R
redhead
Гостин
Многу себично од твоја страна. Остави ги и него и брат му на мира.Ми беше најдобар другар кој го знам од нет. Го запознав во живо и толку многу се сакавме што живот би дале еден за друг се додека ова не се случи.
Направив видео за другар ми кое го виде цела Македонија. Тоа ми го прости иако го заебаваа. После се заљубив во брат му. Кога дозна се налути и мене и нему. Со месеци не збореше со нас. После рече дека тој бил вљубен во мене и дека сакал да ми го каже тоа но после ова нема шанси за ништо. Од Април ме избегава а со брат му немам веќе контакт.
Сакам да го вратам пријателството. Се обидував да му пишам и да се јавам но не реагира. Преку други луге исто се обидувам да зборат со него но нема успех. Многу ми значи. Јас бев негов заштитик. Ако не ми прости ќе се земам на душа. Јас незнаејќи го повредив. Незнаев за неговите чувства. Зарем може да ме обвини што се заљубив. Срцето не бира во кого ќе се заљуби. Помош
Гледаш дека и покрај сите твои обиди, он пак си молчи.
И помалку драми. Не праќај други луѓе да зборат со него.
Барем малку задржи си го достоинството (ако го имаш нели).
Ако сака да исконтактира, сигурно ќе ти свртел до сега.
Си му го повредила егото многу.
Остави ги и двајцата на мира.