- Член од
- 21 јуни 2012
- Мислења
- 65
- Поени од реакции
- 84
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..