Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Подобро да се успиват...отколку да бидат згазени од коли :place:
Многу ми е жал за кучињата...
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.810
Поени од реакции
21.561
пред некој ден едно куче скитник ќе ме изедеше , без никаква провокација од моја страна а и добро што го забележав во заден момент иначе отиде ногата ... така да одговорор мој е ДА за оние кој се агресивни .
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.345
Поени од реакции
2.237
Еве една моја случка со едно мало кученце скитник.

Шетавме со девојката низ градот, и кога поминавме видовме едно мало кученце, фрлено на страна, (1 месец дали имаше), очите му беа затворени со нешто зелено (ваљда некои лиги) и не гледаше ништо само циукаше.
Многу ни падна жал, па решивме да го земеме некако да му помогнеме, па да го пуштиме. Го направивме првиот чекор го зедовме и го однесовме дома (многу смрдеше кученцето), го избањавме го исчистивме, му ги исчистивме и очите, и му дадовме да јаде, но не јадеше ништо, само пиеше вода или млеко и тоа многу малку, кога пиеше вилицата му крцкаше, и се чудевме што е. Кученцето не можеше ни да стане да оди, се тресеше цело, по некое време (1 недела), почна да станува но немаше контрола на одењето , пагаше и не гледаше кај оди, се мислевме дека е слепо. Тогаш не го ни однесовме на ветеринар да види што му е, и така остана. После уште еден проблем, почнаа влакната да му пагат, беше многу грдо (изглед), сите муви се збираа по него, а кученцето само пиеше и по малце јадеше (напредуваше). Најпрво само на едно место му паднаа влакната, но веке кога одеше по малце од каде и да се стргаше му капаа влакната, бевме панички, но и тогаш не го однесовме на ветеринар. Стана многу грдо, немаше влакна му се гледаше кожата.Сеуште се трудевме да го опоравиме но беше некако бедно ...
Што се случи, после месец дена, слушнав како лаеше (тивко) кога излегов да го видам, лаеше на една слика што ја имав таму закачено кај него, и бевме многу среќни, почна да ја мрда пашката, се чувствуваше многу среќно (сеуште беше без влакна).
Бевме и ние многу среќни како и него, тогаш почнуваше да јаде се повеке. Од време на време, со некои бабини деветини му ставевме некои лековити течности од баба ми, и така остана.
После неколку месеца, кучето тотално се опорави, почна да гледе, почна да јаде како што треба, додуша и почнаа влакна да му растат, бевме пресреќни и решивме да не го пуштиме пак, туку да си го задржиме за нас. Му дадовме име (Були), но беше женско, така сакаше девојка ми, и така го крстивме (нејзина логика дека були може да се користи и како женско име)
Були, растеше и растеше, му пораснаа влакненца, беше цело црно, и бојата на влакната многу му сјаеше, го бајневме му дававме да јаде, не засака премногу а и ние него. Го чувавме дома, додуша заедно спиевме, а пред да спиеме секогаш во дворот го носев да моча и си знаеше и кога ке си заврши право дома заедно во кревет.

...
...

Многу лошо се деси, се разболе. Почна многу да кашла, почна се помалце да оде. Бевме многу загрижени, е тогаш се осмеливме да го носиме на ветеринар. Таму ветеринарката ни кажа дека треба да прима терапија и дека преку ден треба да го носиме на инекции. Инекциите беа по 250 денари преку ден. Го носевме околу 5-6 дена, после тоа снемавме пари, па позајмивме и ондак кога бевме на 0, неможевме да го однесеме пак, ни беше срам и таму кај ветеринарката бевме задужени. :(
Откако прекинавме да го носиме на терапија, а се додека го носевме се осети свежина во кучето, почна да рипа да скока да трча.
Е сега по некое време тотално падна. Падна се влечеше по земјата, неможеше ни да лае ни ништо. Го однесовме на друг ветеринар, дотогаш собравме некоја пара и го однесовме, кога го виде докторката едно кажа: станичак (некој неизлечлив вирус незнам како се пишаше точно). Е тука одма се натажив и овој ден никогаш нема да го заборавам. Прашувавме како може да се помогне и докторката рече со некоја терапија ама многу многу тешко било. Снемавме пари, и докторката кажа дека најдобро било да го успиеме, многу ми падна жал , неможев да спијам вечерите, кученцето сеуште ми беше во соба, но неможеше да оди, само лежеше и неможеше да јаде, устата не ја отвараше, само од раката можеше да пие, го вадеше јазикот само, но подоцна и тоа пропадна, само остана да дише. Овие париве што ни направија неможевме да го усрекиме докрај, немавме од кај веке да позајмиме, не требаше да престанаме со терапијата на почетокот, голема грешка направивме многу многу ми е жал, сега ова кога го пишувам премногу ми пага жал, и само колку сум плачел по Були.
Со девојка ми се мислевме да го успиеме, ама мене и нејне ни беше премногу жал да го нема, секој ден по 3 часа посветуваме кај него го галевме и го гледавме како се мачи, но немавме срце да го однесеме да го снема, да му биде полесно (и тука згрешивме) ... премногу плачев, премногу. Кога ке останав сам во собата со були, ова слика не се опишува.
По некој ден, баба ми рече само : БУЛИ. И јас реков толку ли е? ми рече: ДА.
Тој ден, никогаш нема да го заборавам ,НИКОГАШ, многу ми е жал и сега кога се потсекам срцево ми паѓа!
Пуст суров живот, да немаш денар да можеш да си помогнеш на нештото што го сакаш.

Така се збогувавме со Були.
Ова болка никогаш нема да ја заборавам, многу болеше...
Само што ли не поминавме со Були, какви среќни денови кога трчеше по нас, кога си игравме незнам незнам ...

Еве го:
102_6471.jpg


Можеби не е мојот пост за тука, ама сепак беше, скитник Були, фрлен на патот на страна.

Почивај во мир убавице! :(
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Драг XFire, знам низ што сте поминувале.
Сепак, најискрен совет - кученцето треба да се вакцинира, било кое, дали од улица или купено од одгледувач. Тие вакцини нема да ве коштаат повеќе од 1000-1500 денари, а доживотно го заштитуваат од многу болести, меѓу кои и штенечакот, кој иако има терапија, сепак најчесто е неизлечив.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.345
Поени од реакции
2.237
Драг XFire, знам низ што сте поминувале.
Сепак, најискрен совет - кученцето треба да се вакцинира, било кое, дали од улица или купено од одгледувач. Тие вакцини нема да ве коштаат повеќе од 1000-1500 денари, а доживотно го заштитуваат од многу болести, меѓу кои и штенечакот, кој иако има терапија, сепак најчесто е неизлечив.
Точно, се согласувам со тебе, али џабе, немавме ни 100 денари. Толку ни беше капацитетот. :/ многу ми е жал ама баш многу што не сме нашле пари
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Искрено ако немаш каде да го чуваш и немаш време да го чуваш,не треба воопшто да се грижиш за било какво животно.
А дали заслужува да се успие,ако нема веќе други начини морално е да се еутанизира.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.345
Поени од реакции
2.237
Искрено ако немаш каде да го чуваш и немаш време да го чуваш,не треба воопшто да се грижиш за било какво животно.
А дали заслужува да се успие,ако нема веќе други начини морално е да се еутанизира.
Абе на почетокот му го спасивме животот , беше запустено можаш да прочиташ и горе, но веке и снемавме пари кога требаше да го вакцинираме. :(((((((((((((((((((
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Абе на почетокот му го спасивме животот , беше запустено можаш да прочиташ и горе, но веке и снемавме пари кога требаше да го вакцинираме. :(((((((((((((((((((
Абе животот твој е поважен од едно куче.
Ако мене ме праша да му помогнам на куче или на човек,ќе му помогнам на човекот.
Знам дека си сентиментален и емпат но во такви случаи,треба стварно да се запрашаш дали можеш и реално да чуваш едно куче.
Ќе ти кака,ќе ти мириса,ќе ти моча,ќе ти митрае итн.Добар партнер е ама искрено не ми треба некој.Дистракција ми е од мојата цел :)
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
Не се криви кучињата скитници туку луѓето кои ги оставаат своите кучиња од кога ќе потпораснат и не се веќе толку слатки имали како играчки, кога ќе видат колку обавеза е и колку само кошта да чуваш куче а они не планирале дека ќе биде вака или така или дека е потребно ова или она. Па имале кученца па никој не ги сакал па нема каде да ги дадат или неможат да ги чуваат. И на крај наједноставната варијанта е фрли го / избркај го кучето на улица или однеси го на некое место каде што немало да се врати... демек.

Епа драги, така настануваат кучињата скитници. Потоа тие исти кучиња некои ќе се снајдат да преживуваат на овој или оној начин, ќе имаат кученца и ете уште повеќе кучиња скитници.

Значи тука не се проблем кучињата туку лимитираните и нерационалните размислувања на луѓето кои некогаш решиле да чуваат па да не чуваат кучиња.

Знаете ли кога ќе се реши овој проблем со уличните кучиња? Само тогаш кога ќе се смени менталитетот на луѓето.

Скитниците тука се само колатерална штета и тоа не по нивни избор. Да има и агресивни и болни итн кои можеби би требало да се тргнат од улиците и да се успијат ( хумано, ако веќе може да се каже така). И еве да се стори тоа , пак се враќаме на она горното пак сме во не завршувачки круг кој само ќе продолжи да се врти и врти истото пак истото. Се додека ние луѓето како ултимативна и разумна сила која што е свесна за околината и работите и може да ги менува не преземеме нешто што би го решило проблемот во корен а не површно да ги потшминкува последиците со убивање на недолжни животинки.

Наједноставната работа која не кошта ама баш што е да се подигне свеста на населението за што е правилно а што не ( во смисол зема па фрли го на улица) но за жал знам безброј родители , ДА РОДИТЕЛИ кои земале куче за нивните деца па од кога ќе им помине меракот ајде на улица.... Епа кајганџии ако РОДИТЕЛИТЕ на тие деца го прават тоа што тоа вие очекувата од нивните деца во иднина? И примерот кои тие им го даваат?

И да па сме на почетокот, пак проблемот е човековата свест. Кога нема да има се извинувам на речник ама кога нема да има БУДАЛИ и НЕСОВЕСНИ луѓе е тогаш нема да има ни кучиња скитници.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Иако целосно се согласувам и јас со Varus ќе додадам само дека и вадењето на легло не е за секого! Се надевам дека луѓето еднаш за секогаш ќе сфатат дека животните немаат исти нагони како нас.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не се криви кучињата скитници туку луѓето кои ги оставаат своите кучиња од кога ќе потпораснат и не се веќе толку слатки имали како играчки, кога ќе видат колку обавеза е и колку само кошта да чуваш куче а они не планирале дека ќе биде вака или така или дека е потребно ова или она. Па имале кученца па никој не ги сакал па нема каде да ги дадат или неможат да ги чуваат. И на крај наједноставната варијанта е фрли го / избркај го кучето на улица или однеси го на некое место каде што немало да се врати... демек.

Епа драги, така настануваат кучињата скитници. Потоа тие исти кучиња некои ќе се снајдат да преживуваат на овој или оној начин, ќе имаат кученца и ете уште повеќе кучиња скитници.

Значи тука не се проблем кучињата туку лимитираните и нерационалните размислувања на луѓето кои некогаш решиле да чуваат па да не чуваат кучиња.

Знаете ли кога ќе се реши овој проблем со уличните кучиња? Само тогаш кога ќе се смени менталитетот на луѓето.

Скитниците тука се само колатерална штета и тоа не по нивни избор. Да има и агресивни и болни итн кои можеби би требало да се тргнат од улиците и да се успијат ( хумано, ако веќе може да се каже така). И еве да се стори тоа , пак се враќаме на она горното пак сме во не завршувачки круг кој само ќе продолжи да се врти и врти истото пак истото. Се додека ние луѓето како ултимативна и разумна сила која што е свесна за околината и работите и може да ги менува не преземеме нешто што би го решило проблемот во корен а не површно да ги потшминкува последиците со убивање на недолжни животинки.

Наједноставната работа која не кошта ама баш што е да се подигне свеста на населението за што е правилно а што не ( во смисол зема па фрли го на улица) но за жал знам безброј родители , ДА РОДИТЕЛИ кои земале куче за нивните деца па од кога ќе им помине меракот ајде на улица.... Епа кајганџии ако РОДИТЕЛИТЕ на тие деца го прават тоа што тоа вие очекувата од нивните деца во иднина? И примерот кои тие им го даваат?

И да па сме на почетокот, пак проблемот е човековата свест. Кога нема да има се извинувам на речник ама кога нема да има БУДАЛИ и НЕСОВЕСНИ луѓе е тогаш нема да има ни кучиња скитници.
Озбилно ми е досадно веќе од вакви постови.
Проблемот е тоа, решението е апстрактно. И што кажа сега со ова, дека не може да ги решиме скитниците?

А ако се успијат сега сите и секое наредно пријавено да се зема од шинтер и да се успива по месец дена?

Зашто ти вака ги постави работите, луѓето се глупи, ама човек не можеш да успиеш. Нешто да правиме со чипови во кучињата, пријавување или слично?

Нешто практично ќе кажеш на темава?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ne e samo cipuvanjeto toa sto treba da se sluci,tuku I Limited Registration vo Ksm...e toa nikogas nema kaj nas da se sluci
 

Kajgana Shop

На врв Bottom