Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
ѕ‘мба - нешто многу ситно, речиси невидливо

Знае ли некој што значи чимичоче?
Го има во една народна песна:
„ Ми нагази момето
трнче чимичоче“.
 
Чимичоче, или чимичок како што би бил во нормалната форма на зборот :) е растение кое што расте како тепих, односно нема висина, туку се шири и разгранува. Иначе е претежно зелено со тек-тук по некој кафеав лист и многу трња (уствари не знам дали целото растение или само трнот се вика чимичок). Трнот на ова растение има повеќе боцки, наликува на многу мал боздоган :) Поминеш ли со точак врз тоа - без две-три дупки ништо не правиш :) Исто многу боли и ако го згазнеш, ко момево во песната :))
 
Чимичок = Tribulus Terrestris ;)
 
Ѕ’мба го има во струмичкиот дијалект.
„Падна ми шамо, оти малко ж’чка ми капна. Малко, Е толко, колко една ѕ’мба, ама толко треба.“

Веројатно во другите дијалекти, се вели една ронка.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 16:44 ---
Чимичок = Tribulus Terrestris ;)
4582164536_22449eb345_z.jpg

Една многу убава слика од чимичочето :)
 
Ѕ’мба го има во струмичкиот дијалект.
„Падна ми шамо, оти малко ж’чка ми капна. Малко, Е толко, колко една ѕ’мба, ама толко треба.“

Веројатно во другите дијалекти, се вели една ронка.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 16:44 ---

4582164536_22449eb345_z.jpg

Една многу убава слика од чимичочето :)
Клај му една ц'цка од онаквото за онегвење.

Тури една мрфка во манџата колку да закрасати.

п.с. Ѕ'мба во некои други дијалекти е онаа направа за праење дупки во каиш. Чевли кои имаат дупки на дизајнот се викаат „ѕ'мбани“. Шо ќе речит wing tip shoes, како овие.
 
ѕенѕЕр- мислам дека е дрво.

МискимбрЕ- билка што се става во слатко од црни сливи.

Една стиска брашно- тоа е мерна единица на мама кога преку скајп ми објаснува како се замесува тесто за лангиди.
лангИди- крофни, мекици
лангидар- како оној што релкамира Силан

Од едно чудно село со чудни луѓе каде што би можела да се направи и анторполошко истражување:
„Манчу, докари балтако да му удрежам шијата!“
„Нем да те лаже снагата! Ако земам вилата ќе те напраам вадиЛка.“

Тапетарот Петар
„Ак нема мрфка да боцнаш и лажица да чукне, тава нее јадене.“
 
Такви мудрости у денешно време само у Баница може да се чујат..:)
 
ѕенѕЕр- мислам дека е дрво.

МискимбрЕ- билка што се става во слатко од црни сливи.

Една стиска брашно- тоа е мерна единица на мама кога преку скајп ми објаснува како се замесува тесто за лангиди.
лангИди- крофни, мекици
лангидар- како оној што релкамира Силан

Од едно чудно село со чудни луѓе каде што би можела да се направи и анторполошко истражување:
„Манчу, докари балтако да му удрежам шијата!“
„Нем да те лаже снагата! Ако земам вилата ќе те напраам вадиЛка.“

Тапетарот Петар
„Ак нема мрфка да боцнаш и лажица да чукне, тава нее јадене.“
Од каде ова поточно?
 
Како јас го знам ѕ'мба е во општ случај било каква зашилена шипка, од голема како ќускија (штанга, лост), до малецка за правње дупки на кожни ремени/колани, или обележување пред да бушиш со бормашина (кирнер како уште го викаат). И ја имаш во многу дијалекти низ мк. Рипање ѕ'мба во вода е на пример, е вертиклано рипање со исправени нози ..
Тоа јас го знам за ѕ'мбите, ама некако не ми се слага со она што другиве велат дека било „ронка“. Баш се зачудив !?
 
Користи се низ цела Бугарија в истото значење, дури за рипането во вода. Пишува се замба, а се изговара з'мба или замба во зависност од дијалекта и транзицијата на големата носовка во а или '. Фонетскиот развој и смислата на зборот покажуваат на потекло од зборот заб, коj во некои бугарски и македонски дијалекти все уште се изговара како зомб/замб/з'мб.
Eве ги s`мбите. Наликуват на заби, нели?

GBS-zambi_w-500x500.jpg
 
Велиш етимологијата на ѕ'мба е заб ? Никогаш не би помислил, би рекол накако грчки или турски ми звучи. Сигурен ли си?
 
Клумбарец.

Не знам дали е наш збор али ептен ми е чуден. Или пак ова е само на дијалект? Правилно немам појма како му е, доколку има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom