Divider
Seraphim
Ок господине дрвен адвокат... На многу луѓе овде од форумот им треба лечење па не гледам дека нив им е забрането да се размножуваат и да стапуваат во брак.
И ве молам во иднина не спомнувајте Бог само за да ви држи вода вашата дискусија. И не знам да постои божја заповед Не биди педер, може како 11 да ја поставиме.
п.с. Навистина се обиде да ми го подметнеш Хипократ? Lame, very lame....![]()
Кога ти се обиде да го вметнеш Хипокрит, конкретно, само Хипократ те пере.
Бог...Леандра ќе збесне, а јас си ја сакам, нема да ја напнам од сабајле.
Прелистај, има поставки околу тој момент.
Признај, арно ти дојде да не одговориш на конкретните моменти, туку да дефокусираш, оти освен гладни деца у Африка и/или хомофобија и немаш друг аргумент.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 10:56 ---
Содома и Гомора
Во дамнешни времиња, некаде околу територијата на Мртвото Море, си постоеле две шик местенца со име Содома и Гомора, пандани на денешниот Лас Вегас. Преданијата велат дека таму, главниот двигател во животот на локалните мештани им била забавата, неконвенционалниот секс, психотропните сусптанци, целодневното опивање, односно ексцесивниот хедонизам и постоело само едно правило “ Што и да се случи во Содома и Гомора останува во Содома и Гомора”. Значи, овие слободоумни, ексцентрични визионери, гаеле изразито субверзивни перспективи за животот, кои што имале тенденција да ги уриваат укочените и арбитрарно импонирани стереотипи и морални начела од страна на богот Јахве, преку максимално и недвосмислено ползување на мноштвото вариетети на овоземни сладострастија.
Овој начин на моделирање и владеење со растегливата вештина наречена морал, бил прифатен и практикуван од сите, освен од еден намќорест, но послушен и поддан Богомолец наречен Лот, на кого оргазмичната џева му ја попречувала поладневната дремка, и истовремено го ставала во опасност воспитувањето, на неговите две малолетни ќерки. Па така, еден ден, на Богомолецот му пукнал филмот, и целиот напизден, со накострешена шишка и клевета на умот, главеечки јурнал низ вратата од својот дом и се упатил некаде, на некое рандеву со богот Јахве. Кога пристигнал таму, Богомолецот, со насолзени очи почнал да рецитира трогателна приказна за која најдобро сведочеле неговите подочњаци, и ги обвинил блудниците од Содома и Гомора за ерес, како и за нарушување на јавниот ред и мир. Јахве сочуствувал со ненаспаниот човек, и пратил два негови “bottom bitch” ангели во извидници. Ангелите со денови биле натрескани, трипале, пиеле висококвалитетно вино, жестоко се копулирале и оргирале, па откако се отрезниле, и го доставиле извештајот за лудиот провод до Јахве, овој полудел од љубомора, и го иницирал својот мортал комбат мод, скоро апгрејдуван со ново и уште по засштрашувачко фаталити, и со епска деструктивност успеал да ги пепелоса сите, освен добриот кодош Лот, жена му и двете ќерки. Како и да е, жена му не доживеала во иста телесна конзистенција, да ја почувствува целосната полнота на божјата “милозлива добрина” и набргу била разнесена на ситни парчиња, поради тоа што некоја фрактална структура на фотон, од боженствениот огномет се прилепила за нејзиниот вид, што дополнително го напенисило, и онака нервозниот Бог.
После бомбастичниот настан, Богомолецот Лот, сега ужалостен вдовец, со неговите две ќерки, се сместил да живее во некоја зафрлена пештера, далеку од спомените, втемелени во прашината што останала од градовите на гревот, Содома и Гомора. Но, овој убитачно-јебитачен кластерфак, не застанува тука, туку продолжува и се продлабочува, со настаните кои следат постфестум, во пештерата. Имено, девојките отсечени од било какви машки сексуални намери, своите ориентации ги насочиле кон својот сопствен татко(или таткото во недостиг на мастурбација со женско тело се ориентирал кон дефлорација и обесчестување на сопствените ќерки), и така тие заедно отпочнале серија од инцестоидно-спермести баханалии, кои подоцна вродиле со растечки тандем плодови, во утробата на ќерките, сега идни мајки. Јахве почнал да ракоплеска, од целото тоа гревовно упориште на безбожништвото, развратот и блудот, на крајот сепак се изродила нова искра на надеж, пример кој понатаму треба да ни го осветлува патот кон вистинските вредности, љубовта, традицијата, семејството, доброто, моралното, чедното, кон Бога. И така, сите си продолжиле да си живеат среќно, весело и морално исполнето, со благословот од Богот Јахве, додека едноставно не престанале да си живеат.
Прекрасна, морално вдахновувачка приказна, која на еден доста концизен и илустративен начин, меѓу другите сакрални работи, ни го доловува и суштинското значење на божјата заповед “Љуби го ближниот свој”, извадена од омиленото бајковидно дело на подвидот хомо-сапиенс-ретардус.
КО од ОКНО да си го ископал.
И од се, за Содома се фати или Гомора поќе ти прилегна сабајлечки како апологетија на геј брак?