RebelMk
₪ ₪ ₪
- Член од
- 18 октомври 2010
- Мислења
- 1.759
- Поени од реакции
- 1.155
http://bukvar.mk/news/zlatna-zora-vo-akcija-niz-atina-video?newsid=Yx8_
Припадниците на грчката неонацистичка партија Златна зора денеска ги покажаа мускулите по улиците на Атина. Тие, во улога на некаква полиција, уриваа тезги, вршеа проверка по улиците каде најчесто на тезги од картонски кутии продаваат имигрантите. Без никаква дозвола, групата членови на Златна зора, облечени во црни маици на имигрантите им бараа некакви дозволи за продавање на улица. Во групата беа и двајца пратеници.
„Припадниците на Златна зора го направија она што грчката држава требаше да го направи многу одамна. Ние ја запревме трговијата со нелегални стоки”, соопшти по акцијата Златна зора.
Министерот за јавен ред Никос Дендиас побара од надлеежните институции да покренат обвинение
против приврзаниците на неофашистите од Златна зора и против двајцата пратеници, Јоргос Герменисs и Панајотис Илиопулос, по нападот на тезгите на имигрантите во Атина.
Ова барање може да доведе до одземање на имунитетот на двајцата пратеници. Според извори од министерството, пратениците може да бидат обвинети за оштетување на имот.
Неколку анкети покажаа дека популарноста на Златна зора, партија која освои 18 места во парламентот, е во пораст.
МИСЛЕЊА ОД ВАС ??