Microsoft IllumiRoom за гејмање во цела соба

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.485
Поени од реакции
35.409
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Секој гејмер некогаш посакал да има можност да ја игра омилената игра на екран голем колку целата соба или пак на некаков холодек како оние од Star Trek серијалот. Одговорот на овие гејмерски желби може да го даде Microsoft со својот нов и неверојатен прототип на скенер и проектор кој може да ја претвори целата соба во сцена од некоја видео игра.

microsoft-go-pokazha-illumiroom-za-gejmanje-vo-cela-soba-117984.jpg


Засега гигантот одбива да открие како функционира системот, а деталите најавува дека ќе ги презентира на некоја од конференциите во текот на годината. Сепак тие велат дека „технологијата ја надополнува околината на телевизорот со проектирање на визуелизации за да го засили традиционалното гејмерско искуство“.

„IllumiRoom користи Kinect for Windows камера и проектор за да ги замати линиите меѓу содржината што се прикажува на екранот и околината во која живееме, за да ни овозможи мешање на виртуелниот и реалниот свет“.

Kinect сензорот кој вообичаено се користи за да овозможи контрола на компјутерските игри има и неколку сензори кои овозможуваат следење на движењето на корисникот и тоа со многу голема прецизност.

„Нашиот систем може да го смени изгледот на собата, да направи илузија на движење, да го прошири полето на гледање и да овозможи сосема ново гејмерско искуство. Тој го користи изгледот и геометријата на собата за да ги адаптира проектираните сцени во реално време, без потреба од посебно прилагодување на графиката“.

Kinect исто така ќе го познава и мебелот во собата, па ќе има можност или да ги инкорпорира масите и столчињата во играта или пак ќе ги маскира со тоа што ќе го адаптира видеото на тој начин за да ги направи невидливи.

Компанијата нагласува дека материјалите што се објавени во видеото се снимени во текот на вистинско играње и не се резултат на специјални ефекти или на пост-продукција.

Виа Кајгана

 
Можам да се замислам да возам Drift 2 или 3 на чудово со волан, Ким Блок нема да ми биде рамен! :icon_lol:
 
Можам да се замислам да возам Drift 2 или 3 на чудово со волан, Ким Блок нема да ми биде рамен! :icon_lol:

Кен Блок:icon_lol:


Абе топ е се ова ама нека го пуштат во продажба прво, па ќе збориме.
 
Ја Амнезија би ја играл на чудово :D

Ако ти е мил животот немој, ако не ти е мил можеш и Stalker да ја пецаш. :D
--- надополнето: 15 јануари 2013 во 17:07 ---
Кен Блок:icon_lol:


Абе топ е се ова ама нека го пуштат во продажба прво, па ќе збориме.

Моја грешка :icon_mrgr:
 
мене ова глупо ми е. пример дома полици и други глупости наредени по ѕидот и ова над него ќе дојди манџа. треба само тв-то да е на ѕид и друго ништо да нема за да се постигни некој јак ефект. вака џабе.
или па купете си еден видеобим и имате слика на цел ѕид :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom