Израел се вмеша во војната во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Како се влошува позицијата на Асад, така Хезболах ќе се обидува да дојде до оружјето што Сирија го поседува, велат Израелците, тоа е нивната црвена линија.

Инаку владата на Сирија протестира во Обединетите Нации.

Israel enters the civil war in Syria

The worse Assad’s position grows, the more attempts Hezbollah will make to grab whatever weapons it can get its hands on. And it seems Israel, if it was responsible for the air strike, has made its red lines clear.

http://www.haaretz.com/news/diplomacy-defense/israel-enters-the-civil-war-in-syria.premium-1.500437
 
Е колку лагано го јадат муслиманските земји :facepalm:

А зионистите само да профитират , тоа е кога муслиманските земји не се обединуваат ...
 
Се искомплицира работата. Сепак, не би требало да се вмеша (и) Иран. Мислам дека ќе продолжат вакви провокации, малку напаѓаме, малку не сме ние, ама нема да има поголеми размери.

Сега веќе, не ја отфрлам можноста да падне Сирија.
 
Работава може да стане голема. Сирија се заканува дека ќе има одмазда за израелските напади. А израелските авиони го надлетале и Либан. За Израел е неприфатливо Либан да добие дел од сирискиот воен арселанл, кој не е мал, што е голема закана, па се очекува Израел повторно да напаѓа ако види опасност.

http://www.thestate.com/2013/01/31/2612788/syria-threatens-retaliation-for.html#.UQvP0x1EEaB
 
Цела оваа работа со вмешувањето на Израел ми смрди.

Како можеле 4 авиони да влезат 100 км во Сириска територија, да бомбрадираат фабрика за оружје и да излезат без да реагира противвоздушната одбрана и не само без реакција, они не се сигурни дека нападот е од Израел.
 
Кога ќе видиш само две држави контролираат САД И РУСИЈА.
 
Цела оваа работа со вмешувањето на Израел ми смрди.

Како можеле 4 авиони да влезат 100 км во Сириска територија, да бомбрадираат фабрика за оружје и да излезат без да реагира противвоздушната одбрана и не само без реакција, они не се сигурни дека нападот е од Израел.
а бе каква противвоздушна, какви глупости. Па се живо и диво од воената индустрија во Америка прво се тестира во Израел. Си ја направија како држава Рокфелеровци и Ротшилдовци со германски пари и сеа си тераме. Што држава ќе беше, од кога е формирана 50 години од војна не излезе. Па САД толку да војуваа ќе се исцрпеа...

Муабетот ми беше само Бог знае какви авиони нападнале, што точно нападнале и кој точно ги испратил... Јас чисто се сомневам дека биле стварно израелски...
 
а бе каква противвоздушна, какви глупости. Па се живо и диво од воената индустрија во Америка прво се тестира во Израел. Си ја направија како држава Рокфелеровци и Ротшилдовци со германски пари и сеа си тераме. Што држава ќе беше, од кога е формирана 50 години од војна не излезе. Па САД толку да војуваа ќе се исцрпеа...

Муабетот ми беше само Бог знае какви авиони нападнале, што точно нападнале и кој точно ги испратил... Јас чисто се сомневам дека биле стварно израелски...
Види, од двајца луѓе држава не бидува, колку и да имаат пари тие. За да војуваш ти треба народ со срце. За да опстоиш таму, треба да се размножуваш. Не спиј ти многу по книгите за светските заговори, ако биле парите све, светот денеска ќе се викал Македонија.

Па какво ли летало да има софистицирано САД, има и софистицирани руски радари. Се открива уште кога полетува, а не пак да ти влезе 100км во територија. Па нив им е границата со Израел добро чувана, визуелно ќе ги виделе авионите и ќе ја предупределе ПВО. 5 минути додека влезат 5 минути назад, ако летаат високо и побргу. Ако одат ниско и споро тоа ти се 20 минути.

Или па нападот одел преку Либан?!?!?

Може не се разбирам премногу во воена технологија, но да не се знае одма кој од каде нападнал, па прво имаше конвој, па сите негираа, па сега рекоа фабрика, а никој не спомна противвоздушна одбрана. Имаше бајаги испомешани изјави и од Руска и од страна на САД. Како да имале сценарио, но Израел им ги нарушил плановите. Дури и реакцијата и на Израел и на Сирија за конвојот беше како воопшто да не знаат за тој случај.

Во моментов не сум сигурен што се случува, но сметам дека Израел прави капитална грешка. Освен ако режимот на Асад навистина испушта душа и веќе се во прашање месеци, ако не и недели. Ниту на Русија, ниту на САД, а најмалку на Израел им одговара оружјето на Асадова Сирија да го има новиот режим. Одсуството на пртиввоздушна одбрана би можело да значи дека системите веќе ги собрале Русите.

Како и да е, претставата веќе почна, набргу ќе дознаеме во кој правец ќе се движи. И ме интересира потезот на Турција.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex
a od turcija uste nema nisto?
me merzi da prebaruvam po netov
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 00:53 ---
Светот во страв од војна: Израел го бомбардирал конвојот на Сирија, Иран се заканува со Тел Авив


Израелски борбени авиони, го нападнале конвојот од камиони на Сирија, во близина на границите на Либан, бидејќи се сомневале дека пренесуваат оружје Хезболах.

Се верува дека камионите пренесувале напредни руски ракети со состав SA-17, кои можат да се лансираат кон повеќе мети на радиус од 65 километри, вклучувајќи ги и борбените авиони, хеликоптерите и беспилотните летала. Од друга страна, од Сирија, стигнале информации дека нападот бил наменет кон војничкиот истражен центар, северозападно од Дамаск.

Израел нема да и дозволи на Сирија и Хезболах да ја преминат, таканаречената “црвена линија“, односно планираат на сила да ги сопрат сите обиди на Сирија да го достават неконвенционалното оружје на Хезболах, хемиско или биолошко.

http://tocka.com.mk/1/86339/svetot-...nvojot-na-sirija-iran-se-zakanuva-so-tel-aviv
 
е добро де, мора да има и профит на воена индустрија... па и тие мора од некаде леб да извадат :гомце: :P
 
Цела оваа работа со вмешувањето на Израел ми смрди.

Како можеле 4 авиони да влезат 100 км во Сириска територија, да бомбрадираат фабрика за оружје и да излезат без да реагира противвоздушната одбрана и не само без реакција, они не се сигурни дека нападот е од Израел.
Дискутирате за сириското ПВО и неспособноста на Сиријците. Не се сетивте дека можеби Сиријците намерно не ги бутнаа тие авиони? Тоа значи почеток на војна која Сиријците колку и да го имаат меѓународно право, не смеат да си ја дозволат. Па тоа е и целта на нападите на Израел, провокација. Сирија ја избегна замката, сега би требало Русија да настапи. Овде ќе видиме дали Русија има сила да ги заштити своите интереси или е истата од 90те години.
 
Сириското ПВО претежно е составено од SHORAD(Short Range Air Defense) системи и не претставува закана доколку авионите летале на големи височини,како што се гледа и погоре на видеата.Впрочем и конвојот со проектилите беше составен од medium range SA-17 за кои Израел изјави дека би биле "game changer"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom