Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
OK. Значи ке се согласиме дека Њујоркчаните се провинцијалци.
Да, ако гледаме од појдовна точка дека провинција означува населено место оддалечено од главниот град, тие живеат во провинција. И не им е гајле. Поради тоа, незнам зошто на нас Македонците би ни било гајле...
 
Затоа што во Македонија, под „провинцијалец“ се алудира и на други работи и „особини“ на еден “провинцијалец“. Демек, нескопјаните „ни го загадија градот“; „ни земаат работни места, работат за поевтино“, „јас сум стар СкУпјанец, порано СкУпје беше добро, дур не дојдоа овие од провинција“ „некултура се овие чиста, на дијалекти ми зборат“.
And many more.

Знаеш дека е така.

Едноставно: нека не лутаат низ поими кои не ги знаат, ами ги слушнале „од негде“, туку ако веќе сакаат да опишат некој човек што не живее во главниот град без претензии да го „омаловажат“, нека го опишат со „не е од Скопје, од некој од другите градови е“.

Или тешко е тоа.

Знам дека на грото СкУпјани, сиромашниот дух им се храни со тоа СкУпското. Нешто, како повисока вредност имаат спрема „провинцијалците“.
 
Не заебавај Acid.

Провинција е административно - почитичка поделба на една држава. (Македонија, не е така поделена. Македонија беше провинција на Римската империја :D )

Тие што живеат во Лос Анџелес се провинцијалци, а:?

А Њујоркчаните? А овие од Истамбул? А од Пекинг? А Сиднеј?

Остај ги овие, не е тоа „дефиниција“.
Да замисли стварно.Анкара главен град на Турција,а овие од Истанбул кој е многу поголем и поразвиен провинцијалци.:icon_mrgr:
 
Затоа што во Македонија, под „провинцијалец“ се алудира и на други работи и „особини“ на еден “провинцијалец“. Демек, нескопјаните „ни го загадија градот“; „ни земаат работни места, работат за поевтино“, „јас сум стар СкУпјанец, порано СкУпје беше добро, дур не дојдоа овие од провинција“ „некултура се овие чиста, на дијалекти ми зборат“.
And many more.

Знаеш дека е така.

Едноставно: нека не лутаат низ поими кои не ги знаат, ами ги слушнале „од негде“, туку ако веќе сакаат да опишат некој човек што не живее во главниот град без претензии да го „омаловажат“, нека го опишат со „не е од Скопје, од некој од другите градови е“.

Или тешко е тоа.

Знам дека на грото СкУпјани, сиромашниот дух им се храни со тоа СкУпското. Нешто, како повисока вредност имаат спрема „провинцијалците“.
Јас ти кажав како јас го разбирам и како треба да се разбере.
А тоа што ти го опиша погоре е навистина така. И едниот дел и другиот. И мене воопшто не ми се допаѓа тоа што поимот „провинцијалец“ се користи за некаква класна поделба.
 
Провинцијаци како мене знајте дека Скопје е убав модерен современ град кој го фаќа чекорот со времето но дојдете тука да живеете само ако сте спремни да ја платите цената за да бидете дел од тој град, а цената е висока.
Скопје не е убав и модерен, а во најмала рака современ град, во Скопје се градат повеќе згради, мислејќи дека некој ќе заработи на маката на сите оние што имаат дојдено да живеат, ама се излажал, бидејќи тие што се дојдени едвај врзуваат крај со крај, ретки се тие што може повеќе да си дозволат.
Се што во последно време се гради во Скопје е заради нужност, а не заради потреба, потреба имало од поодамна ама моментално тоа е нужност бидејќи нема да може градот да функционира ако тоа не се направи.
Во право си што велиш дека цената за да бидеш дел од скопје е голема, ама тоа е за оние што не знаат да си направат есап и да видат дека седењето во скопје е гол зијан, подобро е со завршениот факултет да ја здувнат на некаде на друго место, отколку да седат во скопје во случај ако местото каде што се родени, не им нуди ништо за нив.
 
Да замисли стварно.Анкара главен град на Турција,а овие од Истанбул кој е многу поголем и поразвиен провинцијалци.:icon_mrgr:

Па мојта поента дека главниот град незначи подеректива дека е најдобар, најразвиен, најкулутрен. Поентата која јас јас застапувам дека може во некој провинциски град во Македонија да има подобар живот. Значи зборот “провинција“ се користи само како терминологија за град кој не е главен град на една држава.
 
И што има чудно во ова? :)
Има некое правило кое вели дека луѓето од провинција не смеат да бидат понапредни, попаметни и да знаат подобро бизнис од луѓето кои живеат во град? Секако дека не.
 
Затоа што во Македонија, под „провинцијалец“ се алудира и на други работи и „особини“ на еден “провинцијалец“. Демек, нескопјаните „ни го загадија градот“; „ни земаат работни места, работат за поевтино“, „јас сум стар СкУпјанец, порано СкУпје беше добро, дур не дојдоа овие од провинција“ „некултура се овие чиста, на дијалекти ми зборат“.
And many more.

Знаеш дека е така.

Едноставно: нека не лутаат низ поими кои не ги знаат, ами ги слушнале „од негде“, туку ако веќе сакаат да опишат некој човек што не живее во главниот град без претензии да го „омаловажат“, нека го опишат со „не е од Скопје, од некој од другите градови е“.

Или тешко е тоа.

Знам дека на грото СкУпјани, сиромашниот дух им се храни со тоа СкУпското. Нешто, како повисока вредност имаат спрема „провинцијалците“.
а зошто не нарекуваш СкУпјани? Немаш о буква на тастатурата или провоцираш? Јас сепак мислам дека е второво. ;) Епа како ти со некој од Скопје, така и он со тебе. ;)
 
Да, ако гледаме од појдовна точка дека провинција означува населено место оддалечено од главниот град, тие живеат во провинција. И не им е гајле. Поради тоа, незнам зошто на нас Македонците би ни било гајле...
Никој на запад не зборува за провинција како ти што ја дефинираш.И никој не го користи зборот провинција,на пример да речат тие од Берлин за тие од Минхен дека се провинцијалци,или Рим за Милано и сл.Точно е дека има многу дефиниции за провинција ,ама оваа твојава тешко дека ја има.
Провинција кај нас се користи во негативна смисла,као демек еве го имаме Скопје како главен и најразвиен град и се друго е провинција.Што е најтрагично се друго стварно е опустошено и назадно со политиката последниве 50 г.
Епа во Германија,Франција,Италија има многу градови кои се подеднакво економски развиени па не може да има како кај нас нарекување провинција-провинцијалци.
 
Македонија е толку мала што каде и да си, во центарот на државата си.
Јас имам патувано секојд ен по саат ипол до и саат ипол назад од работа.

Имав колеги кои минувааа секој ден (додуше со ТеЖеВе - TGV) по 200 км до работа и назад. А тоа, чинам подалеку од Охрид е?

Ккај и да си, во Македонија си, на најмногу два саата од секаде, еве да речеме возите пеглица и на три саата да сте, а бе, нема главен град и провинција, не барем во онаа негативна конотација во која скоро 99% се разбира и употребува.
 
Па мојта поента дека главниот град незначи подеректива дека е најдобар, најразвиен, најкулутрен. Поентата која јас јас застапувам дека може во некој провинциски град во Македонија да има подобар живот. Значи зборот “провинција“ се користи само како терминологија за град кој не е главен град на една држава.
Терминот е "внатрешноста на Македонија".Ако си веќе толку по терминологија.;)
 
Никој на запад не зборува за провинција како ти што ја дефинираш.И никој не го користи зборот провинција,на пример да речат тие од Берлин за тие од Минхен дека се провинцијалци,или Рим за Милано и сл.Точно е дека има многу дефиниции за провинција ,ама оваа твојава тешко дека ја има.
Провинција кај нас се користи во негативна смисла,као демек еве го имаме Скопје како главен и најразвиен град и се друго е провинција.Што е најтрагично се друго стварно е опустошено и назадно со политиката последниве 50 г.
Епа во Германија,Франција,Италија има многу градови кои се подеднакво економски развиени па не може да има како кај нас нарекување провинција-провинцијалци.
Де бе, уште ли ќе се објаснувам за истото? :)
http://www.thefreedictionary.com/province

Читај тука, ги имаш сите дефиниции... Толку од мене.
 
Терминот е "внатрешноста на Македонија".Ако си веќе толку по терминологија.;)
Доооообро, апел до модераторите да ја преименуваат темава во "Скопје или внатрешноста на Македонија" и јас од сега ќе почнам да викам дека во Скопје живеат луѓе кои не се Скопјани туку се луѓе од внатрешноста на Македонија. (y):pos:
 
Welcome to the club.
Дој на религија да видиш колкупати мора да се објасни една едноставна работа која е толку очигледна што пилците ја пеат на гранки и Талат ја размишља додека молчи во Комисијана и Собраниено.

Провинција - не треба да е дерогаторен, навредлив термин, никако, особено во оваа наша насушна и малечка Македонија.
(ова да не бидам оф топик, а и да се повторам :))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom