Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хомосексуалните бракови во Македонија се невозможни бидејки сеуште сме земја со гоелма самосвест и свест.
Народот сеуште знае што е ред, а што не е в ред.

Ниту пак ќе има посвојувања на деца од страна на тие и таквите лица, со цел да се задржи правилната структура и облик на семејството.

Не џабе Свети Павле дошол тука да го прошири словот и речта. Знаел.
Затоа и през вековите сме негирани и угнетувани и сега перфидно и ЕУ сака да не смени, ама ќе опстоиме.

Затоа што сеуште и вечно ќе знаеме што е здрав начин, а што треба да се лечи и излекува.

Гејоњ бракоњ не!
 
Невладини организации го обвинија Ристовски за хомофобија
DE91B9848FD199438B24CA30B36F1D82.jpg

Повод се неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи
Четири невладини организации предводени од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го тужат министерот за труд и социјала Спиро Ристовски за вознемирување, поради неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи. Тие го обвинија министерот за хомофобија и за дискриминација.

За нив е, како што рекоа на денешната прес-конференција, големо разочарувањето дека владејачката структура претставена и преку министерот, го продолжува својот сензационалистички и недемократски монолог по однос прашањето на семејството, бракот, и конечно, истополовите заедници.

„Со двете последователни изјави министерот Ристовски направи недвосмислена дистинкција меѓу здравствената состојба на хетеросексуалните и хомосексуалните лица, односно оние растени во хетеросексуална или хомесексуална заедница“,потенцираат невладините организации, кои препознаваат дискриминаторски говор, бидејќи хомосексуалните лица и заедници се исклучени од поимањето на нашата Влада за здрава нација.

Според нив, министерот го раскинал македонското општество на два дела. Едниот дел го претставуваат, здравите брачни двојки кои биолошки се репродуцираат и и нудат на нацијата здрави и правилно развиени деца.А, останатиот сегмент на општеството го претставуваат сите оние двојки кои не ја исполнуваат ’светата мисија’ на репродукција на здравата нација, сите оние родители кои самите ги одгледуваат своите деца со сета можна љубов и извори на грижа, сите самохрани мајки, сите оние двојки кои имаат посвоено, изгледано и развиено деца надвор од ’вистинската биолошка форма на зборот’, сите оние граѓани кои ја имаат искористено современата технологија за да донесат на овој свет уште еден човечки живот.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски изјави дека Законот за семејство нема да се менува и нема да се дозволи склучување на хомосексуални бракови во Македонија.

„Во Законот за семејство јасно е дефинирано дека бракот е заедница меѓу еден маж и една жена и тоа ќе остане така додека ние раководиме со Министерството и со Владата. Како политичка партија имаме дадено многу јасен став во однос на хомосексуалните бракови“, изјави Ристовски.

Тој нагласи дека на геј-двојките нема да им се дозволи да посвојуваат деца. „Владата останува цврсто на ставот дека едно дете треба да расте со мајка и татко за да биде правилно развиено“,додаде тој. (П.Р)
 
Хомосексуалните бракови во Македонија се невозможни бидејки сеуште сме земја со гоелма самосвест и свест.
Народот сеуште знае што е ред, а што не е в ред.
Македонците биле народ со самосвест и знаат што е во ред, а што не е.
Ми се допаѓа смислата за хумор :pos:
 
Здружението на социјални работници на Град Скопје, со стручни лица го разгледуваше прашањето по ставот на Владата дека на хомосексуалните двојки нема да им се дозволи склучување на брак, ниту пак посвојување на деца.
Психологот Мирослав Пендаровски вели дека овде не станува збор за дискриминација, туку за ставови од науката која се базира на здрав разум. Тој објаснува дека едно дете растено од хомусексуална двојка ќе има сериозни компликации во периодот на социјализирањето.
-Женско дете кое ќе расте со двајца машки родители. Кој ќе му биде модел за идентификација? Детето во развојот ќе има отсуство на модел за биолошка матрица која треба да ја следи. Ќе има проблеми и социјални и психолошки. Тоа ќе се прашува дали самото е маж или жена или жена заробена во тело на маж. Ќе се соочува со контрадикторности во социјалната сфера, ќе се чувствува изолирано, а ќе има сериозни проблеми во неговата социјализација, рече психологот.
Ако стане пракса да се склучуваат еднополови бракови, светот ќе остане без деца и луѓе, велат тие.
Професорот Јован Пејковски јасно разграничува дека хомосексуалните двојки неможат да бидат дел од Законот за семејство бидејќи истиот говори за бракот, а хомосексуалните двојки живеат во истополова заедница, а не во брак.
За тотално погрешно го оценија ставањето во ист кош на деца растени од самохран родител и деца кои би растеле со хомосексуална двојка.
-Се вадат од контекст изјавите на ресорниот министер. Самохраните родители во Македонија имаат посебни права и државата ги штити истите. Погрешна е споредбата бидејќи децата на самохрани родители биле створени во брак според законот, па настанала смрт на еден родител или развод. Таквите деца растат во нормална и здрава средина иако имаат еден родител, рече претседателката на здружението.
Експертите по овие прашања објаснуваат дека децата имаат право да одберат кој да ги посвои и дека во развојот тие би го обвиниле системот кој дозволол тие да растат во една таква средина.
За потсетување, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, во петокот даде решителен став дека во Македонија нема да се дозволат хомосексуални бракови, а на лицата во така склучени заедници нема да им се дозволи посвојување на деца. За оваа Влада, рече министерот, бракот е заедница меѓу маж и жена, а децата имаат право да растат во здрава биолошка средина.
Извор : Курир
 
Да де, ко че сакаш ќе разбериш.

Никој не рече дека не сте способни со долната глава (т.е. некој не некој да),ама повеќето сте неспособни со горната глава. :icon_mrgr:

Да, а ти си неспособен и со горната и со долната :)
 
Залепи му тужба имаш закон за дискриминација како смее од таа позиција вакви умоболни констатации и заклучоци да носи. Поддршка до невладиниот сектор срамота е ова што се случува, он ќе кажува каква заедница е бракот. Иди бре таму прашај го Кралевски како е и не замарајте безпотребно конзерви низ земјава.
Бракот бил заедница помеѓу маж и жена, а на пола од нив газовите шљајфка им прават, лицемери!
 
Македонците биле народ со самосвест и знаат што е во ред, а што не е.
Ми се допаѓа смислата за хумор :pos:

Барем размислуваат што е црно,а што бело.

Во случајов што е брак,а што не е.
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 19:20 ---
Да, а ти си неспособен и со горната и со долната :)

Те погодив?
Прецизен сум кажи. :icon_mrgr:
 
Бракот бил заедница помеѓу маж и жена, а на пола од нив газовите шљајфка им прават, лицемери!
Мене на ова ми одговорија дека шљаијфките биле со лице/лица од спротивен пол и дека традиционалниот брак е двигател на општеството. Јбг изговор секогаш ќе има.
 
Залепи му тужба имаш закон за дискриминација како смее од таа позиција вакви умоболни констатации и заклучоци да носи. Поддршка до невладиниот сектор срамота е ова што се случува, он ќе кажува каква заедница е бракот. Иди бре таму прашај го Кралевски како е и не замарајте безпотребно конзерви низ земјава.
Бракот бил заедница помеѓу маж и жена, а на пола од нив газовите шљајфка им прават, лицемери!
Законот за дискриминација не покрива дискриминација на база на сексуална ориентација...Убаво си го смислија законот. Ѓорчев убаво си каже што им е планот. Несмееле да бидат заштитени со закон за дискриминација бидејќи ќе посвојувале деца.
 
Се фатија сами во расчекор. Кога го носеа законот на прашањето зошто хомосексуалците не се во групата со останатите рекоа дека нема потреба , дека и они се дел и бла бла. Денес од позиција на министер прави дискриминација кон истите тие за кој збореше дека припаѓаат во таа група. Само лицемерието испадна на виделина како и секогаш.
Сега министере Спиро се или не се во групата која ја опфаќа законот за дискриминација?
 
Македонците биле народ со самосвест и знаат што е во ред, а што не е.
Ми се допаѓа смислата за хумор :pos:

Погледни наоколу, во МК има шака јада гејој, тие се маргинализираните? А бе кревет дома, паради и бракој не. Ние, македонците сме народ кој сеуште знае што е здраво, без оглед на се.

Хефестион ММЕ, од увјек бил сумЉив.

ЛГБТ популацијата Коче плус мизерни триќетворица неспосбни да се изнајдат и пронајдат себе си, ша бараат ко божем правдина.

А шлајфките дали им шлајфкаат е шпекулација од немање аргументи против:

Здружението на социјални работници на Град Скопје, со стручни лица го разгледуваше прашањето по ставот на Владата дека на хомосексуалните двојки нема да им се дозволи склучување на брак, ниту пак посвојување на деца.
Психологот Мирослав Пендаровски вели дека овде не станува збор за дискриминација, туку за ставови од науката која се базира на здрав разум. Тој објаснува дека едно дете растено од хомусексуална двојка ќе има сериозни компликации во периодот на социјализирањето.
-Женско дете кое ќе расте со двајца машки родители. Кој ќе му биде модел за идентификација? Детето во развојот ќе има отсуство на модел за биолошка матрица која треба да ја следи. Ќе има проблеми и социјални и психолошки. Тоа ќе се прашува дали самото е маж или жена или жена заробена во тело на маж. Ќе се соочува со контрадикторности во социјалната сфера, ќе се чувствува изолирано, а ќе има сериозни проблеми во неговата социјализација, рече психологот.
Ако стане пракса да се склучуваат еднополови бракови, светот ќе остане без деца и луѓе, велат тие.
Професорот Јован Пејковски јасно разграничува дека хомосексуалните двојки неможат да бидат дел од Законот за семејство бидејќи истиот говори за бракот, а хомосексуалните двојки живеат во истополова заедница, а не во брак.
За тотално погрешно го оценија ставањето во ист кош на деца растени од самохран родител и деца кои би растеле со хомосексуална двојка.
-Се вадат од контекст изјавите на ресорниот министер. Самохраните родители во Македонија имаат посебни права и државата ги штити истите. Погрешна е споредбата бидејќи децата на самохрани родители биле створени во брак според законот, па настанала смрт на еден родител или развод. Таквите деца растат во нормална и здрава средина иако имаат еден родител, рече претседателката на здружението.
Експертите по овие прашања објаснуваат дека децата да имаат право да одберат кој да ги посвои и дека во развојот тие би го обвиниле системот кој дозволол тие да растат во една таква средина.
За потсетување, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, во петокот даде решителен став дека во Македонија нема да се дозволат хомосексуални бракови, а на лицата во така склучени заедници нема да им се дозволи посвојување на деца. За оваа Влада, рече министерот, бракот е заедница меѓу маж и жена, а децата имаат право да растат во здрава биолошка средина.
Извор : Курир
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom