Највлијателните философи низ историјата

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Сократ

Сократ сметал дека знаењето е добро а незнаењето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното што Сократ го придонел во философијата.
Со својот метод, наречен сократовски, тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал, но така вешто му го поставувал прашањето што го принудувал самиот него, за она што на почетокот тврдел дека го знае да признае дека не знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија. Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: „Познај се самиот себеси“. При тоа Сократ играл улога на „акушер “ кој помагал да се раѓаат здрави духовни "деца" - суждениjа. Сократ ги воодушевувал младите, но кај влијателните, авторитетие и власта предизвикувал незадоволство од подбивот на кој ги излагал. Исто така, Сократ сметал дека знаењето е добро а незнањето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното што Сократ го придонел во философијата. Од Сократ потекнуваат повеќе школи наречени сократовски: мегарската, киничката, киренската.

Платон

Платон во своите дела ги опфаќа сите гранки на философијата. Тој систематски се занимавал со неа разработувајќи онтолошка, гносеолошка, етичка, естетичка, политичко-социјална и друга проблематика. Творец е на систем на објективен идеализам. Тој ги критикува софистите и го отфрла субјективизмот и релативистичкиот сензуализам. Постои општа и нужна вистина која има апсолутно важење. Во своето учење за битието смета дека овој свет што ни е сетилно достапен и што го сметаме за објективно реален, не е таков каков што ни се чини. Всушност, овој свет е лажовен, нестварен, сенишен свет. Предметите и појавите дадени во нашите сетила се нетрајни, минливи, пропадливи, несовршени. Бидејќи такви, тие се всушност сенки на предмети на еден друг, вистински, реален, објективно даден, траен свет, на светот на идеите, нивни копии, нивни имитации. Единствено идеите можат да се наречат објективно постојни, во нив е сосредочено битието, неговата вечна истост, неразрушливост и несоздатливост.

Аристотел

Еден од највлијателните философи и мислители во античката и светската философија и еден од најистакнатите старомакедонски дејци во историјата.
Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од философијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логика, психологија итн. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.
Аристотел е ученик на Платон, но за разлика од него, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот? итн.
Аристотел ја определува философијата како наука за постојното како постојно (онтологија). Таа треба да го опише постојното независно од ваквите или онакви негови пројави, а потоа да го објасни.

Цицерон

Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формијадодека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“ Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии. Во текот на живото конзервативниот Цицерон одбивал да биде споредуван со тогаш по познатитот Мариј. Името "Цицерон" произлегува од cicer, латински збор за "наут ".Плутарх објаснува дека името најпрвин било наменето за еден од предците на Цицерон кој имал засек на носот, кој бил сличен на оној кај наутот. Според Плутарх, Цицерон бил советуван да го смени ова неблагородно име кога влегол во политичкиот живот, но тој одбил.

Џон Лок

Англиски философ Во своето најважно дело „Есеј за човековиот разум“, го постави темелите на сознанието како посебна философска дисциплина. Тој ја образложи теоријата на емпириското сознание.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 23:26 ---
Рене Декарт

Истотака познат и како Картезиус, работел како философ,физичар и математичар Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во философијата и математиката . Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.
Неговите дела претставуваат основа на модерната философија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на философијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.
Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната философија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на философи.
Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи „Мислам, значи постојам“.

Имануел Кант

Германски философ од Прусија и претставува еден од највлијателните европски мислители и последниот голем философ на просветителството. Тој е еден од најзначајните претставници на западната философија. Неговата „Критика на чистиот ум“ (Kritik der Reinen Vernunft), ја означува пресвртница во историјата на философијата и почетокот на модерната философија. Не само во епистемологијата, но исто така и за етиката со основните работи Критика на практичниот ум и естетиката на Критика на моќта на судењето, како и главните списи во врска со религијата, право и филозофија на историјата создадва нова главосмерна, сеопфатна перспектива во филозофијата, што дискусијата на 21 Век ја става под влијание.

Г.В.Ф. Хегел

Германски философ роден во Штутгарт, во војводството Виртемберг денешна југозападна Германија. Неговото влијание е широко распространето врз најразлични писатели, вклучувајќи ги неговите следбеници (Ф. Х. Бредли) и неговите противници (Кјеркегор, Шопенхауер, Хајдегер. Хегел е познат по својот подвиг да елаборира опсежна и систематска онтологија тргнувајќи од логички почеток. Неговото најзначајно и најпознато дело е „Феноменологија на духот
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 23:28 ---
Фридрих Ниче
Германски философ од 19. век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, философија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ницше останува значително во и надвор од философијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикални преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкување, главно во континенталната традиција. Неговите клучни идеи ја вклучуваат смртта на Бога, перспективизмот, Вечното Враќање и многу друго. Ницше ја започнал својата кариера како класичен филолог пред да се сврти кон философијата. На возраст од 24 години, тој беше назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми што ќе го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ницше западнал во лудило, и за него до крајот на животот се грижеле неговата мајка и сестра се до 1900 година.

Мишел Фуко

Француски философ со катедра на Collège de France, катедра на која и ја дал титулата „Историја на Системите на Мисла“. Неговите текстови се од огромно значење за хуманистичките и општествените науки. Делото на Фуко често се среќава во дисциплини како философија, историја, културни студии, социологија,образовние,литература,менаџмент студии, урбан дизајн, како и многу други.
Фуко е добро познат по неговата критика на општествените иституции, особено на системите поврзани на различни начини за области како психијатрија,медицина и затвор. Неговите општи теории за моќ и односот меѓу моќта и знаењето во однос на историјата на западната мисла се дискутираат и применуваат нашироко.
Има огромно влијание во постмодернизмот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Кај ти се Маркс и Енгелс? :icon_lol:
Случајно ги заборавив..''случајно'' :D
Секако дека и они се едни од највлијателните,скоро век и пол и уште се влијателни..нема тука што,друго е дали мене ми е блиска нивната философија и идеологија.. али еве,стави нешто ако сакаш.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Случајно ги заборавив..''случајно'' :D
Секако дека и они се едни од највлијателните,скоро век и пол и уште се влијателни..нема тука што,друго е дали мене ми е блиска нивната философија и идеологија.. али еве,стави нешто ако сакаш.
Еве јас ќе ставам нешто за Маркс:
Маркс го застапува правецот во филозофијата наречен Диалектички материјализам.
Тој правец се надоврзува на Хегеловата Дијалектика, така да многумина Маркс го сметаат за Новохегелист и има доста прифатено од Фојербах
Смета дека секоја работа се развива до максималната ефикасност при што во неа паралелно се јавуваат и развиваат противречности. Овие противречности на крајот доведуваат до нејзината пропаст
 
L

Luki Junior

Гостин
Влијателни у филозофијата како наука, или влијателни у однос как го смениле живото на човеците низ вековите?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Николо Макијавели

Макијавели со делото Владетелот или Il Principe значително влијае пред се на политичката филозофија и на тоа како всушност политиката функционира во реалниот живот. Доказ дека е влијателен е тоа што ако земеш да ја прочиташ Владетелот, ќе сфатиш дека нема значителна промена од 16 век па наваму. Он е еден од ретките кои пишува за тоа како е, а не како треба да биде. Прилично неразбран и тотално лошо интерпретиран низ текот на вековите. Му ја припишуваат изреката: Целта ги оправдува средствата, иако истата тој никогаш не ја изговорил, ниту напишал, туку по извесно време одреден свештеник (не ми текнува на името) напаѓајќи го Макијавели, велејќи дека неговите дела се “продолжена рака на ѓаволот“ ја искористува и употребува оваа реченица. Можеби методите кои ќе ги сретнете во делата на Макијавели не се убави, но се реални. Не му е целта нему да даде преглед на совршено или идеално општество, туку поентата му е што треба да направи владетелот за да успее да ја задржи/освои власта. Како што реков од тогаш до сега, речиси ништо не се сменило, освен нијанси и борбата за власт можеби е посуптилна.

Она што сите го знаат е нели “макијевелизмот“ како вид на правец, кои го користат луѓе за да ги оправдаат своите постапки во реалниот и секојдневниот живот. Она што мора да се напомене е дека Макијавели методите кои ги опишува во Владетелот исклучиво ги препорачува само во одредени услови: изградба, одбрана и зацврстување на државата. Тоа се значи политички услови, а не во секојдневен живот. Дури и во неговите дела, тој навестува дека откако ќе се изгради и зацврсти државата, тогаш може да се прејде на фаза на градење на Републиката.

Значи најбитно е да се сфати дека делата на Макијавели не се оправдување за “газење по луѓе“ во секојдневен живот, како што тоа обично се сфаќа во денешниот свет, поради што и реков погоре дека Макијавели тотално се вади од контекст. И голем дел од луѓето немаат ни прочитано ништо од Макијавели, но сепак го коментираат и се разбира го вадат надвор од контекст и погрешно го интерпретираат неговото пишување.

Познат по тоа дека “убаво е да те сакаат, но подобро е да ти се плашат“, Макијавели има навистина големо влијание како мислител и затоа сметам дека заслужува да биде во темава.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Еве јас ќе напишам за Фројд и Огист Конт

1. Зигмунд Фројд
Фројд е основач на психоанализата како посебна теорија и практика.
психоанализа - испитување на длабинските слоеви на душата преку комуникација со движењата и изјавите на пациентите односно преку разговор со пациентите.
Ставот на Фројд за човековата природа:
постојат три фактори:
ИД ------>ЕГО ----->СУПЕРЕГО
1.Ид (тоа - нешто) - го претставува либидото (желбата, страста), сексуалниот нагон и енергија на човекот и се однесува само на еротското, љубовното.
2.Его (Јас) - овде е центарот на рационалната свест. Егото е распнато меѓу идот и суперегото и се труди да одржи баланс
3.Суперего (Над-јас) - суперегото е изразот на притисокот однадвор, од општеството.

Фројд е емпирист и според него секоја потсвесна содржина некогаш била свесна и во психата влегла преку искуството. Негови најпознати дела се: "Толкување на соништата", "Вовед во психоанализата" и "Психопатологија на секојдневниот живот."


2. Огист Конт
Конт е позитивист и е основач на социологијата како посебна наука за општеството.
Според Конт постојат три стадиуми на развој на знаењето:
1. теолошки стадиум (одговара на детството)
-се одликува со фетишизам, монотеизам и политеизам
2. метафизички стадиум (одговара на младоста)
-овде веќе имаме толкување на појавите со поими
3. позитивен стадиум (одговара на зрелоста)
-се одликува со сознавање на механизмите на настанувањето на појавите и се користат за човекот да добие моќ над светот.

Негово најпознато дело е "Курс на позитивната филозофија" во 6 тома.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Хераклит и Демокрит

Хераклит е познат како „Темниот“, „Мрачниот“ поради тежината да се сфати неговата филозофска мисла и поради тоа што бил секогаш сериозен и нерасположен. Според мене, за најголема почит е тоа што тој се откажал од престолот во корист на својот брат, а се откажал од кралскиот живот за да му се посвети на размислувањето и пишувањето на единствената книга „За природата“.

Но:

Хераклит, синот Блосонов, или според некои Хераконтов, родум бил од Ефес.
Тој го достигнал својот врв во шеесет и деветтата Олимпијада. Бил горделив и презрив како ретко кој, што може да се забележи и од неговиот спис во кој вели: „Многузналството не вразумува; воспротивно ќе ги вразумеше Хесиода и Питагора, потоа Ксенофана и Хекатаја“. Понатаму продолжува: „Едно е мудро, да се спознае мислата којашто раководи со сите нешта низ сè“. Велел дека Хомер заслужува да биде искамшикуван и исфрлен од натпреварите, исто така и Архилох. Говорел: „Гневот треба да се совладува повеќе и од распламтениот оган“ или „Народот треба да се бори за законот подеднакво како и за бедемот“. Ги напаѓа и Ефесијците поради тоа што го прогониле неговиот пријател Хермодор и вели: „Достојно е за Ефесијците сите да умрат, секој возрасен маж, и да им го остават градот на недораснати деца, оние коишто го изгонија Хермодора, најчесниот маж меѓу нив, велејќи: „Што ќе ни е уште еден чесен маж? Ако има некој таков, нека живее другаде со други!“
Кога Ефесијците го замолиле да востанови закони, тој со презир ги одбил, бидејќи државата веќе имала лош устав.
Некогаш Хераклит се повлекол во храмот на Артемида и таму се коцкал со децата, а кога се насобрале Ефесијците околу него, им рекол: „Што се чудите, бедници? Нели е поарно ова да го правам одошто со вас во државни работи да учествувам?“
На крајот ги замразил луѓето и заминал во планините каде што живеел, хранејќи се трева и билки. Но, откако поради тоа се разболел од водена болест, се симнал во градот и загадочно ги запрашал лекарите дали може од поплава да се направи суша. Бидејќи овие не го сфатиле, тој се закопал во штала со говеда, надевајќи се дека водата ќе испари со топлината од изметот. Откако ни ова не му ја подобрило состојбата, умрел на шеесет години.
Јас за него имам стихови кои гласат вака:
Често јас си се чудев што Хераклит в животот вака
Откако претрга маки, несреќен потоа умре.
Болеста лоша со вода му исполни тело и сјајот
В очите негови згасна, темнина црна го грабна.
Хермип раскажува дека Хераклит ги прашал лекарите дали некој може да му ја испразни утробата и на тој начин да му ја извлече водата. Кога тие му рекле дека не може, тој самиот се поставил на сонце и им заповедал на слугите да го покријат со кравји измет. Вака испружен умрел наредниот ден и бил погребан на плоштадот.
Неант од Кизик пак, тврди дека тој, не можејќи да се ослободи од изметот, останал во таа положба, и поради промената, бидејќи бил непрепознатлив, го изеле пци.
Хераклит уште како дете бил чуден. Кога бил млад говорел дека ништо не знае, кога бил постар говорел дека се спознал. Тој не бил ничиј ученик. Говорел дека самиот истражувал и во сè сам се подучил.
Сотион сведочи дека некои автори го сметаат Хераклита за Ксенофанов ученик. Аристон пак во делото За Хераклит вели дека тој успеал да се излечи од водената болест и дека умрел од некоја друга. Истово го тврди и Хипобот.
Книгата којашто му се припишува на Хераклит се однесува на природата, а поделена е на три расправи; првата е за светот, втората за државното уредување и третата е теолошка. Како што сметаат некои, тој ја оставил книгата како заветен дар во храмот на Артемида, а настојувал да ја напише нејасно за да му пријдат само оние коишто можат, и за да не биде презрена поради популарноста. А Тимон го опишува, велејќи:
Народопцујач, галамџија, меѓу нив тој скокна, Хераклит на гатанки творец.
Теофраст вели дека некои делови од книгата се недовршени поради неговата меланхолија, додека останатите се напишани невообичаено.
Како потврда за неговата великодушност, Антистен во Наследници наведува дека тој му го отстапил кралскиот престол на брат му. Неговиот спис се стекнал со толкава слава, така што се создала група на луѓе коишто по него биле наречени Хераклитовци.
Во општи црти тој вака размислува:
Сите нешта се составени од оган и во него повторно се расточуваат. Се настанува според судбината, а постојните нешта се во рамнотежа поради судирот на спротивности. Се е исполнето со души и божества. Тој говорел и за состојбите на сите појави во светот; понатаму, дека сонцето е големо колку што се чини дека е.
Изјавил: „Никогаш нема да ги пронајдеш границите на душата, та и цел пат да изодиш; толку длабок логос има“. Вообразеноста ја нарекува света болест, а видот лажен.
Понекогаш Хераклит во својот спис се изразува јасно и разбирливо, така што и најголемиот глупак може лесно да го разбере и да постигне душевен вознес. Ненадминлив е во стегнатоста и тежината на говорот.
Неговото учење во подробности е следново:
Огнот претставува основа и сите нешта се промена на огнот, а настануваат со разредување и згуснување. Тука Хераклит ништо не појаснува. Понатаму, сите нешта настануваат според противречности и сè протекува како река. Вселената е ограничена и светот е еден. Тој се раѓа од огнот и повторно во него согорува во одредени периоди, наизменично во текот на целата вечност. Сето ова настанува во согласност со судбината. Онаа од спротивностите којашто тежнее за раѓање се нарекува војна и кавга, а онаа којашто тежнее за согорување се нарекува согласие и мир. Промената е пат нагоре и надоле, а светот настанува од истата. Огнот со згуснување станува влага која со згуснување станува вода, а водата со смрзнување станува земја. Тоа е патот надоле. И повторно, земјата се топи и од неа настанува вода, а од водата сè останато. Тој речиси за сите нешта смета дека се испарување од морето. Ова е тоа што го нарекува пат нагоре. Тој смета дека испарувањата настануваат од земјата и морето, така што едните се сјајни и чисти, а другите мрачни. Огнот израснува од сјајните испарувања, а влагата од останатите. Хераклит не објаснува каков е воздухот, но сепак вели дека во него има некакви вдлабнувања коишто со своите дупки се свртени кон нас, а во нив се насобираат сјајните испарувања коишто ствараат пламени. Нив ги нарекува ѕвезди. Најсјаен и најжежок пламен има Сонцето. Останатите ѕвезди се поодалечени од Земјата и затоа послабо светат и греат; Месечината пак, бидејќи е поблиску до Земјата, минува низ нечист предел. Но Сонцето се движи низ сјај и чистота и се наоѓа на определено растојание од нас. Затоа повеќе свети и грее. Помрачувањето на Месечината и Сонцето настанува поради свртувањето на вдлабнатините нагоре. Месечевите мени настануваат поради тоа што вдлабнатината е малку поместена во своето место. Денот и ноќта, месеците и годишните времиња, потоа, годините, дождовите и ветровите и другите слични на овие нешта настануваат поради различните испарувања. Оттаму сјајното испарување запалено во дупката на Сонцето создава ден, а кога ќе зајакне спротивното испарување настанува ноќ. Топлината се зголемува од сјајното испарување и така се создава летото, а влагата се зголемува од мрачното и се создава зимата. Хераклит слично на овие ги објаснува причините и за другите појави. За земјата воопшто не појаснува каква е, ниту за вдлабнатините.
Ете тоа беа неговите размислувања.
Оние нешта коишто ги раскажува Аристон во врска со она што го рекол Сократ кога се сретнал со Хераклитовиот спис кој го добил од Еврипид, јас веќе ги споменав во делот за Сократ. Граматичарот Селевк вели дека некојси Кротон раскажува во своето дело Нуркач како, имено, некојси Кратес прв ја донел Хераклитовата книга во Хелада и рекол дека човек треба да е нуркач од Делос за да не се удави во неа. Според едни, насловот на делото е Музи, а според други За природата. Диодот пак вели:
За животна цел прирачник точен
Трети го нарекуваат мерило за однесување, утроба на целиот свет, на едното и севкупното.
Се раскажува дека кога некогаш го прашале зошто молчи, тој одговорил: „За да вие дрдорите“.
И Дариј посакал да се запознае со него, па му го напишал следново:
Кралот Дариј Хистаспов, го поздравува Хераклита, мудриот маж од Ефес:
Си составил расправа За природата неразбирлива и тешка за објаснување. На некои места, воколку се чита буквално, се чини дека содржи некоја твоја моќ за согледување на целиот свет и нештата кои се раѓаат во него, а се наоѓаат во најбожественото движење. Сепак, во најголем дел не може да се донесе суд, така што и повеќето упатени во расправите се во недоумица кое е точното толкување на твојот спис. Затоа кралот Дариј Хистаспов сака да учевствува во твоите предавања и во Хеленското образование. Дојди веднаш кај мене на кралскиот двор! Хелените честопати не ги истакнуваат мудрите мажи и ги занемаруваат нивните поуки за внимателно слушање и учење. Кај мене, пак, ќе ги имаш сите почести, секојдневен убав и достоинствен разговор и угледен живот во согласност со твоите начела.
Хераклит Ефесиецот го поздравува кралот Дариј Хистаспов
Оние коишто живеат на земјата се далеку од вистината и исполнувањето на справедливоста, а поради луда безумност се опседнати со лакомост и славољубие.
Јас кој заборавам на секакво зло, избегнувајќи секаква дрскост која е сродна на зависта, и поради тоа што отстапувам пред раскошот, не би можел да дојдам во Персија, затоа што се задоволувам со она малку коешто е во согласност со моите желби.
Ете вака се однесувал мажов дури и со крал.
Деметриј во Истоименици вели дека Хераклит ги презирал Атињаните, иако овие имале високо мислење за него, и повеќе ја ценел својата земја, иако Ефесијците го презирале. На него се присеќава и Деметриј од Фалерон во Одбраната Сократова.
Голем бил бројот на оние коишто го толкувале неговиот спис, меѓу нив и Антистен, Хераклид Понтски, Клеант, стоикот Сфајрос, Павсанија кој бил наречен Хераклитовец, потоа Никомед и Дионисиј. Од граматичарите го толкувал Диодот кој тврди дека списот не се однесува на природата, туку на државнито уредување, а делот за природата служи како пример.
Хиероним вели дека јампскиот поет Скитин се обидел да ја пренесе Хераклитовата расправа во стихови.
Нему му се посветени многу стихови, меѓу кои и овој:
Та што мене Хераклита, прости, ме влечете горе и долу?
За вас не се мачев јас, но за тие што мене ме сфаќаат.
Еден единствен маж за триесет м'иљади вреди,
Мнозина колку ниеден; вака велам и кај Персефона.
И еден друг:
Нема ти брзо да најдеш крај на Хераклитов спис
Којшто е родум од Ефес; тежок е патот зар мошне,
Сал темница црна и мрак. Те води ли некаков мист,
Патот од јасното сонце појасен уште ќе биде.
Постоеле петмина по име Хераклит. Првиот е овој нашиов; вториот е лирски поет кому му припаѓа химната за дванаесетте богови; третиот е елегиски поет од Халикарнас за кого Калимах го составил следново:
Прозборел некој, Хераклите, за твојата смрт, а мене
Солза ми појде, се сетив, колкупати двајцата ние
Залез дочекавме сончев, разговарајќи; а сега
Гостину од Халикарнас одамна пепел и прав си;
Но живи се песните твои и рака да положи нема
Врз нив тој Ајдонеј, грабливецот сè што носи.
Четвртиот е од Лезбос и напишал историја за Македонија; петтиот е шегобиец кој свирењето на китара го заменил со овој вид на уметност.

Во овој период се појавуваат и други значајни филозофи како што се Питагорејците, кои ја поставуваат нумеричката теорија, односно на претставувањето на квалитетот со квантитет.

Но, како противтежа на Хераклит, барем во расположението е Демокрит. Тој освен како „Мудриот“ е познат и како „Насмеаниот“, бидејќи бил постојано насмеан и ведар. Ги критикувал своите сограѓани дека премногу им се посветуваат на минливите нешта, а тие пак сметале дека е луд поради постојаното позитивно расположение. Па дури го викнале најпознатиот антички лекар, Хипократ да го прегледа, а тој им рекол дека Демокрит е единствениот меѓу нив со здрав разум. Демокрит живеел долго, 90 или 100 години, го потрошил своето наследство за патување и печатење на своите книги, се стремел да биде автономен и слободен, да го прави она што мислел дека за него е најважно, ја презирал славата, умрел речиси слеп, не разликувајќи ги боите, но разликувајќи го доброто од злото, важното од безначајното.

Во однос на филозофската мисла тој претрпел влијание од Елејската школа, од питагорејците и од атомизмот на неговиот учител Левкип. Демокрит ја разработува атомската теорија. Според неа постојат две работи: ништо - небитие, празен простор и нешто - битие, составено од низа бескрајно ситни, невидливи честички - атоми. Атомите престојуваат во празниот простор каде може да се движат, а благодарение на тоа движење се судираат и настанува првичниот вител и почетокот на светот. (само како потсетување: оваа теорија е поставена пред 2400 - 2500 години) Всушност, сѐ настанува на истиот начин, со спојување на атомите настануваат и живите суштества и самиот човек. Тој човекот го сфаќал како микрокосмос. Поради сведувањето на сѐ како материја - ова учење е наречено материјалистичко.

Можеби најзначаен придонес на Демокрит е поимот - евтимија - одбегнување на вознемирувања на ментален и емоционален план за да се постигне хармонично духовно расположение, ведрина на духот.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
А Вилхем Рајх го заборавате... :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Бесмртноста на душата
кај Платон

1. За деловите на душата

За да зборуваме за бесмртноста на душата, најнапред мора да се запрашаме што претставува душата и од што е составена, или со други зборови кажано како да ја дефинираме душата ?
Аристотел вели: Изгледа дека живите суштества од неживите првенствено се разликуваат во две нешта- движењето и сетилното запазување. Сметајќи дека она што само не може да се движи не може да даде движење ниту на било што друг, претпоставија дека душата е нешто од на што е во движење. Атомите кои имаат форма на кугли ја составуваат душата, бидејќи таквите облици можат најмногу да минуваат низ се и да придвижуваат се останато, бидејќи и самите се движат.Тие сметаат дека душата е она што им пружа движење на живите суштества. Во овој дел Аристотел зборува за Левкип и Демокрит, т.е. Атомистите, но во продолжение зборува за Питагорејците: Се чини дека и учењето на Питагорејците има иста смисла.. Имено, некои од нив велеле дека душата е ситна прашина во воздухот, а други пак дека таа е она што ги придвижува.. Изгледа дека сите овие претпоставуваат дека движењето е права одлика на душата и дека се останато се движи низ душата, а таа сама од себе ( се движи ) бидејќи нема ништо што предизвикува движење, а самото пак да се движи. Овој пат Аристотел го прикажа мислењето на Питагорејците, по што следи приказ за тоа како Платон ја определува душата: На истиот начин и Платон во Тимај ја создава душата од елементи. Според него сличното се спознава со сличното, а нештата се составени од начелото. Исто така во расправата “За философијата”, е изложено дека само живото битие произлегува од Единственото и првата должина, и првата ширина и првата длабочина и се останато на истиот начин.
Од горе приложеното, уочливо е дека Платон, барем на полето на дефинирање на душата, на прв поглед не дал ништо ново. Меѓутоа: Душата (кај Платон ) е чисто духовно суштество; во неа нема ништо материјално, како место во кое се она што постои се изразува во матни копии на битието. Таа е бестелесна; му припаѓа на “царството на невидливото “ кое во тоа иматериалистичко учење важи како најреално, пореално одошто најмасивната материја.
Од ова веќе гледаме дека душата кај Платон е отидена еден чекор подалеку одошто кај Претсократовците. Кај него душата веќе е доближена до учењето за идеите. Сепак таа самата не е идеја. Иако е најблиску од сите нешта до идеите, таа во крајна линија не учествува ништо поразлично во идејата од која произлегува, а тоа е животот, од сите други појави.
По ова објаснување се вртиме кон вториот дел од прашањето- од што е составена душата? Одговорот на ова прашање може да се разгледува преку повеќе дијалози во кои Платон зборува за душата. Ние ќе го разгледаме платоновото видување преку “Државата”. “Државата” претставува главно дело на Платон. Тука тој ја истражува душата која како подлога на човекот е мошне значаен дел за устројството на една држава. Ова дело не е ниту философско нити политичко, ова дело ги опфаќа обете “дисциплини” со цел да покаже дека не може да има мудро државно устројство доколку нема учество на философијата во него.

Платоновата држава е поделена на три сталежи :
– владетели философи
– чувари- воини
– занаетчии и земјоделци, робови
Оваа поделба не е случајна, туку баш напротив е условена од сфаќањето на Платон дека душата има три дела (μέροι<<<Секој од овие делови сосема одговара на поделбата извршена меѓу сталежите. Тоа се:
– разумниот- умствен дел (τὸ λογιστικόν)
– волевиот- храбриот дел (τὸ θυμοειδές)
– желбениот- страствениот, нагонскиот дел (τὸ ἐπιθυμοτικόν)
Меѓутоа, пред да пристапиме кон разгледувањето на овие три дела, треба да се осврнеме на еден друг битен елемент- природата на самиот дел. Зборот μέρος се појавува во четвртата книга од “Државата”; пред тоа Платон го користи зборот εἶδος, што покажува дека тој ги сметал тие три дела за облици, функции или начела на делување, а не делови во материјална смисла.
Сега се враќаме на деловите на душата.
Во Тимај, Платон ги сместува трите дела на три различни места во телото. Разумниот дел, во главата; волевиот во срцето и плуќата, додека пак желбениот под половината.
Разумниот дел – τὸ λογιστικόν, е она што ги прави луѓето различни од животните, највисокиот елемент. Нему му се својствени духовноста, разумноста. Затоа првиот дел на душата, разумниот (τὸ λογιστικόν) е бесмртен, бидејќи е цел на животот.
Волевиот дел – τὸ θυμοειδές, е сроден на човековата храброст, со нему својствената благородност, а истовремено (природно) е сојузник на разумниот дел.
Желбениот дел – τὸ ἐπιθυμητικόν, ги претставува телесните потреби.
За да го илустрираме подобро сфаќањето на Платон за особините на овие три дела ќе се послужиме со неколку примери.
“ - Е сега, дали е срчаната волја нешто поинакво од разумскиот дел или е некаков облик, на разумско-логичкиот, така што би произлегло дека нема три дела во душата, туку само два облика: логичкиот облик и обликот на пожедноста? Или, можеби е како во државата во која има три суштински рода : род кој заработува, род кој заштитува и род кој советува ? Дали е и во душата така, третото нешто да биде волевиот облик, оној кој по својата природа му е помошник и заштитник на разумскиот облик, ако не е расипан со лоша нега и несоодветно одгледување?!”
Од ова можеме јасно да го согледаме односот меѓу разумниот и волевиот дел. Разумниот е оној кој господари, советува, заповеда. Волевиот дел пак претставува негов чувар, се покорува и ги исполнува неговите заповеди. Овие два дела, барем кога вториов не е ресипан, претставуваат природни сојузници кои се борат против третиот дел, желбениот.
Останува уште да го разгледаме однесувањето на третиот дел- желбениот. За да го направиме ова, повторно се свртуваме кон платоновата “Држава”: - Но, еднаш слушнав нешто и поверував: Леонтиј, синот на Аглајон, тргнал еден ден од Пиреја, надвор од северните бедеми, кога одеднаш забележал мртовци како лежат покрај хелатот; во тој миг тој истовремено имал желба да ги види, но и одбивност и гадење, па се свртел, се борел сам со себе, си го криел лицето, но совладан од желбата, ги отворил очите, дотрчал до мртовците и рекол: Ајде проклетници наситете се од прекрасната глетка!”
Оваа приказна најдобро ни ја доловува вечната борба која разумскиот дел мора да ја води со желбениот, борба која премногу често кај многу луѓе ја губи. Токму затоа се издвојуваат философите, бидејќи тие најуспешно се справуваат со овој дел и единствено тие не копнеат по сетилното. Затоа нивниот разумски дел е непоматен и само тие се во состојба да управуваат со државата. Ова пак не навраќа на веќе споменатата врска меѓу поделбата на душата и државното устројство.
Врската е јасна. Философите се единствените кои можат да ја водат државата бидејќи само кај нив доминира умственото начело τὸ λογιστικόν
Само тие се во состојба правилно да расудуваат и правилно да ги распределуваат обврските на другите. Чуварите- воини се пак оние кај кои доминира волевиот, храбриот дел. Исто како што волевиот дел му е сојузник на разумскиот, така и воините се покоруваат на философите, ја бранат државата како од надворешните, така и од внатрешните непријатели ( во прв ред секако од третиот сталеж, или што би рекле од желбениот дел ). Желбениот дел пак се покорува на обата дела кои се на повисоко рамниште од него. Тие мораат да бидат подложени на првиот сталеж и нивната основна добродетел е послушноста кон сталежот на владетелите- мислители.
Вака разгледувајќи ја платоновата држава, не може а да не го уочиме фактот дека кога Платон зборува за државното устројство, тој истовремено зборува и за устројството на самата душа. Оттука “Државата” не е дело кое зборува само за идеалната држава, туку и за идеалниот склад во самата душа. Ова поглавје ќе го завршиме со уште еден извадок од “Државата”, во кој се опишува врската меѓу душевното и државното устројство.
“- Зарем не нѝ е нужно, реков, да се согласиме дека во секој од нас се содржат истите етички облици и истото етичко однесување како во државата? Да не пристигнале овие онаму од некое друго место? Смешно е, а да не се смета дека смелоста во државата настанала од смелоста на поединци, кои таа содржина ја имаат во себе! На пример- смелоста се содржи во Тракија и Скитија, а ја има речиси во секое повисоко и погорно место; или- љубовта кон науката: нели е таа најмногу на ова место некаде околу нас? Зарем некој ќе порекне дека желбата за печалење е присутна кај Феникијците и Египтјаните?”

2. Душата и идеите (за вечноста на душата)
Откако ја дефиниравме душата и ги одредивме нејзините делови, сега ќе се зафатиме со централната тема на нашето интересирање- за вечноста на душата. Доказите за вечноста на душата ќе ги разгледуваме преку еден од најубавите (ако не и најубав), а секако најтрогателен дијалог “Фајдон” или “За душата”. Во ова поглавје нема да го разгледуваме проблемот за тоа кои делови од душата се вечни, а кои не. Тоа ќе го третираме како посебно прашање, што ќе биде обработено подоцна. Она што нас не интересира е душата како целина. Бидејќи како се развивала платоновата мнисла, така и се менувал платоновиот став по прашањето кои делови од душата ја преживуваат смртта, ние се одлучивме да го бараме одговорот преку “Фајдон”, а онаму каде што ќе биде потребно ќе се повикуваме и на други дијалози од Платон.
Бидејќи за да зборуваме и да докажуваме дека душата е бесмртна, мораме безрезервно да веруваме во платоновото учење за идеите ( без чие постоење во суштина сите докази на Платон би паднале во вода ), накратко ќе се осврнеме и на нив.
Учењето за идеите е истовремено и логичко и метафизичко. Меѓу логичката теорија и онаа метафизичката постои степен кој го одвојува Платона од философите пред него. Додека преку логиката стигнуваме само до концептот на Универзалното, учењето за Идеите за прв пат во историјата на философијата се однесува Нешто што е вон Универзумот. Иако е тешко од денешен аспект да сфатиме како точно Платон ги доживувал идеите, сепак може да ги окарактеризираме као надворешни суштини, кои можат да се видат само со умот (т.е. со τὸ λογιστικόν). Тие се единствени во своето постоење, непроменливост и вечност.
Посебен елемент претставува Демиургот (δημιουργός). Тој е Богот-занаетчија. Идеите не зависат од него во смисла на нивното постоење, но од друга страна тој е неопходен како би го создал светот токму од нив. Значи тој е на пониско рамниште од самите Идеи.
Меѓу самите Идеи постои хиерархија на чиј врв стои Идејата за доброто. Тоа што е сонцето во царството на сетилноста (ὀρατὸν γένος), кое на објектите им го овозможува постоењето, растењето, храната и видливоста, а на субјектите способноста да гледаат, тоа е во духовното царство, во царството на она што само со мислење може да се сфати (νοητὸν γένος), Идеата за Доброто: таа на објектите им дава битие и вистина која овозможува да се спознае, а на субјектите способноста да спознаваат. Но Идеата за Доброто има приоритет не само над сите идеи туку и над битието. Таа владее во вселената како едно од нејзините основни начела и го надминува битието со својата прасоздавателна моќ. Таа е средиште на останатите идеи, тие од неа ја добиваат својата причина, таа е последен причинител и највисока причина за сето постоење. Наоѓајќи се над спротивностите на духот и материјата како извор на сите битија, таа претставува Идеја на идеите.
Сега веќе откако се запознавме и со Идеите, конечно се вртиме кон доказите кои ги истакнува Платон во “Фајдон”. Во една напната состојба на исчекување, сите се собираат околу љубениот Сократ и уште од тогаш ја оплакуваат неговата смрт. За што друго да се зборува во таков момент освен за вечноста на душата? Сократ наоѓа двајца противници, Симија и Кебет кои се Питагорејци.
Сократовиот доказ се сведува на следново: Секое битисување се движи во спротивности. Спротивното настанува од спротивното. Сократ: За да стане нешто поголемо некако е нужно да настанува од нешто што било помало? - Така е, рече. - Ако пак станува помало, нели помало ќе стане од нешто што било поголемо? - Секако. Во понатамошниот дел, откако горе посоченото е веќе утврдено, Сократ констатира: Во нив се содржи и друго, на пример, помеѓу тие спротивности, бидејќи се две спротивностите, има и две настанувања, од едно кон друго и повторно од другото кон првото.
На истиот начин, споредувајќи ги сонот со јавето и животот со смртта, констатира дека едното произлегува од другото, односно од раѓањето настанува смрт, а од смртта настанува раѓање.
Како завршен елемент на првиот доказ, Сократ констатира дека настанувањето е киклично, а не праволиниско. Затоа се запрашува: - Ако живото настанува само од она што преостанува, а живото без прекин умира, кој ќе биде начинот да не се истроши се во смрт?
Како се гледа, овој доказ почива на орфичката теорија за преселбата на душата (metempsyche). Иако навидум уверлив, овој доказ сепак е лесно побивлив. Пред се, целиот доказ се темели на неутврденото вечно киклично движење. Меѓутоа, дури и да го прифатиме ова тврдење за вечното киклично движење ( кое од денешен аспект и не изгледа толку неверојатно, имајќи ги на ум сите движења во природата кои неоспорно се кружни ), останува проблемот на “свеста” на душата, односно дали душата по смртта на телото ќе биде свесна за изминатиот живот или не. Во основа овој доказ го решава проблемот на душата на “количествено ниво”, но не и на “качествено”.
Вториот доказ преку кој се зафаќа Сократ да ја докажува бесмртноста на душата е со помош на претходно (априорно) знаење (ἀνάμνησις).* При ова докажување Сократ се води преку асоцијации, односно преку слики кои не потсеќаат на нешто што го знаеме. Во одредена смисла помнењето се поставува на рамниште на знаење- она што го помниме го знаеме. Тој го дели сеќавањето на неколку типови: сеќавање според истовременост, сеќавање според сличност и сеќавање според различност. Нас оваа поделба не нê засега, бидејќи во крајна линија важно е самото сеќавање. Преку повеќе примери и разни асоцијации, ние ќе се задржиме на еден. Сократ: Зарем не е нужно од понапред да го познаваме еднаквото? Да гознаеме веќе тоа кога прв пат ќе ги согледаме еднаквите предмети и ќе сфатиме дека сето тоа се стреми да биде како еднаквото, а непотполно е? Нешто подолу се прашува Сократ: Нели било потребно некако да добиеме сознание за она што е еднакво пред да почнеме со гледањето, со слушањето и со другото чувствување, ако сакаме да го кренеме еднаквото според сетилата до она таму, бидејќи сето тоа е исполнето со желба да биде како она, а подолно е?
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 13:26 ---
А Вилхем Рајх го заборавате... :)
А е, а и ти да постираш, место да бараш од нас. Невернику :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Фројд и Ниче се едни од највлијателните според мене. „Филозофи“. Пар екселанс мислители кои ебаа матер на секој модерен здрав разум кој наоѓа потпора во мислите на овие двајца.

Просто кажано, ебаа матер на danasna omladina.

No Freud, no Nietzsche, no problem!
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 13:26 ---


А е, а и ти да постираш, место да бараш од нас. Невернику :)
Ај ќе биде ќе биде... мислев да не знае некој па да ми ги скрати мене маките оти и неам време сега ама ќе напишам сигурно... :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Хераклит и Демокрит

Хераклит е познат како „Темниот“, „Мрачниот“ поради тежината да се сфати неговата филозофска мисла и поради тоа што бил секогаш сериозен и нерасположен. Според мене, за најголема почит е тоа што тој се откажал од престолот во корист на својот брат, а се откажал од кралскиот живот за да му се посвети на размислувањето и пишувањето на единствената книга „За природата“.
Аии Хераклит .. Еден од првите кои почнав да ги учам..абе ми прсна мозокот од него :D
Дефинитивно луд,со неговите фрагменти...Два пати во една иста река неможеш да влезеш.. и сл. Ми се стемни додека го научив :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ненегзорциран, на:

Вилхелм Рајх

Додека живеел во Осло (1934-1937) студирал на микроскопски протозоата организми. Тој верува дека сложените физички и хемиски процес кој може да се извлече од нив Bion (најпримитивните фаза на животот) и да се направат енергија видливи Orgona. Тој тврди дека едноклеточни организми во тие организми кои распаѓаат (Т бактерии) и оние кои промовираат создавањето на нов живот. Од таму тој дошол до заклучок дека недостатокот на енергија предизвикува проширување на Т Orgona бацили во ткивата и болест тип на рак.
Во текот на 1940, тој направи серија од Рајх батерија Orgona во која за да се акумулира orgone во атмосферата. Енергијата акумулирана во батериите потоа ќе се користат за лекување на болеста. Тестирани нејзините ефекти врз луѓето и животните, но не дојде до јасна потврда на неговата теорија на болеста, како и отсуство на ORGON. Тој го дизајнираше уредот да креира облак кој би Orgona канализирање на енергија во атмосферата, создавајќи облаци и дожд.
Енергија ORGON вика "оригинален космичка енергија", тврдат дека бојата е сина и тоа зависи од времето, бојата на небото, гравитација, емоции и сексуалност. Според него, тоа е единствениот енергија во природата што е негативна ентропија и е одговорен за уредување на материјата.
Вилхелм Рајх во 1940 година. и 1941 година. биле во контакт со Алберт Ајнштајн и убедил да се тестираат на батеријата ORGON. Батерија што е направено за овој експеримент се состоеше од кафез Фарадеј надвор изолиран дрво и хартија. Ајнштајн се согласија дека зголемувањето на температурата без извор на топлина е револуционерна иновација во физиката и негација на законите на термодинамиката. Тој лично извршени неколку експерименти во неговиот подрум, но не најде разлики во температурата што ќе ја зајакне Rajhi претпоставки.
Во кариерата психолози и психијатри се фокусираа на структурата на ликот личности, наместо на индивидуалните невротични симптоми. Промовирани адолесцентската сексуалност, употребата на контрацепција, абортусот и економска независност на жените. Му се чинеше дека најважниот критериум оргазмични потенцијал за психолошка и физичкото здравје.


НЕ Е ФИЛОСОФ, ТУКУ ПСИХОАНАЛИИЧАР, НО БИДЕЈЌИ ФИЛОСОФИЈАТА Е ПОЧЕТОК НА СЕ, МАЈКА НА СЕ, ДУРИ И НА МАТЕМАТИКАТА, НА ТИ ГО.

АЈТ СЕА ТРК НА СПАСЕНИЕ СО ЕГЗОРЦИЗАМ
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 13:38 ---
Аии Хераклит .. Еден од првите кои почнав да ги учам..абе ми прсна мозокот од него :D
Дефинитивно луд,со неговите фрагменти...Два пати во една иста река неможеш да влезеш.. и сл. Ми се стемни додека го научив :)
Луд е, ама пробај да го компарираш со Кјеркегор. Исто ментална работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom