неквалитетен(или пред расипвање) па послем пак да ги посетиш. и капаче на то ќе платиш еден куп пари за работна рака.
 
зашо да ми е страв? ако си средил се ко шо треба нема од шо да се плашиш.. при палење за секој случај кабелот напонски блиску до рака нека ти е ако има нешо да може да се изгаси одма ПЦ и крај
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom