Што бара темава во животни?
Туку не ме чудат вакви будалаштини, трагедијата е што сите навикнавме на нив. Пред две три недели таква трагедија ќе не снајдеше по дома од тие црепови доктори па тоа чудо едно. Сосем друг случај од ова со кучево, ама морам да го раскажам чисто да имате искуство плус, да знаете што да очекувате.
Дедо ми сабајле тргнува на работа, му се слошило по пат се онесвестил. Само што за несреќа паднал од страната на патот каде што некој фрлил комиње затоа што правел вино или ракија претпоставувам. Итната помош нејќела да го земе, затоа што пази мајката колку се паметни, сигурно бил пијаница затоа што целиот мирисал на алкохол (тоа што паднал среде комиње потомците на Шерлок не го забележале). Да не бил еден сосед на дедо ми да викне полиција за да им свика на овие од итна да го земат нејќам да помислам што ќе се случеше. И што е уште потрагично, го оставиле сам во ходник со саати, да не дошле моиве, којзнае што ќе му се случеше, и по триста испитувања они немаат поим зошто падна во несвест.
Значи брате си го јадел стапот ради нивната логика. Скраја да е некој во алкохолизирана состојба навистина да падне некаде. Нема да дојдат, човекот не заслужува да живее според нив.