Поразлични од другите

  • Креатор на темата Креатор на темата Teenage girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 март 2012
Мислења
53
Поени од реакции
10
Дали некогаш сте добиле чувство дека сте поразлични од другите,од вашите пријатели? Како на пример,размислувате за некоја работа како повозрасен човек,и мислите на последиците што може да се случат,а некои само се стремат тоа да го направат иако тоа можеби е и најглупавата работа на свет.Кога на пример тие се смејат на некоја шега што воопшто нема смисла,а ти си присилен да се смееш иако немаш волја за тоа?Дали поради овие причини добивате желба за ново друштво,односно луѓе кои навистина ви одговараат и како постапувате во вакви ситуации?
 
Да, често ми се случува ова. Како постапувам? Никако, терам по нивно.
 
All day and all night :D

и јас сум во такви ситуации,посебно школо..но тоа е што е.

Друштво,неможеш да најдеш да ти биде на ниво со размислување,можеш да најдеш 1-2 преку сила...а тоа не е друштво :)

така да,треба да си флексибилна,и да се прилагодуваш на секоја ситуација,друштво,околина...така се живее само :)
 
ја сум ваков или барем имам чувство како да сум поинаков од останатите. како што си го напишала постов буквално се пронајдов во него. со минатото друшто супер си поминував можам да кажам дека сите си бевме слични колку толку ама сега со овие сегашниве буквално некогаш дури и глупости измислувам за да не излезам со нив. и како што си напишала сите си се смејат на глупости, а мене воопшто не ми е смешно и морам со сила да се смеам :facepalm: има и исклучоци во друштвото барем малку слични на мене ама не е то то. постепено сега се зближувам со други па ќе видам што ќе биде.
инаку ова чувство е многу лошо. најубаво е да си можеш со кого си во моментот таков да се правиш, ама јас нема шанси така и затоа понекогаш не ми е удобно со некои личности.
и мене ми се врсници, дури има и постари од мене ама толку ми се глупави немаш појма :вонзем:
 
Да,мислам дека се согласувам со тебе.Многу лошо се чувствувам и понекога се прашувам дали проблемот е до мене.Дали јас сум одбивна за другите или нешто така...
 
80% од шоферите мислат оти са подобри шофери од останатите у сообраќајо.... А на крајо сите испаѓа оти се средностатистички добри...
Со други зборове, пумпајне на его..
 
Да,мислам дека се согласувам со тебе.Многу лошо се чувствувам и понекога се прашувам дали проблемот е до мене.Дали јас сум одбивна за другите или нешто така...

јас мислам дека не е проблемот до тебе (до мене или до рајко, петко) такви сме се родиле и не можам ја сега да се преправам заради други ајде тие нека се преправаат.
и сигурен сум дека има многу други луѓе во твоја близина слични на тебе, исто и во моја близина слични на мене. со ист вкус за шеги, исти мислења за спорт, за коли, едноставо со слични (до негде исти) размислувања. :) само треба трпение и време да се запознат (и воопшто да се сретнат) тие луѓе.
 
Најглупа ситуација. Коа другар ми се инати ко мрсул и на крај коа ќе види дека греши опашката в газ и право дома :)
Затоа си кулирам со дечките...
 
Искрено, многу ми е глупо тоа "поразличен сум од другите". Не си поразличен од другите, ист си, само поинаку гледаш на себеси и поинаку на другите.

sheeple.png
 
Дали некогаш сте добиле чувство дека сте поразлични од другите,од вашите пријатели? Како на пример,размислувате за некоја работа како повозрасен човек,и мислите на последиците што може да се случат,а некои само се стремат тоа да го направат иако тоа можеби е и најглупавата работа на свет.Кога на пример тие се смејат на некоја шега што воопшто нема смисла,а ти си присилен да се смееш иако немаш волја за тоа?Дали поради овие причини добивате желба за ново друштво,односно луѓе кои навистина ви одговараат и како постапувате во вакви ситуации?

Да, да, да добила сум тоа чувство, дека сум поразлична од другите, ам никогаш како попаметна.
Секогаш сум била најглупавата во друштво.
Од стоилјади паметни одговори, јас секогаш, ам секогаш морам да го одберам НАЈ ГЛУПИОТ.
Зш сум таква, поима неам. :cautious:
 
Дали некогаш сте добиле чувство дека сте поразлични од другите,од вашите пријатели? Како на пример,размислувате за некоја работа како повозрасен човек,и мислите на последиците што може да се случат,а некои само се стремат тоа да го направат иако тоа можеби е и најглупавата работа на свет.Кога на пример тие се смејат на некоја шега што воопшто нема смисла,а ти си присилен да се смееш иако немаш волја за тоа?Дали поради овие причини добивате желба за ново друштво,односно луѓе кои навистина ви одговараат и како постапувате во вакви ситуации?

Биди среќен, знак дека си по паметен. Често знам да и кажам дека се родиле во вистинско време и вистинско место, ако се родеа на друго место најверојатно ќе беа нај глупите и нај досадните...
Лошо е да слушаш турбо-фолк музика да слушаш ласкања, пијанчења, селачење...

"Глупите луѓе ти прават да се чуствуваш глупаво" - Марјан Ѓорѓиевски
 
Малце е оф-топик али сериозно го цитираше Марјан Ѓорѓиевски, ванаби комедијантот од Битола? Тој Марјан? Сериозен си?
Те молам, биди ти поразличен од другите, зашто не сакам да видам никогаш повеќе цитат од него.
 
А да ја коментираше содржината на цитатот?
 
Не би сакал. верувај. Против правила на сите можни форуми би било, ако тоа го направам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom