Смоки од Витаминка

  • Креатор на темата Креатор на темата bukake
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓаат?


  • Вкупно гласачи
    58
НАЈГРДИ СЕ!

Си купив еднаш, и само што го каснав првото стапче внатре ги фрлив. Целите црни беа внатре а и мирисот убива!
 
Е конечно им текна нешто ново... ги немам пробано, прв пат гледам сега од тебе. Инаку според сликава повеќе ми личи на Чипс, нешто ко ова (само со друг вкус):

67b880f299.jpg
 
Немам пробано, ама би требало да се добри.Витаминка е институција!Годинава 55 години постоење.

Три нови биле, не едно.Од лево надесно: Павлака,Кечап и Хот дог.
04569d66ab2e12b5b6037077bb4881b0_XL.jpg

„Брендот Стоби е еден од ретките кои со предзнакот македонски, е извезуван и баран на сите континенти во 25 земји. Тоа е податок што не мотивира да вложуваме во овој бренд, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи, не само зголемување на палетата на Витаминка, туку и потврда на квалитет препознаен од многу генерации” изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витaминка.

Витаминка ја развива производната линија со воведување линија снекови како надополнување на линијата солени производи, во кои влегуваат Стоби флипс. „Брендот Стоби е еден од ретките кои со предзнакот македонски, е извезуван и баран на сите континенти и во 25 земји. Тоа е податок што не мотивира да вложуваме во овој бренд, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи, не само зголемување на палетата на Витаминка, туку и потврда на квалитет препознаен од многу генерации, изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.

Трите нови Стоби производи се со различни форми и различни вкусови, соодветно на широк опсег на потрошувачи. Стоби рингс во форма на прстени се со вкус на кромид и павлака, Стоби стикс се стапчиња со вкус на хотдог и со вкус на кечап. Стоби е бренд кој постои и континуирано се произведува уште од 1978 година. Досега од солениот асортиман, покрај основниот вкус Стоби флипс, има развиено уште и Стоби флипс со вкус на сирење и пица, а од благиот Чоко Стоби, и сега дополнително се зголемува со новите три вкуса.

Витаминка е фабрика број 1 во Македонија во производство на кондиторски производи, а со новата производна линија го зазема првото место во производство на флипс и снакс. Од Компанијата најавуваат дека наскоро Стоби линијата ќе се зголеми со други вкусови.

И старите три:
losopStpoi.jpg
pSiSri_tb0.jpg
h0tFr_e_pr.jpg
 
Витаминка да не остаени во времето на Југославија? Македонскиот го напишале со српско-хрватска латиница
 
Воопшто не се убави, ги пробав пред малку и немаат никаков вкус. Всушност одвратни се.
--- надополнето: Dec 6, 2011 6:56 PM ---
Воопшто не се убави, ги пробав пред малку и немаат никаков вкус. Всушност одвратни се.
 
Мене ми се одлични и добра работа им е ова да сменат малце.
 
Плавите со сирење најубави ми се. Но само во Веро, Тинекс и поголемите маркети ги има. А овие најновиве не сум ги пробал. Баш ќе ги пробам и да видам какви се.
 
Ама немаме никаква навика за прифаќање нови производи.Од Стоби Флипс освен црвените, другите две слабо ги јадат и слабо ги носат по маркети, а добри се.Стоби Стикс не ми се нешто посебно, малку претерале со сол, ама овие се ок.
DB9C7F5C440AA144B80C2C1813273968.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom