Брутална ЕУ пресметка со казаните за ракија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
slikac.php

Брисел -
Кога ЌЕ влезат во ЕУ балканските земји ЌЕ мораат да заборават или да се откажат од многуте традиции ,па и од варење ракија - а, изгледа тоа веќе го искусија Хрватите .
Хрватска си ги прилагоди законите- со оние на ЕУ и тоа пред да влезе во унијата.Според тие нови прописи дури и едно обично селско домаќинство кое прави домашна ракија за сопствени потреби во иднина ЌЕ мора да се регистрира и да плаќа паушално( што не е во ред )како и данок.Конкретно годишен паушал од 15 евра по казан, додека за сопствени потреби ќе може да се произведе само 50 литра ракија, а за секој литар над тоа ќе плаќа акциза и ддв. Селаните се должни да ја пријават секоја капка ракија, а ќе ги надгледува инспекција. :tapp:
Тие кои што ќе го прекршат овој европски закон ќе бидат казнети од 300 до 135.000 евра- паааааааапапаааааааааааа:eek:
па затоа , хрватското здружение на производители на ракија ги предупредува селаните да внимаваат - оти во спротивно ни наредните 300 години не ќе можат да ги исплатат огромните казни .
Затоа, ракија веќе не варат насред дворови, туку скришум по шупи и подруми.:mad: А правењето ракија за свои потреби премина во илегала.
Во тоа се уверила и една баба која на еден од славонските пазари била „фатена“ со 7 литри домашна ракија кои не успеала да ги сокрие , па затоа ќе биде казнета како шверцер за што ќе треба да плати казна од 1.500 евра!
Контролите веќе тргнале во лов по домаќинствата
http://www.nezavisne.com/posao/anal...im-kazanima-i-domacom-sljivovicom-165665.html
 
Е добро повеќе ќе се свртат кон правење домашно вино и пиво. ;) И така овие бакарни казани не се добри за правење ракија. Со иноксни треба да се заменат.
 
Е добро повеќе ќе се свртат кон правење домашно вино и пиво. ;) И така овие бакарни казани не се добри за правење ракија. Со иноксни треба да се заменат.
Што им фали на бакарните?
 
еве едно мислење од Serpico иако од пред 4 години

Е, чичковците од ЕУ смислиле една дубара и за ракијата. Види ги бугарите, се жалат нон стоп за лимитот за производство на ракија по глава/производител на годишно ниво. Што е чарето? Ако одам по аналогијата на овој донесен закон, веројатно ќе забранам одгледување на лозје, правење ракија (хардкор варијанта), ќе лимитирам по ЕУ терк (поблага варијанта)....

ИЛИ ќе ги казнувам пијаните малолетници и оние кои им продаваат алкохол, без никакви забрани за остатокот од населението.


Ме мачи, шо се правиме поголеми енглези од енглезите. Еден норвешки архитект - макар бил најдобриот на свет - не може да ми испроектира куќа во Македонија, без да дојде тука и да поживее неколку месеци. Не може, бидејќи не знае како дува ветрот, незнае какви куќи граделе дедовците мои, незнае ништо... Ако се водиме слепо по европските закони, ќе направиме дупло зло: прво, нема да се применливи, како што и читам - второ, ќе се створи меѓу народот резистентност према мерките од Еу, воопшто. Лошото е што секогаш некој од нас ќе биде на мета на полицијата, ќе го има во рака и ќе го казни, намерно или по случаен избор - и ќе плати за сите непочитувачи на законот.

Додека, во меѓувреме...и понатака ќе останеме само машини за гласање, на кои друг ќе им кажува што им смислил од доменот на лични слободи: смееш ова, не смееш ова, прави вака, не прави така... НЕ за таква демократија, НЕ за такви реформи. Секој кој малку резонира ќе знае дека за некои работи, мерки, навики - кои се во генот на народот - мора да има една buffer зона која ќе опфати повеќе генерации.
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 21:05 ---
од темата http://forum.kajgana.com/threads/Прохибиција-логика-и-ефекти.24681/
па ако сметаат за потребно- нека ги спојат
 
Ах, да е само овој е*ен закон од ЕУ добро ќе беше...Пак ќе кажам молете се да не влеземе во ЕУ, дури тогаш ќе осетиме што се закони и плаќање казни :noze:
 
Овој закон го има во Австралија уште одамна ........... уште пред години ми имаат кажувано некои роднини од таму дека забрането било да палиш казани и да произведуваш ракии такви работи(дури и да се само за сопствени куќни потреби, а не за продажба) ........ незнам колкави им биле казните ама строго биле забранети овие работи таму и тоа уште од пред години ............ иако сепак станува збор за вршење на дејност во сопствен двор со сопствени материјали казан, дрва, грозје(или сливи) ............. овој закон гарант 102,3% и кај нас ќе биде донесен(може и веќе е донесен) и е сличен со оној законот што го донесоа уште пред некоја година со кој се забранува правење на зимници на било какви површини, било јавни(простор помеѓу згради), било приватни(сопствен двор) !
Која глупа ствар да несмеам да си запалам ќумбе во сопствениот двор(и тоа позади куќа) и да си подготвам зимница, оти така им текнало на некои белосветски бирократи .............. :tapp:
 
Законот за печење ракија е дозволен во Нов Зеланд. Без никакви ограничувања исто како и што е тука.
 
Законот за печење ракија е дозволен во Нов Зеланд. Без никакви ограничувања исто како и што е тука.

Да ама во Австралија не е, уште од одамна е забрането такво нешто, ова ми го имаат кажувано уште пред години !
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 21:22 ---
Ах, да е само овој е*ен закон од ЕУ добро ќе беше...Пак ќе кажам молете се да не влеземе во ЕУ, дури тогаш ќе осетиме што се закони и плаќање казни :noze:

Ова не е ништо ......... ај да бидеме живи и здрави да влеземе во ЕУ па после ќе правиме муабет тука ............ уште колку вакви е*ани ЕУ закони има и тек ќе има охохо ........ ама па и бирократите мора да живеат од нешто и мора задниците да си ги одржуваат во форма :гомце:
 
види, во Устралија нема никој потреба од варење ракија, зема 2000-3000 долари, а е и секој во семејството вработен и ќе си купи, тоа е и основната причина за воведување такви закони, секој да си го работи само она во што е стручен и да си купи она што му треба, кај нас, од немање пари, секој понешто работи, произведува, си поправа и на крајот ем никој нема, ем ниедна работа сработена како што треба.да, сум да се донесе таков закон ама дури откога барем 85% ќе бидат вработени и да земаат барем, барем 1000 евра плата, тогаш, може да се носат такви закони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom