Медитација

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Саатот на раката на Ошо го гледаш ли?
Ај да видам дали знаеш од каде му е?
Направен лично од неговите најблиски да не речам следбеници(оти не се следбеници туку сопатници)... и не е дијамантски... Барем така имам гледано едно клипче каде он објаснува баш за тоа...
Ти па за саатот си се фатил...:D Богати луѓе се овие на клипчево што очекуваш...
 
R

Randy

Гостин
Добра работа ова медитацииве. Имаше еден француз се занимаваше со медитации, 6 дена медитирал и книги многу добри имаше напишано за медитацијата. Ако се сетам на името ќе напишам кој е, но во секој случај страва е француов. Вака во сеќавање ми е останато дека имаше кафана и некоја слика ја криеше во кафаната, па две три келнерки исто имаше и војна беше... Ако на некој му текнува нека кажи.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Не знам за французот ама еве ја сликата што ја криеше, помага при медитации. Гледај во сферичните форми за побрзо да фати медитација

Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Не знам за французот ама еве ја сликата што ја криеше, помага при медитации. Гледај во сферичните форми за побрзо да фати медитација

Дури трае процесот на медитација не треба ни да мислиш, ни чувствуваш. Кој ќе е мажиште, да се додржи да се концентрира на дишењето, а не на геометрискиве тела, јас капа му спуштам... :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дури трае процесот на медитација не треба ни да мислиш, ни чувствуваш. Кој ќе е мажиште, да се додржи да се концентрира на дишењето, а не на геометрискиве тела, јас капа му спуштам... :)
Море кој ќе е маж да се концентрира на концентрирањето..:)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Denes meditirav samo 2,5 h...
Ama nema poslatka meditacija , kolku saka neka bide dolga ili kratka, koga posle toa go vidish konkretnoto delo koe si go napravil....
Sekoja uspeshno zavrshena meditacija te polni so energija...
--- надополнето: 19 декември 2012 во 14:48 ---
Море кој ќе е маж да се концентрира на концентрирањето..:)
Hahahaha.. e za toa brat, treba da imash dusha....
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Denes meditirav samo 2,5 h...
Ama nema poslatka meditacija , kolku saka neka bide dolga ili kratka, koga posle toa go vidish konkretnoto delo koe si go napravil....
Sekoja uspeshno zavrshena meditacija te polni so energija...
--- надополнето: 19 декември 2012 во 14:48 ---

Hahahaha.. e za toa brat, treba da imash dusha....
Како ја завршуваш медитацијата...? Што за тебе преставува успешно завршена медитација...? и што ако ја завршиш неуспешно...?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Како ја завршуваш медитацијата...? Што за тебе преставува успешно завршена медитација...? и што ако ја завршиш неуспешно...?
Oшовец....(хахаха..ја сам поголем Ошовец од тебе).
Тоа Ошо ве научи само мрзи да бидете, ме потсеќате на сектата на хепта...прави што ти е воља.
Па така и вие Ошовците, ја претворивте медитацијата во правење само работи што ви одговараат, и демек во тоа се состои медитацијата.Уживај го моментот, ама сакате секој момент да е забава и разонода.:pos:

ПС Во текот на наредните денови, ќе ти одговорам посериозно на прашањето, не за друго, оти знам дека Ти ќе разбереш.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Медитација, поим кој не е јасен на многу луѓе.Многу мислат дека тоа е гледање на една црна точка со саати...:(. Овде ќе покушам на еден начин да го објаснам тој термин, поедноставно и на кратко за да можат да ме разберат и неваспитаните деца како Divider i Werther (кои уште мислат дека се што лита се јаде) и ова окоравелите атеисти како Ateist i DBack, (кои уште мислат дека Дедо Мраз е Бог и кои истиот го тражат секогаш надвор од себе), секташите Хептаграм XI и Ipsissimus,(кои почнале нешто да разбираат ама застанале на пола), христијанинот „направи сам“ Donald Sikert, будистот Lord Raven (toj misli deka e ateist...:))....
За да ја објаснам медитацијата, (овој поим не се дефинира, само може да се разбере), ќе го кажам примерот со мозокот кај човекот, на кој начин истиот функционира....

1. Стадиум на анархична мисла, тоа е стадиум во кој мислата доаѓа и си оди неконтролирана, сама по себе и е многу фрекфентна. Во една минута може да пролетаат многу мисли, најчесто без некоја цел, сами по себе. Овој стадиум е најзастапен кај човекот. Голем дел од луѓето го поминуваат цел живот во таа состојба.

2.Втората состојба на мозокот е кога тој е концентриран на една мисла. Во овој стадиум човекот може да ја задржи истата мисла повеќе време, некогаш дури и 1/2 саати.Најчесто тоа се дешава кога ќе работи некоја работа и ќе „нема време и место“ во мозокот да мисли на нешто
друго.Во оваа состојба не е присутна свеста. Таа е само резултат на маската што ја носи еден човек.

3. Врвот на концентрацијата, највисоката точка се нарекува јога. Тогаш кај човекот се појавува свеста и како резултат на тоа може да ја контролира мислата подолго време. Значи, концентрацијата не е само резултат на одредена работа, него е резултат на свесна контрола на мислата.
Тоа што јогата кај нас се продава како дисциплина, рекреација и разонода, (што би рекол Acid), е сосема погрешна гледна точка. И самиот Патанјали во неговата втора сутра ја нерекува јогата ментална дисциплина. Тоа што на нас ни ја продаваат само како дисциплина и рекреација, а не како религија, е само начин да се материализира тој тип на религија.И Јогата и Медитацијата имаат секогаш религиозна цел, а тоа е да го најдеш Бог во себе.

4. Да ја однема и таа точка, тоа е Медитација.
Патанјали ја става медитацијата на 8мо ливело, после тоа постои само совршенство.Таа состојба на мозокот јас ја нарекувам состојба „без мисли“ во главата.Тогаш човекот е „сведок“ на самиот себе, може свесно да ги контролира мислите, или сум сретнал и друг термин за таа состојба „сеќавање за самиот себе“, што во превод би значело да бидеш свесен за самиот себе во секој момент,.Само да објаснам, состојбата „без мисли“ не значи дека еден човек не требе да мисли, него дека свесно задржува една мисла во главата и не дозволува други мисли да ја намалат концентрацијата. Во оваа состојба, свеста не само што има потполна контрола на умот, него има потполна контрола и на другите 6 центри кај човекот, што би рекол Bodhidharma да си концентриран на концентрацијата.
Значи, медитацијата е состојба на човекот која е присутна 24/7 кај човекот.

Ај доста за денеска, нешто ќе си задржам и за мене....
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.335
Лесно е да се забегува вака и да се раскажуваат сказни, тешко е да се каже точно... Не е оправдување она „според мене“...
Ок, Раџа Јога и нејзините ОСУМ гранки (да ги научите како ОЧЕ НАШ и да почнете една по една да ги совладувате конечно, доаѓа нова година 2013 и ако сега не направите нешто во врска со јогата, тоа нема никој да го направи за вас)

  • Јама
  • Нијама (овие две први „гранки“ од Раџа Јога на ПатанЏали се всушност физичко и психичко подготвување на човекот за работа)
  • Асана - Положба (Патанџали вели дека секоја угодна положба е асана-дури и најнеугодната положба со текот на времето станува природна за телото, можеби затоа имаме некои „ненормални“ пози во јогата)
  • Пранајама - Контрола на Здив
  • Пратјахара - Контрола на Умот
  • Дхарана - Концентрација
  • Дхјана - Медитација
  • Самадхи - Откако е постигнато претходното - совршено добро (да не ве заморува надворешниот свет, да не ве заморува телото, да не ве заморува здивот, да не ве заморува мислата, да не ви досадува умот, тогаш можете да медитирате и да постигнете Самади).
Сите овие осум точки собрани во едно, даваат СОЕДИНУВАЊЕ (или ЈОГА) со Богот :) Сега овде, Бог ставете она што најмногу ви одговара, различно за секој.

Gurdjieff , научи ги „level“-ите кај Патанџали и зошто се дадени по тој редослед. И ова „ Врвот на концентрацијата, највисоката точка се нарекува јога.“ не е точно.
Концентрацијата не е ништо друго туку само подготовка на Човекот за да може преку медитација Дхјана да дојде до Самади.

Ни една од овие гранки кај Патанџали не е ЈОГА сама по себе. Заедно совладани овие гранки даваат Соединување или Јога! Јога на санскрит знаеме што значи, СОЕДИНУВАЊЕ!

За Јогата и како се користи за постигнувања видете овде! Ајде сега „МАРШ“ на учење и работа :sneaky:

P.S. Се гледа ти колку медитираш. Постојано ЈАС сум ти во умот!
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062

Не си му само ти! еден куп испоозначи во писанието.

Медитација = молитва за и кон Бога, за спознание негово. Еден со Бог, бог во тебе, вон тебе, до тебе. Ти крај него, со него!

Соединување...со Бог! Постигнување совршенство! Едначност и еднообразност со Бог!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.335
Без нас Gurdjieff е МРТОВ, затоа. ГО распнавме и сега може да дојде и да почне да не спасува, исто како Исус!

Назад на темата:

Не навлегувам во тоа што е за некој медитација... не ми е грижа ти како ја разбираш медитацијата, некој друг, трет... и како ја практикувате јогата, само дадов како Патанџали гледа на Јогата и што е Јога воопшто (бидејќи тука прочитав сешто, од мирисање тревки (наркомани некои), па гледање во сонцето, па шетање покрај Вардар)... Се Јогин до Јогин, оваа Македонија е колевка и на најголемите јогини :pos:

Некои постојано мислат дека медитацијата е јога... НЕ Е без другите 6 гранки пред нејзе, ниту пак без постигнување Самади. Осум во еден даваат едност. Другото е бладање и заморување на умот.

Премногу украсување со зборови, само ја отежнува работата на јогинот... Не украсувајте и не философирајте во врска со јогата :) Не носи добро тоа :)

Но, на крајот доаѓаме до она: Што се заморуваме со другите и нивното и знаење и разбирање... :) Мир со тебе брате и да се надминеш :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom