Ајмо работа за писмени и неписмени!

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 19/2013
за вработување на 260 државни службеници во Влада на Република Македонија - Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор за следните работни места:
АПЛИЦИРАЈ


1. Државен советник за општи работи (5)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - или Магистер на науки (VII/2), Општествени, природни или технички науки
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик, ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои 2 (две) години во државна служба

2. Раководител на сектор за координација и мониторинг на процесот на децентрализација (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Општествени, технички или природно математички науки
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик, ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини , одлични организациски вештини, одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои 2 (две) години во државна служба

3. Раководител на сектор за унапредување на јазикот на припадниците на етничките заедници (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествени науки
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик, ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини , одлични организациски вештини, одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои 2 (две) години во државна служба

4. Помошник раководител на сектор за унапредување на меѓуетничките односи (3)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествените науки
- познавање на англиски или друг светски јазик, ефективна вербална и писмена комуникација, одлични интерперсонални и насочувачки вештини, компјутерски вештини
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба

5. Раководител на одделение за унапредување на употреба на јазиците на етничките заедници (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествени науки
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик, ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини , добри организациски вештини, добри интерперсонални и насочувачки вештини
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба

6. Раководител на одделение градење на доверба помеѓу етничките заедници и недискриминација (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествените науки
- добри организациски вештини, добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 4 (четири) години работно искуство од кои 1 (една) година во државна служба

7. Раководител на одделение за соработка со здруженија и фондации (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествени науки
- добри организациски вештини, добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 4 (четири) години работно искуство од кои 1 (една) година во државна служба

8. Раководител на одделение за унапредување на образованието на етничките заедници (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествените науки
- добри организациски вештини, добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 4 (четири) години работно искуство од кои 1 (една) година во државна служба

9. Советник за стратегија, планирање и следење (5)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Општествени, природни или технички науки
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

10. Виш соработник за стратегија, планирање и следење (5)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени, природни или технички науки
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

11. Соработник за стратегија, планирање и следење (5)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени, природни или технички науки
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 1 (една) години работно искуство во струката

12. Помлад соработник за координација и соработка (181)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествените науки
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- без работно искуство

13. Помлад референт за стратегија, планирање и следење (50)извршител(и);

- Више или Средно образование (VI или IV)
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- без работно искуство
pixel.gif
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Влада на Република Македонија - Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
pixel.gif
Рокот за доставување на пријавите изнесува (8) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
pixel.gif
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
pixel.gif
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 19/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

pixel.gif
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Штотуку добив огромна желба за вадење бугарски пасош!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
леј функцииве матење празна слама,само колку да се пикне некој..
 
Ова е работа само за они е кои имаат партиски книшки поготово за оние од СДСМ и ВМРО ...

така да и да имаш и 3 факултети тебе нема да ти примат туку оној кој има и само средно шишарско ќе влезе пошто он има партиска книшка не за др ... а ти со прстот во уста и ќе пееш песни :свиркам:
 
6. Раководител на одделение градење на доверба помеѓу етничките заедници и недискриминација (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правни, економски науки или друг факултет од општествените науки
- добри организациски вештини, добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна вербална и писмена комуникација, компјутерски вештини
- познавање на англиски јазик или друг светски јазик
- најмалку 4 (четири) години работно искуство од кои 1 (една) година во државна служба


Печено радно место за Dardan-ia.. он има 20 и кусур г. искуство.
 
Овој оглас е изгледа само за рамковните, баш ме интересира дали и што ќе работат!
 
Овој оглас е изгледа само за рамковните, баш ме интересира дали и што ќе работат!

Ќе зимаат плата бе,што е битно дали и што...ее па и ти, за ништо мерка да се немало:icon_mrgr:
 
Овој оглас е изгледа само за рамковните, баш ме интересира дали и што ќе работат!
Нема ништо да работат до 12 ќе си ги чешаат мадињата после тоа одат на ручек и се враќаат 30 кафе да пијат и после адиос :свиркам:
 
И тие со книшки се луѓе, кои можеби тој начин им е единствен за да го нахранат семејството.
Мислите луѓето што излегуваат на протести одликувани како "партиски војници" и кои се исмејувани, од кеиф излегуваат ? Зошо преголема љубов имаат кон партијата?.. yeah right

Членовите и општо општеството некои работи ги прифаќаат без воопшто да размислат за нив и преземаат страна во кои се толку цврсто уверени дури и полни со омраза и гнев..
поради тоа што некој е поснаодлив од нив за парче леб..
 
Многу извршители бе.....
 
Ако е така, ондак според рамковен закон во Тетово предност би имала Македонската популација, нели малцинство?
 
Јас аплицирав,утредента ми кажаа дека сите се примени...нема ни до интервју да дочекам.Додуша мое беше да аплицирам,не очекував ништо посебно неам никаква книшка ни врски.

едит,јас аплицирав на друг оглас за работа во УЈП исто сега во Јануари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom