Што е она што те разликува од другите луѓе?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
JasonStatham


Не се потпирај на луѓето да ти кажуваат каков си и што си.
Најпрвин треба да се запознаеш самиот себе си.Јас на пример знам дека сум нервозен човек,којшто почесто избувнува и со тек на време сфатив дека тоа не е добро и пробувам да го променам тоа и добро ми иде сега засега.
Да имав некој познаници на форум поблиски и подалечни луѓе, мислам дека би ме опишале секој различно затоа што јас различно се поставувам со секој човек.... Да не должам,што е најважно сите се разликуваме по надворешниот изглед, а исто така и внатрешниот. :))
 
матичниот број :ROFLMAO:
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 23:32 ---
а иначе што мислам дека сум поразличен од другите, е осетот за подлабок реализам, ладно размислување без емоции, но тоа често создава болка меѓу соговорниците, и затоа не ја користам таа "гола" искреност.
 
Ај не го тупете со reality check коментарите.
Нека си каже секој по што мисли дека е различен.
Дали е или не е, тоа е веќе друга тема, друг муабет.
 
Сите позитивни карактерни особини се во мене...што животот не ми е розов!
Под ИТНО морам нешто да менувам...незнам одкаде да почнам!
Помина тоа време кога добрината беше ДОБЛЕС!
 
Мене ме исполнува ризикот, иако некогаш не е добра особина, мене ми е топ :D
А и башка сакам се што има класика во него ...

Чудно, ама сепак то ме разликува барем јас така мислам :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Реалниот поглед кон работите како и отвореноста кон најразлични теми на муабет :)
 
Позитивните мисли, карактерот, тоа што не лажам и секогаш ја кажувам вистината, идеите кои ги давам и секогаш се од корист, квалитетот кој само јас го поседувам, а другите го немаат :)
 
Начинот на размислување и физиономијата... Особено косата, малце сум бушавка! :pipi:
 
Ништо не ме разликува.
Секоја особина што ја имам, некој друг ја поседува. Само моето битие како такво, никој во склоп го нема целосно.

Така да, се разликувам по матичниот број, број на индекс и ДНК.
 
Ништо не ме разликува.
Секоја особина што ја имам, некој друг ја поседува. Само моето битие како такво, никој во склоп го нема целосно.

Така да, се разликувам по матичниот број, број на индекс и ДНК.


Интересно гледиште. Моето е сосема спротивно пак. Дека самото постоење твое, мое или било чие, е тоа што не разликува од другите. Не постојат две идентични битија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom