Драга, почнувам да сфаќам некои работи. Мислам, сега ми е убаво, периодов, ама што ќе биде за некој месец? Уште 4 предмети пред дипломирање, планови за летото, дипломирање во октомври. И толку.
Дилеми и дилеми, да продолжам на магистерски? Драга, не сакам тука.
Да барам работа? Абе, јас ќе барам, ама драга, забораваш во која држава сме.
Ти викам, сега ми е убаво, уште си терам студентски живот, ама кога ќе ми текне дека на тоа му доаѓа крајот за некој месец, се плашам.
Не ги сфаќам колегите што едвај чекаат да дипломираат.
Згора на се, ги извисив кајганџии на последната собиранка. А, фино лепо ме поканија, дури и превоз ми понудија. Планови триста, ко што кажав, нешто морам да откажам, и ме гризе совеста. Добри луѓе има тука, ама ти зборам драга, ме мачат мисли.