Филмови со македонски превод

  • Креатор на темата Креатор на темата skywalker89
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 септември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
7
Возраст
35
Би сакал да ве известам за еден македонски сајт на кој налетав во скоро време.
Сајтот е www.kinoteka.mk .
Се гледа дека е нов на сцената, но има солидна база со филмови и тоа бааги добри филмови од најнови до најстари.
Последен филм кој го гледав на сајтот беше 'Friends With Benefits', филм за кој сеуште не можеш да најдеш добар англиски превод а тука го има со македонски. Се што треба е да имате колку толку солидна конекција и филмот ќе лета!
 
Налета или е твој?
Friends with Benefits, а почнува Limitless и немало добар англиски превод.:pos:
И не мислиш дека малку претеравте со „филмските“ сајтови, 100 вакви излегоа во последната година. Сите научивте да лепете превод на филмот и секој втор формира таков сајт. Фејл ми е целата идеја... не само овој сајт, сите.
 
Ќе имаат проблеми со хостинзите и ќе се откажат од сајтот, како што направија tm.mk и popcorn.mk

И налетал на сајтот, LOL'd :D
 
Последен филм кој го гледав на сајтот беше 'Friends With Benefits', филм за кој сеуште не можеш да најдеш добар англиски превод а тука го има со македонски.!
Извини, едно прашање - Што ќе ти е англиски превод на амерички филм?
 
Извини, едно прашање - Што ќе ти е англиски превод на амерички филм?

Има некои делови каде што не се слуша убаво поради некои звуци (возила, музика и сл.) така да на тие места добро би ти дошол превод одоздоле :)

Ќе имаат проблеми со хостинзите и ќе се откажат од сајтот, како што направија tm.mk и popcorn.mk
И налетал на сајтот, LOL'd :D

Зошто со хостингот? Ако се на платен хостинг не верувам дека ќе имаат проблеми. Имам хостирано на Ухост и немаме никакви проблеми досега. Имав хостирано и на некои непроверени хостинзи и после одредено време откажува :S
 
Извини, едно прашање - Што ќе ти е англиски превод на амерички филм?

Сите филмови ги гледам така. Сакам да обрнувам внимание и на глумата и на кадрите и на режијата на филмот а не да се напрегам да слушнам кој што кажал и само тоа да го пазам.
 
Зошто со хостингот? Ако се на платен хостинг не верувам дека ќе имаат проблеми. Имам хостирано на Ухост и немаме никакви проблеми досега. Имав хостирано и на некои непроверени хостинзи и после одредено време откажува :S
Мислев со хистинзите за филмовите, ќе отидат на мегааплоад, ќе имаат проблеми, ќе отидат на друг, ќе имаат проблеми и ќе се откажат. А, ако немаат офшор хостинг ќе имаат проблеми и со пиратеријата, со хостингот за страната
 
Сите филмови ги гледам така. Сакам да обрнувам внимание и на глумата и на кадрите и на режијата на филмот а не да се напрегам да слушнам кој што кажал и само тоа да го пазам.
И пак не разбирам, кога нетот е преплавен со хрватски, српски и македонски преводи за секој филм...
 
И пак не разбирам, кога нетот е преплавен со хрватски, српски и македонски преводи за секој филм...
Некои зборови не се разбираат (слушаат). Поготово кога гледам англиски филм, акцентот не го разбирам многу добро и ми треба англиски превод. Од англискиот превод учиш и како се пишуваат зборовите што ги кажуваат (не дека се многу граматички точни преводите).
 
И пак не разбирам, кога нетот е преплавен со хрватски, српски и македонски преводи за секој филм...

Е македонски па баш и нема за секој филм ко што зборуваш а подобро ќе гледам со англиски превод и ќе си го надградувам јазикот со нивни конструкции отколку да гледам на српско хрватски каде што некои нивни фрази и се катастрофално преведени.
 
Во последно време многу често има македонски преводи на www.titlovi.com, барем за последните 4-5 филма што барав јас, најдов.
 
Во последно време многу често има македонски преводи на www.titlovi.com, барем за последните 4-5 филма што барав јас, најдов.

за филмовите мејби, ама за сериите шо си ги гледам македонски превод тешко...
 
Ако некој знае македонски сајт за филмови би го молел да ми каже.Ви благодарам однапред :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom