Дали македонскиот народ е снобовски?

  • Креатор на темата Креатор на темата Werther
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонскиот народ е снобовски?


  • Вкупно гласачи
    89
И тоа какви, плата од 200 евра и преживува ден за ден, но не му пречи да го купи најновиот телефон кој има неворајатна понуда 100 евра за договор од две години со месечна претплата од 2500 ден. месечно.
 
Македонците и те како се снобовски народ, ама и добри сеирџии на снобизамот посебно се гледа од народната поговорка на гол газ гајтан. Само кај нас снобизамот се искажува на друг начин од тие на запад, кај нас се нешто како да глумиме снобизам (бидејќи немаме пари), тоа се гледа и од поговорката, за разлика од тие на запад, каде и те како имаат пари, па ова не важи.
 
Она што мене ми пречи не е материјалниот снобизам, туку интелектуалниот снобизам, кој во последно време царува, особено меѓу младите. Се другите се гледаат од висина, се нешто другите се прости, сељаци, неписмени и слично, а само 3% од населението е достојно за нивното време и почит. Им се смеат и ги исмејаваат сите, они се демек многу саркастични и цинични, зашо тоа е као демек “хумор за интелигентни“, а уствари тоа е само “прибрежиште на плиткиот ум“ според многумина. Толку е зачестена појавава, што веќе станувам алергична на неа и почнува да ми се повраќа во моментот кога ќе го приметам, а кога ќе забележам таков човек гледам за секунда да се тргнам и извлечам од муабетот, затоа што едноставно не можам да ги поднесам таквите луѓе.

И што ако е некој прост, неписмен, сељак? Треба за тоа да се исмејава, да се навредува, да се потценува и да му се даваат нон-стоп саркастични и цинични забелешки? Па подобро прост и неписмен, ама искрен и добродушен човек, отколку интелектуалец и паметњаковиќ кој све гледа од висина, а што е најтрагично и ваквите снобови не се нешто изразито интелигентни. Тука лежи проблемот. Секоја мисла им е копи-пејст од некој друг, од нешто што прочитале, еден свој став немаат, ама само затоа што прочитале некоја книга повеќе мислат дека го поседуваат светот и никој друг не е вреден за нивното време.

Одвратно.:sick:
Не само одвратно, туку е и жалосно за млад човек да се претвори во интелектуален сноб и да гледа ко коњ само во една насока, наместо да ги проширува своите видици и да биде срдечен со сите.

Али тоа е, некои се умислуваат дека се авангарда на општеството...:pos:
 
Па самото седење во ,,кафиќи,, и носење ,,брендирано,, не го прави човекот сноб.
Искрено, повеќе ме загрижува категоријата на луѓе кои реално немаат, вадат леб од уста за да ,,отидат таму,, и ,,изгледаат така,,. Оние кои вистински имаат, многу помалку се занимаваат со покажување наоколу ,,кој сум и што сум,,.
А снобизам има. Но, не е тоа само тука. Снобизмот е дел од воспитувањето, секој се смета себеси за најдобар, и секогаш другите нешто не чинат и се полоши од него.
 
Епа тоа ми е чудно на мене бидејќи сме економски слаби,а кога да прошеташ еве во случајов Скопје(бидејќи од Скопје сум неможам да кажам за останатите градови) елитните кафичи,ресторани се полни,се повеќе луѓе гледам кои носат скапа гардероба,скапи мобилни телефони итн. е како е тоа можно затоа што нели важиме за сиромав народ...Дали Македонскиот народ пробува да си го купи угледот со купување на скапа гардероба,скапи мобилни телефони,скапи коли итн.Е сега ти најверојатно ќе ми кажеш дека јас тие луѓе кои сум ги видел со сите тие телефони,коли и друго се само еден мал дел,но не е така се повеќе луѓе може да се заприметат со сите овие скапи работи...
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 02:17 ---

Па добро е да се искритикуваш самиот себеси понекогаш...
Епа очигледно е тие што седат по кафичи или се мамини синчиња или пак гастербајтери што се вратиле во Македонија назад и сакаат да ја прикажат моќта што ја стекнале. Треба да ти биде јасно дневната шема ја држат они кои што веќе работат или пак имаат добар грб ( татко , мајка , чичко , братучед ) неможе некој син на работничка класа да пие 3-4 пива во центар бидејќи тоа може да го кошта и 5 евра :)
 
wifi-snobs.gif


LSL_Snobby.jpg


kim4.jpg


not_a_snob_hat-p148081496558976459zvzms_400.jpg
 
Нели е снобовски некој да го нарекуваш сноб ?
 
Епа очигледно е тие што седат по кафичи или се мамини синчиња или пак гастербајтери што се вратиле во Македонија назад и сакаат да ја прикажат моќта што ја стекнале. Треба да ти биде јасно дневната шема ја држат они кои што веќе работат или пак имаат добар грб ( татко , мајка , чичко , братучед ) неможе некој син на работничка класа да пие 3-4 пива во центар бидејќи тоа може да го кошта и 5 евра :)

Не е баш така. Има луѓе кои работат во Центар, има студенти кои имаат паузи на факултет итн.
Самото седење некаде не го прави човекот сноб. Неговото однесување е тука ,,прашањето,, :)
 
сноб
мн. снобови
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се поведува по модата, манирите, вкусовите навишите кругови" .


Најверојатно е wannabe снобизам.Во најголем дел.Плата 200 еври (или ич), телефон од 400, адидас од 6720 (кинески), секој ден по кафиња, само по настани за кои два збора не се спремни да врзат ама да бидат видени е битно.Кој сум јас филмот :ROFLMAO:
 
у скопје се повеќе такви буљафчиња што мислат ќе живеат до 101 од на татета џепот. Кај нас у другите градови оваквите мрсулковци се бројат на прсти.
Па не би рекол баш дека во другите градови се бројат на прсти,еве во Штип бев пред 1 месец имав некоја работа и воглавно по елитните места беа преполни,а оние полокалните по обичните празни исто така носеа скапа брендирана облека и телефони од по 400-500 евра...
Не само ние, сите се снобови ако глеаме спродер ова, јави ми ако најдеш некоја држава што нема снобови.
Кај нас е оваа посебно изразено...
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 18:29 ---
Па самото седење во ,,кафиќи,, и носење ,,брендирано,, не го прави човекот сноб.
Искрено, повеќе ме загрижува категоријата на луѓе кои реално немаат, вадат леб од уста за да ,,отидат таму,, и ,,изгледаат така,,. Оние кои вистински имаат, многу помалку се занимаваат со покажување наоколу ,,кој сум и што сум,,.
А снобизам има. Но, не е тоа само тука. Снобизмот е дел од воспитувањето, секој се смета себеси за најдобар, и секогаш другите нешто не чинат и се полоши од него.
Проблемот е во тоа што тие луѓе со седењето по елитни места и носење брендирана облека пробуваат да си ко купат угледот достоинството.
Епа очигледно е тие што седат по кафичи или се мамини синчиња или пак гастербајтери што се вратиле во Македонија назад и сакаат да ја прикажат моќта што ја стекнале. Треба да ти биде јасно дневната шема ја држат они кои што веќе работат или пак имаат добар грб ( татко , мајка , чичко , братучед ) неможе некој син на работничка класа да пие 3-4 пива во центар бидејќи тоа може да го кошта и 5 евра :)
Јас имам другари,а и познавам други луѓе кои земаат просечна плата од 250-300 евра,а киснат по скапите кафичи и носат брендирана облека и се расфрлаат со пари како да земаат 3000 евра,а не 250...
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 18:30 ---
 
Па не би рекол баш дека во другите градови се бројат на прсти,еве во Штип бев пред 1 месец имав некоја работа и воглавно по елитните места беа преполни,а оние полокалните по обичните празни исто така носеа скапа брендирана облека и телефони од по 400-500 евра...
Кај нас е оваа посебно изразено...
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 18:29 ---

Проблемот е во тоа што тие луѓе со седењето по елитни места и носење брендирана облека пробуваат да си ко купат угледот достоинството.
Јас имам другари,а и познавам други луѓе кои земаат просечна плата од 250-300 евра,а киснат по скапите кафичи и носат брендирана облека и се расфрлаат со пари како да земаат 3000 евра,а не 250...
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 18:30 ---

Искрено, многу пати имам седено во ,,елитни места,, (жими елитните), и воопшто не се чувствувам снобовски.
Не дека ги нема, но глупава е генерализацијата.
 
Во глобала НЕ...Ја повеќе би рекла дека се со снобовски комплекси, а не вистински снобови...
 
Искрено, многу пати имам седено во ,,елитни места,, (жими елитните), и воопшто не се чувствувам снобовски.
Не дека ги нема, но глупава е генерализацијата.
Не не генерализирам да не се разбереме погрешно,но поентата ми беше дека 80% од тие што седат таму не седат бидејќи им е кафето поубаво или амбиентот им се допаѓа туку дека важи за елитно место...Има луѓе кои одат поради причините кои ги наброив ама мислам дека се малку.
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 18:49 ---
Во глобала НЕ...Ја повеќе би рекла дека се со снобовски комплекси, а не вистински снобови...
Во превод би значело патиме од комплекс на виша вреднос или?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom