Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Blue Bastard! - ќе не исече на дербито, ќе видите...

Таман уште од сега ќе си знаат дека бе смеат да прават бесмислени и груби стартови од почеток зошто на вакви утакмици Еткинсон не простува и одма покажува картон. Ова посбно важи за Рафаел и Сколс, до некаде и за Еванс и секако за Руни кој, иако доста ретко во последно време, знае негативно да изненади.

За недела работите се доста јасни. Ако во натпреварот влеземе со став 'доста е и нерешено' како лани поразот е неминовен пак. Гол примаме посекако, дали први или не, за жал со моменталната состојба во одбраната и честите ротации на голманите јас ќе бидам одста изненаден ако издржиме без примен гол, затоа и ние треба храбро да влеземе во дуелот и да напаѓаме па и на крај краева и со пораз не е крај на светот.

Втора работа, Сити оваа година игра полошо од лани (да не ги заречам) и имаат проблеми со мобилни екипи кои додаваат брзо и играат брз и агресивен фудбал. Тоа најдобро го покажаа мечевите со Ајакс (двата), со Дортмунд и Свонси, се се тоа екипи кои негуваат таков фудбал и искрено Сити со сите нив убаво се изнамачи, а само Свонси го победија. Затоа ако Фергусон игра со Гигс, Сколс, а не со Клеверли кој е далеку поенергичен од претходниве двајца, тогаш средината на Сити ќе не прегази и ќе создава шанси, а со нашава одбрана тоа нема да биде ни најмалку добро. Со Керик и старата гарда во прв тим сме немобилни и некреативни. Ни треба играч што ќе ја земе топката и ќе повлече напред, а ако ја изгуби одма ќе трча назад. Повредата на Андерсон дојде во најлошо време, ама што е тука е, ќе мора да одиме со тоа што го имаме.

Проблемот со корнерите исто така ќе мора итно да се поправи. Компани, Туре, Лескот и можеби Џеко ќе бидат во шеснаесетник, а Коларов ќе нафрла, додајте ја тука неодлучноста на Де Геа и секој корнер ќе биде потенцијална опасна ситуација за нас. Грешки како со Рединг не се дозволени. И за крај дијамантот на оваа утакмица ќе мора да го исфрлиме и да играме со крила, зошто Сити ги користи доста бековите кога напаѓа, па затоа Јанг и Валенсија ќе мора да бидат високо поставени на средината за да не им дозволат на бековите целосна слобода да напаѓаат доколку и тие би се вратиле да помагаат на одбраната, Руни ќе мора убаво да се испоти и да помага и на нападот и на средината. Со високо поставени крила и бековите нема да има потреба да одат многу напред како при дијамантот, а со тоа помалку да бидат вон позиција, ова посебно важи за Евра.
 
^ Флеч и Клеверли во средина? (y)

Флеч не е уште спремен за ваков меч, Туре ќе го разнесе. Ја би одел со

----------Керик--------Клеверли--------
Валенсија------------Руни---------Јанг

ама сигурен сум дека еден од Сколс или Гигс ќе игра :oops:
 
Флеч не е уште спремен за ваков меч, Туре ќе го разнесе. Ја би одел со

----------Керик--------Клеверли--------
Валенсија------------Руни---------Јанг

ама сигурен сум дека еден од Сколс или Гигс ќе игра :oops:

Флеч не е спремен, Керик игра константно слабо против Сити, штета што го нема Андо. Ќе биде ептен заебно, ќе се крстиме нападот да е на ниво како досега.
 
Ќе се крстиме во Џони против момчињата од центарот.

Интересна е изјавата на Берба при заминувањето дека причината била Ферги сакал побрз тим секако со Сколс,Гигс,Керик,Флечер и Рио таа идеа е сега комплетна. :icon_mrgr:
 
Ako ne se oporavi Vidic, vaka bi sakala

Evra - Evans - Ferdinand - Smalling

Kje ni treba visina protiv pederite, ama znam deka Rafa ke igra, zatoa I go izvadi SAF da ne dobie crven. Togas samo Smalling neka sedne na klupa, ovie trojcava neka igraat.
 
Само се молам да не почне со Гигс или СКолс.. Само тоа не.. иначе мислам дека Рафел оваа утакмица нема да ја игра туку Џонс место него..
 
Што вие е бе Флечер е измислен за утакмицава, Со клеверли ќе растурат!Моја 11-ка за со Сити:
Де Геа
Рафа-Смолинг-Еванс-Евра
Клеверли-Флечер/Џонс/Сколс( али поише го преферирам Флечер)
Валенсија - Руни - Јанг
РВП
Нешто како 4-4-2 само Руни малце поповлечен од РВП.
 
А не ќе биде лошо и со Џонс како ДМ па шо биде нека биде :D

Не е лоша идејата, Керик и Џонс имаа добро разбирање неколку пати кога играа заедно, а во отсуство на Андерсон, Џонс е можеби единствен што колку-толку може да му парира на физичкото присуство на Туре во средината.
 
Не е лоша идејата, Керик и Џонс имаа добро разбирање неколку пати кога играа заедно, а во отсуство на Андерсон, Џонс е можеби единствен што колку-толку може да му парира на физичкото присуство на Туре во средината.

Многу дефанзивна ќе биде средината така, боље со Флечер или Клеверли али Клевз ми е боље зашто у одбрана е добар,добро градени се ако бушат ќе се одбранат со Филката,+ средината ќе биде доста мобилна,брза и подвижна.

Ама малце е касно за такви пробувања, а Сити дефинитивно не е лабараториски глушец.
 
Ako ne se oporavi Vidic, vaka bi sakala

Evra - Evans - Ferdinand - Smalling

Kje ni treba visina protiv pederite, ama znam deka Rafa ke igra, zatoa I go izvadi SAF da ne dobie crven. Togas samo Smalling neka sedne na klupa, ovie trojcava neka igraat.

Не сум сигурен дека Ферги ке го ризикува пак на 2 меча во 4 дена така физички неопоравен... Не дека нема да ни го треба, но..

Евра десен бек или?

Многу дефанзивна ќе биде средината така, боље со Флечер или Клеверли али Клевз ми е боље зашто у одбрана е добар,добро градени се ако бушат ќе се одбранат со Филката,+ средината ќе биде доста мобилна,брза и подвижна.

Ама малце е касно за такви пробувања, а Сити дефинитивно не е лабараториски глушец.

Џонс обожава да напаѓа. Керик е одличен дефанзивно... Мислам дека добро би се надополнувале. Иначе, мора Де Геа на голот назад, макар играл и без сите умници во глава.

Лошо е што Сити страшно јако се мотивира против нас, а играат топло ладно сезонава, и немаат никаков проблем со повреди заради тоа што имаат по 3-ца играчи на една позиција...

Е сега, Руни ке мора да изигра феноменална партија, а Ван Перси да биде малце посконцентриран во завршницата, зашто нема да има по 5 шанси да даде гол како против Ридинг.

Мака ми паѓа кога ке помислам дека Сити има многу скокачи, од Џеко, Компани, Лескот па и Туре а ние играме пинг понг при нафрлени корнери, едноставно се знаеше дека секоја нафрлена топка од Ридинг ке отиде на глава на некој од нивните играчи.
Уште полошо е што примивме 2 гола по грешки на нашите централни дефанзивци.

Ке мора да изиграме перфектен меч ако сакаме да ги победиме, зашто и кога не играат добро Сити, не примаат многу голови.
 
^ Некогаш се прашувам дали Сити и особено Ливерпул страшно се мотивираат против нас пред се кога играат на домашен терен или на овие нашиве им се полнат гаќите со гомна.
 
^ Некогаш се прашувам дали Сити и особено Ливерпул страшно се мотивираат против нас пред се кога играат на домашен терен или на овие нашиве им се полнат гаќите со гомна.

Не знам, ама истото се случува и со Евертон и Тотенхем кога играат против нас.
 
Е шо сакате вие, да не играат ? Се мотвирале, голем стојко.

Иначе, РВП црвен. :D

Друзо, ако игра Гигс прва, со едно око ќе гледам и на стрим кај шо е се мутно. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom