Најопасни патишта

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум бил накај источна Македонија, но за западна тврдам дека по хорор пат од Маврово - Дебар нема! Буквално карпи висат над патот!
 
Скопје - Велес е прилично незгоден автопатот но сега го реновираат
 
Патиштата се тие , секако дека да се вложат повеќе средства во нив ќе е подобро за нас, но голем проблем лежи и во самите нас. Чист пример ќе го земам селото Пештани каде дозволена брзина е 30/40 киломери , е сега на влезот убаво си стои знакот(а одма после тоа имат кобна кривина) и со таа брзина е речиси невозможно да направиш сообраќајка со тешки последици како што се случвит да имат во голем број случаи ,за жал и починати .
 
Шо се секирате сега одма ќе ги реновирет сите регионални и магистрални(y)Шо се спојва горе со автопато‘...магистралнио‘...автопатскио‘ пат....
 
soobrakajka_podmolje2.jpg


Охрид - Мешеишта..
Опасни точки: св.Еразмо, Подмољје, аеродром бензиска, Требеништа...

Посебно во летниве периоди... потребно е максимална претпазливост.
 
Нема неопасен пат у Македонија... Сите са тесни и необележани и сообраќајо е хаос.
 
Најопасен дефинитвно Охрид - Отешево преку галичица, тесен со оштри кривини. После Струга-Радожда, Струга-Дебар-Маврово, Кичево-Крушво...
 

Овде ДЕФИНИТИВНО ДА ПАЗИТЕ го знам патот и кривинава е премногу лоша а и возат деца трактори од соседните села кои одат на пазар во Бутел !!!
 
Прилеп - Градско(ПЛЕТВАР) . Иако има сега три ленти патот лаже да стегаш ама кривините се страшни .Со ум.
Од кривини провали не се плашам ама се плашам од тој од спротива шо стока ќе се најде зад волан дали ќе сечи кривина или ќе престигнува на полна ...
 
Р-504 Трпејца - Отешево, преку Галичица (особено надвор од летен период)
И во летен период :eek: Сликано со мобилен, малку се матни ама разбирливи :sneaky:
1921.jpg1924.jpg1926.jpg1928.jpg1929.jpg1930.jpg1935.jpg1941.jpg1975.jpg
 
И во летен период :eek: Сликано со мобилен, малку се матни ама разбирливи :sneaky:
]
Патот можда не е то то ,али ПРИРОДА :cuc: посебно кај шо се гледаат двете езера
 
Не знам како е гужвата на лето но битно има асфалт, секако не се вози брзо, има место за узминувајне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom