Опасни се овие тајниве служби.Само местат невини личности...
Kриминално-корупциската јамка на Балканот, албанската мафија е петта во светот
Во сите странски разузнавачки извештаи се предупредува дека во криминално-корупциската јамка која го стегнала Балканот, улогата на мафиозната цитадела и припаѓа на Република Косово, каде непречено се развиваат најопасните гранки на криминалното делување. Пред се станува збор за транзитот на дрогата.
Главниот канал на дрогата во Западна Европа доаѓа од Авганистан и азиските земји преку Турција и балканските коридори. Балканот тука игра клучна улога: преку него поминува дури до 80 отсто од наркосообраќајот. Балканските нарко-коридори се делат на северен хероински (Авганистан – Турција – Унгарија – Романија) и јужен кокаински (Турција – Грција – Македонија – Албанија – Италија).Најмоќно упориште на наркомафијата стана Турција. Дури и бројките за оној мал дел од стоките кои паѓаат во рацете на полицијата, се неверојатни: само во втората половина на 2011 година во Турција биле конфискувани повеќе наркотици отколку во сите 27 членки на Европската Унија заедно.
Веќе подолг период е познато дека транзитот и снабдувањето на балканскиот регион и на Западна Европа го остваруваат главно албанските
криминални групации, сврзани со италијанските, црногорските, турските и курдските накрокартели (последниве на територија на Ирак, Иран и Централна Азија располагаат со мошне развиена мрежа на канали за испорака на дрога од Авганистан), како и кавкаските криминални формации.
Приштинската република извршува две функции. Во сите тие извештаи на странските разузнавачки служби пишува дека косовската држава:
- од една страна претставува извор на организран криминал, за што сведочи паравоената диверзантско-терористичка формација насловена како Ослободителна армија на Косово (ОАК, УЧК – албански кратенки), само козметички маскирано да изгледаат како т.н. сили за безбедност на Косово и косовска полиција;
- од друга страна, таа претставува зона за емитување на криминалот во Европа и другите делови од светот.
Првата криминогена функција на „проектот Косово“ се состои во тоталната контрола на државата Република Косово од поранешните бунтовници на ОАК. Тие ги зазедоа стратешките позиции, целосно го управуваат државниот апарат, како и јавниот и политичкиот живот.
Во услови на дисфункција на органите за управување на Република Косово, криминалните структури не се во сенка, тие се единствената власт. Криминалните групации претставуваат дел од клановскиот и државен систем. Нивните методи се крајно агресивни, ова е криминал со борбена провиниенција. И тоа од меѓународни размери – криминалните картели контролираат цели региони, а нивната индустрија полека освојува се поголеми простори како во Европа, така и во САД, претворајќи се во ноќна мора за полицијата на овие земји. Албанската мафија е на петто место во светот според рејтингот на организирани криминални структури, но притоа, таа се карактеризира со огромен растечки потенцијал, кој никнува на тло што претставува ненадминлива пречка за полицискиот оперативен продор: jазикот, обичаите, крвните врски. Семејните врски и овозможуваат на албанската мафија да создава нераскинлив криминален синџир: претставниците на албанските кланови ги мажат своите ќерки за колегите од еснафот од Авганистан и Турција, заштитувајќи ја на тој начин главната врска во наркобизнисот производителот -магацинот -потрошувачот на производот. Така цвета и се шири криминалниот семеен бизнис.
Тука мора посебно да се истакне сраснувањето на наркотрговијата, која ја предводи албанската мафија, со меѓународната терористичка дејност и радикалните исламистички групации. Сега Косово е претворено во меѓународен центар за обука на сириските бунтовници. Сириската опозиција побарала помош од ОАК во април 2012 година, ветувајќи и во замена дека „новиот Дамаск“ ќе го признае Косово како независна држава. На пример, токму во Македонија бил забележан еден од лидерите на вахабистичкото движење во БиХ, Абдусамед Бушатлиќ, поранешен бунтовник од единицата Ел-Моџахедин. Во Македонија се остварува мисионерско-идеолошката работа, додека на Косово -воената.Целокупната терористичка подготовка се остварува вo реактивираните кампови на УЧК во близина на Дреница (во атарите на селата Ликовац, Јабланица и Глоѓани), и создадени нови бази за распоредување на моџахедините од исламските земји. Едната база е на територијата на општината Дреница, а другата во Метохија (во атарот на селото Смоница во близина на Ѓаковица). Инструкторите не се само Албанци. Извозниот модел на сириската револуција се подготвува со помош на инструкторите на албанските терористи на УЧК и екстремистите од БиХ.
На 20 јули 2012 година почна битката на сириската армија за вториот по големина град Алепо, во текот на која биле убиени 40 бунтовници. При идентификацијата на убиените било утврдено дека освен платениците од другите земји, на страната на терористите се бореле и косовски Албанци.
Во целата оваа мешаница една работа останува необјаснива – додека разузнавачките служби на западните земји бијат на сите камбани, известувајќи за деталите од „работата“ на албанските криминални групации од меѓународен до локален карактер, од кои се заледува крвта во вените, западните политички кругови и меѓународни организации упорно ги игнорираат овие информации кои се закана за безбедноста и на нивните земји.
Зоран Митевски, поранешен помошник директор на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија