Што ако партнерот/партнерката оди на кафе со личност од спротивниот пол?

  • Креатор на темата Креатор на темата Rockstar90
  • Време на започнување Време на започнување
Девојче, затвори Кајгана не читај зелени и напрај си муабет со детето. Овде ко што тргнало уште Хорацио Кејн фали да се појави ту солв д крајм.

Yeahhhhhhhhhhhhhhhhhhh

Шта речи, мислев дека overly attached gf/bf постои само на 9gag...
 
Култирно речено мочајсе во неа/него...

Ако те сака доволно и ако е приврзан/а за тебе нема потреба од кафе со друг/а .....

Тоа пиење само кафе, сите знаеме дека меѓу редови значи дека има нешто ... сакале или не ...

Аман бе...Ако те сака, значи, нема потреба од социјален живот.

Што ви е бре луѓе?
 
Од тие американските филмови колку ви е измешана главата ,страшна работа.
одење на кафе = изневерување 99 посто :facepalm:

Ако го викнала на кафе ( ПАЗИ - НЕКОЈА ШТО ИМА ДЕЧКО ) , не мора да значи дека ќе имаат див секс како во Unfaithful и ќе грми цело веце во кафиќот кај што ќе одат од нив .

Гуши го ти само него , гледај му на фб кој му се пријателки , на мобилен чачкај му , гледај му во очи кога ќе помине јака женска кога заедно шетате низ град да видиш дали ќе ја зирне , и верувај ми , се ќе биде во ред . Мед и Млеко ке ви е врската ( утре посабајле) .
 
Од тие американски филмови има една со дечкое одат 2 години и секогаш кога влегува и излегува од училница му се јавува на дечкое и цела пауза прави муабет со него.
Еднаш не задржаја, и оваа извини шо ти ѕвонам 3 минути покасно не задржаја. ЕЈЈЈЈ 3 минути.
Па и вели на таа шо седи до неа, "Сигурна си дека дечкоти те сака??? Оти не ти се јавува?? Мене дечкоми ми ѕвони кога влегува, излегува од училница, насекое, сигурно те лажи тебе дечкоти."

И од шо се толку напнати од такви работи ја испраќа до чошето кај бабае, и до куќата има 200 метри можи, и одма и се јавува на телефон, случајно да не се сретни со некој.
Болна работа.
 
Едно не можам да разберам зошто повеќето луѓе вака ги сфаќаат работите

Си наоѓаат личност влегуваат во врска и одма таа личност треба на нив да и биде гз гаќи и размислуваат дека таа личност ако излезе на кафе со машко/женско дека таа нешто има со таа личност дека ти се свиѓаат и дека таа личност ќе ја изневери јас на ова гледам дека овие луѓе се себични,љубоморни и ограничени во мозокот ...

Кога веќе си наоѓате партнер немојте да заворавите дека и тој си има приватен живот, тој има пријатели, семејство, точно ви е сте дел од неговиот живот и заедно го креирате заеднички животот но во ред е мала доза на љубомора но да си знаете граници ама не до тој степен да се забрануваат работи како на пр излегување со другар/ка :)

Ако имате таква врска како тоа што е со забранување и сл. не ви бега песнава на крај да си ја слушате ... :) Ако не сакате крај направете си пауза размислете си и одново :)
 
Најдобро решение би било брак после кафето со пријателката и предбрачен договор за забрането пиење на кафе со личности од спротивен пол.
Ми се чини дека имаше приватен детектив низ Скопје, ти нели беше истата девојка што немаше проблем со пари и бараше поскап поклон за својот дечко.
Појди во агенција и уплати нека ги следи некој што прават. Или уште подобро можеш да се пријавиш на Измамници и ќе се гледаш дури и на ТВ Пинк и Сител.
 
Да де, ама тоа е табу.
Но, затоа ваков љубовен проблем, се екстрахира и се отвара посебна тема.
Кој не отвори сега една со наслов "Дечко ми ја погледна под око девојката у пролазу" еве на!!

Ало, модератори!! :)

Да?

Ја отворив темата бидејќи за една вечер исполни 2 и пол страници со муабет, а следниот ден немаше абер да престане, па, за да не се гушат другите луѓе коишто бараат решенија на нивните љубовни проблеми (коишто не предизвикуваат дискусии), сите мислења што беа на оваа тема се во оваа, нова, тема. И понатаму, нова тема ќе се отвора за секој љубовен проблем што предизвикува дискусија меѓу членовите.

А инаку, баш оваа тема е "Дечко ми ја погледна под око девојката у пролазу", со тоа што таа друга девојка отишла и чекор понапред, т.е. му побарала на дечкото да се видат на кафе. Многу веројатно дека дечкото немало ни да се сети на таа што била „у пролазу“, ако таа прва не повлекла иницијатива да се видат.
 
Јас ако би имал, нон стоп би ја пуштал на кафе да оде. Нека крше глава, шом има мерак да дреме со саати по кафиќи, не правејќи ништо продуктивно, освен вршејне празна слама, и планирајне как да ме изневере со други денгубници шо само дремат по кафиќи.
 
А бе, у Подареш, ако е голем скоро ко Струга или Виница, па нема поќе од два кафиќа.
А и Радовиш бе....нема кај да се крие.
Башка, нема бесполезии. Ако не сака на нива да рбаоти, или по куќа, не ти треба.
Кафе бе...само да се трошеле пари. Ко да растат на дрво парите.
Со мака и пот се печалат.

Зато мојана ни кафе ни мафе. Евентуално топло чајче кога ја пере колата, дека е ладно. Од второ варење на ќесичката.
 
Најдобро решение би било брак после кафето со пријателката и предбрачен договор за забрането пиење на кафе со личности од спротивен пол.
Ми се чини дека имаше приватен детектив низ Скопје, ти нели беше истата девојка што немаше проблем со пари и бараше поскап поклон за својот дечко.
Појди во агенција и уплати нека ги следи некој што прават. Или уште подобро можеш да се пријавиш на Измамници и ќе се гледаш дури и на ТВ Пинк и Сител.
Не сум истата девојка, си ме помешал.
 
А бе, у Подареш, ако е голем скоро ко Струга или Виница, па нема поќе од два кафиќа.
А и Радовиш бе....нема кај да се крие.
Башка, нема бесполезии. Ако не сака на нива да рбаоти, или по куќа, не ти треба.
Кафе бе...само да се трошеле пари. Ко да растат на дрво парите.
Со мака и пот се печалат.

Зато мојана ни кафе ни мафе. Евентуално топло чајче кога ја пере колата, дека е ладно. Од второ варење на ќесичката.

У Подареш, нема ни еден. Има една кладилница дек шо се збират машките. За на кафе, мора да се оде у Радовиш, там има 2 или 3 кафиќи (не знам точно оти не сам одил у сите). Абе дек ќе се скрие, одма некој ќе ми се јаве ќе ми каже, женска ти со тај и тај беше на кафе, у толку саато.... Ако сам пољубопитен ќе ми кажат и шо е порачала, и дали е платила она, или овај другио се е правил кавалер....

А за да иде у Радовиш или пари за такси требе да даде, или требе јас да ја носам со кола. А јас своеволно да ја носам за она да денгубе со некаков фраер, не фала.
Ма ако нејќе да работе, нек си фаќа пато. Нек најде дек шо дават така. Јас не сам од тија..

Чај мора.. Ама па и ти каков си Градски.. Јас си го берам чајо, и тревите. Не сам будала пари да давам за ќесички и слични луксузи... Колко треви има по ридовето, ехеее..... пари за чај давал... Растурикуќа...
 
Јас незнам што е тука проблемот ако партнерот оди на кафе со личност од спротивниот пол. Зарем тоа одма значи дека тој или таа ќе изневерува? Воопшто не се сложуваам со тоа мислење. Сите ние имаме пријатели, и не значи дека доколку имаме дечко/девојка, дека треба дома да седиме и да не се дружиме со никој, особено не со некој од спротивен пол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom