И он се чудеше дека му пишала, ми вика сигурно нешо за работа е, сепак има дечко, ваљда нема така да и текне одеднаш кафе да пијат. А ако му кажам и јас да идам сигурно нема да сака, а и мене ќе ми биде глупо. Не знам. Ќе му кажам дека мене ми смета ако иде, башка како и да нејзе ако и треба услуга може и по телефон да го праша, само не знам, немој да отиде па да не ми каже, тек тогаш ќе ја праам голема.
Кафето не мора да значи пуштање или покана за секс, не знам од каде таква конотација? Многу кафиња се чисто пријателски а дечко ти не е врзан со ланец или катанец.
Ова само кај нас кафето е бауч па да ти е страв да поканиш некого на средба одма некој ќе почне да врти филмови.
Забрани му да оди па ќе си ставиш ти трн во здрава нога зашто ќе му покажеш дека ти е страв друга да не ти го земе и плус ќе му ставиш чивија во глава (дека има и други опции).
Не се задржува дечко со забрани или се задржува но само привремено.