Каде боли кога „душата боли“

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Се жалите на изнемоштеност. Лекарот препишува лекови, прави анализа , но неможе да постави дијагноза ... Можеби во тој случај потребно е да ја лечите душата, а не телотоo_O




Несигурност - Алергија

Кон алергии често се склони лицата кои ги негираат сопствените капацитети , не знаат да се спротивстават ниту да го изразат незадоволството .Можно е родителите на лицата кои патат од алергии да имале чести караници и сосема различни погледи на светот.

Внатрешен немир -Дерматолошки проблеми
кожните заболувања сигнализираат дека лицето го мачи внатрешен немир , стравови ...

Комплекс на пониска вредност - вегетативна дистонија
Функционалните пореметувања во областа на вегетативниот нервен систем се поврзуваат инфантилност, комплекс на пониска вредност, самозалажување и сомничавост.

Потсвесен притисок- HERPES SIMPLEKS
Покрај вообичаената причина на оваа непријатна болест , постои и една скриена и моќна прилина - а таа е силната несвесна желба да се прави некому лошо , социјално неприфатливи работи...

Амбиваленција - Забоболка
Забите повеќе се расипуваат кај лица кои незнаат што сакаат , не веруваат дека целта која себеси си ја поставиле е достижна , кои се амбивалентни и мислат дека тешкотиите и пречките на кои наидуваат се непремостливи.

Лутина – воспалителни процеси
Склоноста кон воспалителни процеси се развива поради множтво животни ситуации кои ве лутат и ве прават разочарани.

Напнатост - Главоболка
Лицата кои често се жалат на главоболка ,а немаат сериозен физиолошки проблем , буквално е создадена од психолошка и физичка напнатост.предизвикана од сопствени внатрешни конфликти .

Отпор кон обврските - Мигрена
Мигрената се смета дека се создава поради омраза кон обврските и се’ што е потребно , отпор кон реалниот тек на животот, дури и страв од сексуалност.Луѓе кои сакаат да бидат совршени како и на оние на кои им се натрупало многу животно незадоволство -патат од оваа болест.

Семејна неуроза- Бронхитис
Нервоза дома, лоша атмосфера и чувство на безизлезност - може да предизвика бронхитис.

Лично незадоволство- Висок притисок
Се јавува како последица на претерана одговорност и желба постојано да се работи. Лицата кои патат од висок притисок премногу се трудат да ги оправдаат туѓите очекувања, да стекнат почитување од другите , што често ги доведува во ситуација да заборават на своите потреби.
 
;) :ROFLMAO:
Недостаток на љубов – Дијабетес(шеќерна болест)

Ама чекај сега, по логикава на постов, недостаток на љубов води кон дијабетес не?! :P

А, што води кон инсомниа? :LOL: Објасни докторе :icon_lol:..
 
Многу точно.. Кај мене проблемите на нервна база нонстоп се манифестираат телесно.
 
Мене коа ме боли душата осеќам тежина во срцето , и нагоре ко низ уста да ми излегува нешто :( и ми се плаче :cautious:
 
Ама чекај сега, по логикава на постов, недостаток на љубов води кон дијабетес не?! :P

А, што води кон инсомниа? :LOL: Објасни докторе :icon_lol:..
не , него не си разбрала добро:P
бессоницата е причина која се јавува како последица од недостатокот од љубов- а се’ заедно води кон дијабетес :pos:
ај к’сни си благичко;)
 
Мене коа ме боли душата осеќам тежина во срцето , и нагоре ко низ уста да ми излегува нешто :( и ми се плаче :cautious:

Започнуваш да се тресиш, потешко дишеш, ти се чини срцето ќе ти излета?
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 22:27 ---
не , него не си разбрала добро:P
бессоницата е причина која се јавува како последица од недостатокот од љубов- а се’ заедно води кон дијабетес :pos:

Леле.... немој бе докторе вака, уплав фатив:eek: ! Шо да прајме? :pos:

Абе изедов една опаковка ресани пред малко, не заебавај ....:D
 
Започнуваш да се тресиш, потешко дишеш, ти се чини срцето ќе ти излета?
Ја Ја ,:) незнам најверојатно медицината има свое објаснување за ова јас онака лаички , просто се изразив , али углавном како душата тогаш да е сконцентрирана во срцето само ;)
 
Ја Ја ,:) незнам најверојатно медицината има свое објаснување за ова јас онака лаички , просто се изразив , али углавном како душата тогаш да е сконцентрирана во срцето само ;)

Огромна тага.....
Медицински, карактер - психолошки проблем најверојатно...
 
Огромна тага.....
Медицински, карактер - психолошки проблем најверојатно...
Најмногу се манифестира кога ќе изгубиш некоја сакана /сакан ;)
 
Самоосуда - Бубрези
Болестите на бубрезите се во спрега со критицизмот, самоосудата, разочареноста ...

Перфекционизам - Артритис
Болест на перфекционистите, претерано одговорните луѓе , на оние кои незнаат да кажат не и на оние кои веруваат дека никој не ги сака .За лицата кои патат од артритис важи она демек стално се спремаат да му плеснат се’ во лице некому , ама тоа никогаш нема да го направат.
 
душата е во желудникот
ко ќе боли душа или треба да се наполне или да се испразне душата за да се напраи равнотежа (јанг кјанг го викаат тоа во јапонија) значи прво се празни чоек, трпеливо, истрајно и темелно, седнуваш на шоља и ако треба земаш крстозбор, или од оние малите шахчиња па решаваш проблеми, или ако не си концентриран за ентелектуални работи - транзистор на батерии, едно бокалче ж’та и тегла корнишони... колку да помин времето. Значи од ко ќе исфрлиш се од душата , ќе видиш како се чуствуваш, ако си поаен - тоа било проблемот, ако пак си неарен - тогаш треба душата да се нарани, здрав добар појадок, компири пржени на маст, сирење, 2-3 јајца на око, ако остана од вчера од ручек тро грав или некоја манџа, пола сомун леб, некое љуто пиперче, уз то 2 чавчиња ракија, една чаша вино. Е тука веќе сега би требало да биди се во ред. Ако случајно пак не е , тогаш појди на доктор пошто или чиро проработил или на нервна база ти е нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom